Необична глетка за околината на Москва: низ дворот трчаат кози и кокошки, а црвенобрадиот селанец во старинска кошула и кожни чизми се обидува да запали оган. Дмитриј Виноградов / РИА Новости
Гаџети од 9 век
Ден пред почетокот на експериментот Павел ги трга современите работи што во следната половина година нема да ги користи. Ги пакува Ајпадот и Ајфонот, селотејпот и кибритот... Наместо сите овие работи, Павел со себе „во минатото“ ќе ги земе средновековните алатки: кремен и огнило со кои ќе пали оган, тока, чешел со кој, како што тврди Павел, можат да се исчешлаат вошки, точило, старински ножици со пружина, парче восок со кое ќе го подмачкува конецот (оти така при шиењето подобро минува низ кожата) и „секирата како најважна алатка“. „Со секирата може да се направи сѐ што треба, а ако не можете, секирата ќе ви послужи со неа да ги направите сите неопходни алатки“, објаснува Павел.
„Многу предмети не се менувале со векови“, вели Павел, восхитувајќи ѝ се на секирата. „Нашите предци пронашле оптимална форма“. Сите средновековни „гаџети“, освен секирата, Павел ги ниже на кожен појас со кој се опашува, оти тогаш сѐ уште не постоеле џебови.
Време е да се запали огнот. Павел зема кремен, огнило и стара крпа, која ќе послужи како трат. Би требало да пламне од првата искра. Долго го трие каменот од огнилото, но трутот никако да се запали. Кришум го пали со запалка. Уште денес може така „да се извлече“, но веќе утре нема да ја има запалката.
Живот без пченка, компир и домат
„
Тој може да лови зајаци и лисици во околните шуми, но само со помош на стапица, како во средниот век.
Средновековната куќа, реконструирана според археолошките ископини, се наоѓа на само 45 километри од Москва, покрај прометниот Јарославски автопат. Необична глетка за околината на Москва: низ дворот трчаат кози и кокошки, а црвенобрадиот селанец во старинска кошула и кожни чизми се обидува да запали оган.
Тоа е Павел Сапожников, главниот учесник во експериментот. Тој ќе помине половина година сам на новгородскиот имот од 9 век, реконструиран според археолошките ископини, на менито ќе има храна што се јадела пред илјада години, и ќе мора да ја преживее руската зима без централно греење.
Во центарот на имотот се наоѓа долга куќа со три простории. Во средината е просторијата во која ќе живее Павел. Во неа има мала печка и клупа прекриена со кожа од животни наместо кревет. На плафонот виси сушена риба и печурки, а во аголот се наоѓа каца со кљуква и со сланина. Во собата се чувствува остар мирис на риба, но организаторите на експериментот велат дека таа треба да стои на топло. Тука е и амбарот полн со различни житарки што им биле познати на Европејците во 9 век. Нема пченка, зашто неа ја донел Колумбо кога ја открил Америка, а тоа се цели 500 години подоцна.
Последната собичка во куќата служи како кокошарник и обор за кози. Организаторите на експериментот на Сапожников му обезбедиле продукти и живина за определено време. Тој, исто така, може да лови зајаци и лисици во околните шуми, но само со помош на стапица, како во средниот век.
„Нѐ интересираше како може човек да ги преживее есента и зимата, годишните времиња во кои храната е оскудна, а денот е кус“, објаснува иницијаторот на проектот Алексеј Овчаренко. Проектот ќе трае до 22 март, кога според словенскиот календар настапува рамноденицата и започнува новата година.
Но, Павел не се плаши од студенилото, туку од „гладот за информации“: животот без книги, без весници и без Интернет.
Како да преживее козата без мешана храна
„
Време е да се запали огнот. Павел зема кремен, огнило и стара крпа, која ќе послужи како трат. Би требало да пламне од првата искра. Долго го трие каменот од огнилото, но трутот никако да се запали. Кришум го пали со запалка. Уште денес може така „да се извлече“, но веќе утре нема да ја има запалката.
Организаторите на експериментот ќе го следат не само однесувањето на Павел Сапожников туку и состојбата на неговите кожни обувки. Една од задачите е да се провери издржливоста на средновековните обувки. Проектот е поврзан со експерименталната археологија. „Сакаме да провериме низа дребулии од секојдневниот живот: колку често мора да се крпат волнените чорапи, колку скии и ножеви се потребни, колку е издржлив покривот со животински кожи“, објаснува иницијаторот на проектот.
Во рамките на проектот ќе бидат набљудувани и домашните животни. Кога беа доведени на имотот, козите давале по литар и пол млеко дневно. Сега, кога повеќе не добиваат мешана храна (концентрат) и антибиотици, даваат двојно помалку млеко. „Сакаме да провериме колку ќе се промени количеството на млеко кај козата и големината на кокошкините јајца. Дали козите и кокошките во следната генерација ќе бидат поситни? Како на нив ќе влијае пасењето и отсуството на хемија во исхраната?“, вели Овчаренко.
Експериментот има и социолошки аспект. Организаторите сакаат да утврдат како му влијае осаменичкиот живот на човекот. „Павел намерно го 'испративме во минатото' сам. Одвојувањето од современите реалии и понирањето во минатото така ќе бидат поефектни“, објаснува Овчаренко. „Доколку би имал соговорник, неминовно би се допреле некои современи теми.“
Логично продолжение на реконструкцијата
Павел не е факултетски образован. Завршил четири години медицински факултет (потесна специјалност – давање прва помош за време на незгоди и катастрофи), а потоа го напуштил и ѝ се посветил на историска реконструкција, која станала негово занимање. Најблиските го поддржуваат во тоа. Неговата свршеница Ирина му помага да го среди имотот. Вели дека и таа била подготвена да му се придружи, но организаторите на експериментот решиле поинаку.
„
Во рамките на проектот ќе бидат набљудувани и домашните животни. Кога беа доведени на имотот, козите давале по литар и пол млеко дневно. Сега, кога повеќе не добиваат мешана храна (концентрат) и антибиотици, даваат двојно помалку млеко.
„Тој самиот го избира својот пат. Тука е посигурно отколку во Москва, иако не се сложувам со неговата одлука вака да потроши половина година од својот живот. На крајот на краиштата, човек секогаш може да се образува и да направи кариера“, вели мајката на Павел, која исто така се вика Ирина. Не се плаши од тоа што нејзиниот син „во цутот на младоста“ се осудува себеси на доброволно заробеништво.
Со оглед на тоа дека експериментот е тежок, психофизичката состојба на Павел ќе се следи. Зад оградата на имотот ќе го набљудува личност што ќе го опишува неговиот секојдневен живот, но нема да смее да контактира со Павел. Еднаш месечно ќе биде организиран ден за посета. Тогаш ќе доаѓаат лекар и психолог, кои ќе ја оценуваат психофизичката состојба на Павел, а исто така ќе можат да го посетат и членовите на неговото семејство и роднините. Во меѓувреме, тие ќе можат да се информираат за неговиот живот преку блогот што ќе го пишуваат „набљудувачите на секидневноста на Павел“ од експерименталниот тим. За овој необичен експеримент ќе биде снимен и филм, чиј главен јунак ќе биде самиот Павел Сапожников. Според организаторот, експериментот чини околу 2 милиони рубли (62 илјади американски долари).
Рускиот текст на сајтот на РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче