Турција сака да добие руски гас по пониски цени

Турција се надева и на зголемување на количините гас кои ги добива.

Турција се обрати до Русија со молба за попуст за гасот кој се испорачува во земјата, изјави шефот на министерството за енергетика на Турција Танер Јулдиц, а пренесува РИА Новости.

 

„Ние побаравме попуст од руската страна и во овој момент тоа барање се разгледува“, изјави тој по заседанието на руско-турската меѓувладина комисија.

Од друга страна, министерот за енергетика на Русија Александар Новак изјави дека страните се заинтересирани за зголемување на испораките гас  во Турција за 3 милијарди кубни метри годишно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња