Руските стручњаци сметаат дека шпионските скандали на американските тајни служби влијаат на тоа да се утврдат нови правила во меѓународното право во областа на информатиката. Извор: Reuters.
„Западните медиуми се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста од сериозните проблеми помеѓу Европа и САД со објавување приказни за наводно прислушување од страна на руските тајни служби“, соопшти портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков. Стручњаците истакнуваат дека постапките на американските разузнавачки служби не се никакво изненадување за Москва и дека таа веќе одамна презема неопходни заштитни мерки.
„Не ни е познато од каде потекнуваат тие информации, но е јасно дека тоа не е ништо друго освен обид да се сврти вниманието од очевидните проблеми кои ги тресат односите на европските престолнини со Вашингтон и тоа да се пренасочи кон таканаречени ефемерни, непостоечки проблеми“, истакна Песков.
„
САД отсекогаш се истакнувале со тоа дека првенствено воделе сметка за своите национални интереси, а дури потоа за нормите на меѓународното право.
Павел Золотарјов, Институт за САД и Канада РАН
На ваков начин Песков ги прокоментира наводите на италијанскиот весник „Кориере дела сера“ дека подароците (УСВ мемориски модул и полнач за мобилни телефони) кои ги добиле членовите на странските делегации на самитот Г-20 во Санкт Петербург биле наменети за собирање информации.
Според извештаите на овој весник, претседателот на Европскиот совет Херамн ван Ромпуј по самитот побарал од припадник на безбедносните служби да ги провери подароците. Германската разузнавачка служба извршила проверка и, според наводите на весникот, резултатите „биле позитивни“. Експерти за безбедност потврдуваат дека УСБ мемориските модули и модифицираните полначи можат да се користат за симнување податоци од компјутер или од телефон, но безбедносните служби се свесни за тоа и на тоа секогаш ги предупредуваат оние кои располагаат со доверливи податоци и документи.
Во врска со тоа, аналитичарите забележуваат дека ова е веќе втор обид на западните медиуми да предизвикаат сензација поврзани со руските тајни служби. Првиот беше извештајот за сомнежите на ФБИ врз раководителот на рускиот културен центар во Вашингтон. Стручњаците укажуваат на тоа дека сите обвинувања на смета на Москва се пласираат во екот на светскиот скандал, кога по бегството на Едвард Сноуден во Русија се дозна дека Американците ги прислушуваат сопствените сојузници.
„
Ова е веќе втор обид на западните медиуми да предизвикаат сензација поврзани со руските тајни служби.
„ САД отсекогаш се истакнувале со тоа дека првенствено воделе сметка за своите национални интереси, а дури потоа за нормите на меѓународното право, а за етиката и да не зборуваме“, коментира за електронското издание на „Правда.Ru“ заменик-директорот на Институтот за САД и Канада при Руската академија на науките Павел Золотарјов.
„Овој скандал нема да ги влоши сојузничките односи, но во секој случај ќе влијае на тоа да се утврдат нови правила во меѓународното право во областа на информатиката. Американците отсекогаш биле против изработка на такви документи зашто тоа би можело да значи крај на нивната севласт на Интернет. Но, по ова, изгледа, ќе мораат да се согласат на отстапки“, смета Золотарјов.
Интересно е тоа што Русија, за разлика од други земји, прилично воздржано изреагира на предупредувањата на Сноуден. Рускиот претседател Владимир Путин во врска со ова прашање изјави: „Тоа што сојузниците се прислушуваат едни со други не е наша работа. Нека прават што сакаат. Колку што сфатив, овие информации доаѓаат од господинот Сноуден. Во нив нема ништо за обиди за прислушување на руски официјални претставници. Иако, не ја исклучувам и таа можност. Веќе имавме докази за тоа и претходно.“
Генерал-мајорот на Федералната служба за безбедност на РФ во пензија Евгениј Лобачов за изданието на „Правда.Ru“ изјави дека Русија се погрижила за заштита на своите мрежи уште во времето на операцијата на НАТО во Југославија, кога Американците поради безбедност на своите авиони исклучија неколку вида комуникации, и во таа пригода целосно ја исклучија Украина.
„Имаме толку силни криптографски видови врски што Американците сè уште не можат да допрат до нашите најважни извори. За жал, не сме во можност сите наши корисници да ги покриеме со таков систем, но она што е потребно да го заштитиме, го заштитуваме“, истакнува Лобачов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче