Министрите за надворешни работи на Египет и на Русија, Набил Фахми и Сергеј Лавров. Извор: ИТАР-ТАСС.
Ова е втора посета на египетски емисари на Москва во последниве неколку месеци. Членовите на делегацијата се претставуваат како народни дипломати и влета дека нивната намера е „билатералните односи повторно да се подигнат на стратешко ниво, како што беа во советското време“.
„
„Муслимански браќа“ се залагаа за вооружен џихад во Сирија, но Египет сега во целост го поддржува ставот на Путин во врска со овој проблем. И на Каиро, исто така, му е потребен добар пријател.
Мухамед ал Ораби, поранешен министер за надворешни работи на Египет.
Конкретна цел на посетата беше подготовка на теренот за претстојните преговори во Каиро во формат „два плус два“, кои ќе ги водат шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и министерот за одбрана Сергеј Шојгу со своите колеги Набил Фахми и Абдел Фатах ал Сиси. Во состав на делегацијата се и членовите на преодната влада на Египет по „јануарската револуција“, а меѓу нив има и претставници на партијата на поранешниот командант на военото воздухопловство Ахмед Шафик. Тие во Москва имаа низа средби, меѓу кои и со Михаил Богданович и со Михаил Маргелов, специјални претставници на претседателот на РФ за Блискиот Исток и за Африка.
„
Каиро ветува дека ќе лобира за интересите на Русија на Блискиот Исток и дека дури е подготвен на неговата територија да бидат стационирани „објекти наклонети кон Москва“.
Гостите предлагаат Русија „повторно да ја преземе водечката улога на Блискиот Исток“. „Каиро многу го цени фактот што претседателот Путин ја поддржал резолуцијата од 30 јуни“, изјави Ахмед ал Фадали, член на раководството на партијата „Ал Истиклал“, иако претседателот на Руската Федерација никогаш не даде изјава која би можела да биде протолкувана како непосредна поддршка на најновиот воен пуч во Египет. „Русија има свои интереси во овој регион, потребен ѝ е нов пријател и силен сојузник. 'Муслимански браќа' се залагаа за вооружен џихад во Сирија, но сега Египет во целост го поддржува ставот на Путин во врска со овој проблем. Изјавуваме дека конфликтот треба да биде регулиран по политички пат и ја чекаме конференцијата Женева-2. И на Каиро, исто така, му е потребен добар пријател. Се надеваме дека Москва ќе ни помогне да го издржиме притисокот што врз нас го врши Западот“, рече Мухамед ал Ораби, поранешен министер за надворешни работи на Египет.
САД во октомври објавија дека воената помош за Египет, која секоја година изнесуваше околу 1.4 милијарди долари, сега ќе биде значително помала. На Каиро нема да ми бидат испорачани хеликоптерите „Апачи“ во вредност од над 500 милиони долари, како и партијата ловци F-16, противобродски ракети Харпун, резервни делови за тенкови и финансиска помош од 250 милиони долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче