До кога Таџикистан ќе се тргува?

Претседателите на Таџикистан и на Русија, Емомали Рахмон и Владимир Путин. И покрај обидите за „дипломатска трговија“, стручњаците не очекуваат остри геополитички осцилации од страна на Таџикистан. Извор: Росијскаја газета.

Претседателите на Таџикистан и на Русија, Емомали Рахмон и Владимир Путин. И покрај обидите за „дипломатска трговија“, стручњаците не очекуваат остри геополитички осцилации од страна на Таџикистан. Извор: Росијскаја газета.

Во Таџикистан минатата недела беа одржани претседателски избори. Не се случи никаква сензација. Победи актуелниот претседател Емомали Рахмон. За него гласаа 83.6% од гласачите (одѕивот беше 86.6%). Стручњаците сметаат дека државата и понатаму ќе се движи во насоката што Емомали Рахмон ја држеше во последниве десет години. Тоа значи дека следната година ќе биде мошне тешка како за Рахмон, така и за земјата.

Целосниот економски колапс во Таџикистан и нестабилноста во соседен Авганистан, од каде следната година ќе замине еден дел од војската на САД, би можеле да доведат до внатрешни потреси во самата република. Со цел одржување на ситуацијата под контрола Рахмон се обидува да спроведува повеќевекторска надворешна политика, сметајќи на тоа дека во краен случај помошта ќе стаса отстрана. Во овој контекст Душанбе секогаш мисли на Русија, на Кина, САД, Иран, ЕУ и во помала мера на Турција.

Обидите на Таџикистан да се преориентира кон Иран со создавање сојуз на три персискојазични држави (Таџикистан – Иран – Авганистан) не вродија со плод.

Аждар Куртов, РИСИ

Односите на оваа поранешна советска република со Русија имаат двоен карактер, иако се смета дека Таџикистан е еден од нејзините главни сојузници во регионот. На територијата на оваа држава е сместена 201 руска воена база, која, во согласност со важечката спогодба, ќе се наоѓа таму до 2042 година. Сепак, парламентот, кој е под контрола на Рахмон, ја растегна ратификацијата на договорот на цела година, постојано обидувајќи се да извлече различни повластици од Русија.

„Тргувањето“ е својствено за политиката на Душанбе практично во сите аспекти. На пример, Рахмон вети дека ќе го изнајми воениот аеродром „Ајни“ во близина на престолнината на Таџикистан и на Русија, и на САД, и на Индија. Сиве овие три држави се заинтересирани за овој објект. Но, „повеќевекторската“ политика на претседателот толку ја замрси ситуацијата што сега потенцијалните закупци чекаат да се намали апетитот на сопственикот на аеродромот „Ајни“. 

Според податоците на имиграциските служби во РФ се наоѓаат над 1.2 милиони државјани на Таџикистан, кои само годинава извршиле трансфер од 3.5 милијарди долари во својата татковина.

Ситуацијата со аеродромот „Ајни“ покажува дека во обидите да се добие што повеќе, Душанбе поради својата превртливост и склоност кон ревидирање на надворешните спогодби може да остане со празни раце. „Рахмон ќе бара повластици во врска со испораката на вооружувањето на тој начин што ќе ја поврзе со базата, алудирајќи дека условите за нејзина дислокација можат да бидат ревидирани. Ратификацијата на спогодбата за Таџикистан не значи затворање на темата“, смета стручњакот од Рускиот институт за стратешки истражувања (РИСИ) Аждар Куртов.

„Тргувањето“ е својствено за политиката на Душанбе практично во сите аспекти. На пример, Рахмон вети дека ќе го изнајми воениот аеродром „Ајни“ во близина на престолнината на Таџикистан и на Русија, и на САД, и на Индија.

Во замена за ратификацијата на спогодбата за базата, Москва се обврза на проширување на програмата за бесплатна обука во руските високи воени школи за државјаните на Таџикистан и отстапување на вооружувањето во вредност од 200 милиони долари. Освен тоа Москва го продолжи рокот на дозволата за работа во Русија за државјаните на Таџикистан на три години. Ова прашање е мошне актуелно за Душанбе – според податоците на имиграциските служби во РФ се наоѓаат над 1.2 милиони државјани на Таџикистан, кои само годинава извршиле трансфер од 3.5 милијарди долари во својата татковина.

Но, дури и толку опасната зависност на Москва не ја убива волјата на Душанбе за демонстрирање активности во односите со други земји. На пример, до неодамна се чинеше дека САД му посветува големо внимание на Таџикистан. САД и НАТО извесно време ја разгледуваа варијантата за повлекување на единиците од Авганистан преку Таџикистан. Сепак, условите на Пакистан во врска со ова прашање беа многу поповолни за Западот.

Ваквото однесување повремено ги наведува стручњаците да заклучат дека Таџикистан бега од влијанието на Русија и дека се преместува во „интересното подрачје“ на Кина, или на Индија, или на Иран, па дури и на САД.

Раководителот на секторот за економски развој на постсоветските држави при Институтот за економија Елена Кузмина, изјавува дека токму Кина во последниве две години стана главен трговски партнер и инвеститор во Таџикистан. Русија е дури на второто место. Кинеските инвестиции сочинуваат 40% од вкупниот обем на инвестиции во таџикистанската економија, а во 2012 година остварен е стоков промет во вредност од 2.3 милиони долари. Освен тоа, Кина издвојува грантови за реализација на инфраструктурни проекти. Со поддршка на Кина во Таџикистан се реализирани големи проекти во сферата на енергетиката и на комуникациите.

„Сепак, не постои основа за да се тврди дека Таџикистан се оддалечува од Русија“, смета Елена Кузмина. Москва и Душанбе продолжуваат да соработуваат во многу сфери. Според мислењето на Кузмина, поточно би било доколку би се кажало дека Таџикистан ја проширил сферата на своите економски интереси, и дека во иднина ќе се обиде да ја прошири и да ја диверзификува соработката со различни земји.

Стручњакот од РИСИ Аждар Куртов исто така смета дека во Таџикистан нема да има остри геополитички осцилации. „Републиката нема гас и нафта, а ископувањето на други енергенси е скапо поради планинскиот релјеф. Географската положба не дозволува реализација на големи градежни потфати, да кажеме систем сообраќајници, во кои Таџикистан полага големи надежи. Обидот на Таџикистан да се преориентира кон Иран со создавање сојуз на три персискојазични држави (Таџикистан – Иран – Авганистан) не вродија со плод“, заклучува Куртов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња