„Шестката“ го користи рускиот приод во преговорите со Иран

Лавров: Работата ќе се води врз основа на принципите на етапност и на заемност. Извор: Reuters

Лавров: Работата ќе се води врз основа на принципите на етапност и на заемност. Извор: Reuters

Лавров ги одобри залагањата на Кери на преговорите во Женева.

Во основата на дијалогот на „шестката“ меѓународни посредници и Иран е принципот на етапност, кој го предлага и го промовира Русија. Без оглед на неуспехот на средбата што беше одржана во Женева, страните го сочуваа „конструктивното расположение“ и дијалогот продолжува на ниво на политички претставници, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Тој особено забележа дека во текот на дискусијата лидерска улога имала американската делегација, која промовирала приоди што се прифатливи за Иран.

„Беше донесено решение да се продолжи со преговорите, тоа ќе го прават политичките претставници. Министрите се согласија со тоа, и ова заедничко мислење на членовите на групата 3+3 и министерот за надворешни работи на Иран, дека работата ќе се води врз основа на принципите на етапност и на заемност. Овој е принцип кој руската страна подолго време го промовира. Сега тој конечно е земен како основа за работата која ќе се води при подготовката на заедничкиот документ на групата 3+3 и Иран“, изјави за РИА Новости Лавров.

Во блиска иднина ќе биде објавен нов датум за средба на политичко ниво.

Сергеј Лавров

„Сакам да ја потенцирам лидерската улога што ја имаше делегацијата на САД на чело со Џон Кери во врска со промовирање на приодите кои беа прифатливи за Иран“, го цитира Лавров новинската агенција Интерфакс.

 

„Се разбира, не успеавме да се договориме во врска со сите детали, но расположението за конструктивна работа постои кај сите. Во блиска иднина ќе биде објавен нов датум за средба на политичко ниво, кога веќе ќе започне да се работи на заедничкиот документ“, додава министерот.

Следната рунда преговори меѓу Иран и „шестката“ (пет земји постојани членови на ОН плус Германија) за нуклеарната програма на Техеран треба да се одржи во Женева на 20 ноември, изјави во неделата координаторот на „шестката“, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност Кетрин Ештон.

Државниот секретар Џон Кери смета дека спогодбата со Иран може да се потпише „во текот на неделата“.

Тридневните преговори, и покрај очекувањата од страна на медиумите, не завршија со потпишување спогодба. Но, дипломатите се оптимистички расположени. На пример, државниот секретар Џон Кери смета дека спогодбата со Иран може да се потпише „во текот на неделата“ и затоа реши да не одолговлекува со понатамошни преговори.

„Министерот (за надворешни работи на Иран Џавад) Зариф и јас одново ќе ги собереме иранскиот преговарачки тим и политичките претставници на „шестката“ тука на 20 ноември. – изјавува Ештон за ИТАР-ТАСС. – Вечерва имавме долга средба со министрите од „шестката“ по тридневните интензивни и конкретни преговори... Беше постигнат голем конкретен напредок, но сепак постојат определени несогласувања... Наша цел е да дојдеме до спогодба и токму за тоа и ќе се вратиме“.

ИТАР-ТАСС во коментарите за резултатите од преговорите подвлекува дека оперативноста со која страните се договориле одново да се сретнат – за само три недели – е беспрецедентна за ваквиот формат на дискусии, особено ако се има предвид дека понекогаш преговорите беа со пауза од повеќе од една година

Комбиниран извештај според материјалите на Газета.ру и Newsru.com

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња