Мегаполисите стануваат попаметни

Извор: Александар Кожохин / РИА Новости

Извор: Александар Кожохин / РИА Новости

Претседателот на компанијата Nikken Sekkei Мицуо Накамура ја посети Москва. Дали посетата ќе помогне за промена на главниот град?

Животот на жителите на најголемиот руски град незапирливо станува неподнослив: по улиците има сè повеќе автомобили и асфалтот не им е доволен; просторот за маневрирање на градските служби сè повеќе се намалува и има недостаток на ресурси. Метежот на градските артерии не е слика само во пикот, туку речиси деноноќно . Толку ли е безнадежна ситуација? Никако,  дури и сè може да се промени, доколку тоа е направено мудро.

И така, експертите од конзорциумот Smart City Planning и дизајн-бирото Nikken Sekkei , заедно со руската градежна компанија „Северо- Запад Инвест“ , планираат да изградат од нула „Нов брег“ - прв „паметен град“во Русија.

Веќе не само Москва и градовите со повеќе од еден милион жители, туку и некои регионални центри се задушуваат од километарскиот метеж.

- Денешна Москва потсетува Токио од седумдесеттите години од минатиот век - раскажува Мицуо Накамура. - Тука е исто толку тесно, како што беше кај нас своевремено. Тогаш градските власти најавија: еве ви една не многу голема индустриска зона, обидете се да ја преобразите. И откако концептот на „паметни град“ ги оправда очекувањата, во 1998 година властите во Токио усвоија закон за поттикнување на полицентричното просторно развивање на градот, кој ги дефинира основните насоки за поместување на градските функции од центарот кон периферијата. Токио започна да се преуредува - постепено, регион по регион .

- Реализацијата на руските градови во „паметни миниполиси“ ќе реши многу од проблемите на градот - уверува Мицуо Накамура. - Особено создавањето на информациски системи ќе овозможи квартовите на градот да се обединат во нешто како екосистеми, што ќе доведе до подобра распределба на комуналните услуги помеѓу зградите. Секој жител на градот ќе може да ја контролира својата потрошувачка на струја, вода и други комунални услуги, споредувајќи ги со пресметковните просечни вредности и намалувајќи ги непотребните трошоци.

Засега најважно за Русите останува решавањето на проблемите поврзани со транспортот. Веќе не само Москва и градовите со повеќе од еден милион жители, туку и некои регионални центри се задушуваат од километарскиот метеж.

Светското искуство го нуди следниов излез: реформа на постојната патна мрежа, пренос на прашањето за координација на комуникациите кон електронски интелектуални системи, воведување на автоматизирано управување со сообраќајот.

Не може да се каже дека московските власти се рамнодушни кон понатамошното создавање на „паметна Москва“. Побргу е спротивно - во последниве две години за решавање на проблемите со транспортот се доделуваат износи споредливи со буџетот на еден средно голем руски град.

Наскоро ќе биде пуштен во употреба интелигентниот систем за управување на сообраќајот, кој веќе функционира во големите градови во Европа и во Азија.

По иницијатива на градоначалникот Сергеј Собјанин на централните улици на пример се појавија ленти, определени само за јавниот превоз, воведен е систем за автоматско управување на движењето „Start“ и автоматизиран систем за управување на сообраќајот на третата обиколница. Во Москва се монтирани 750 фото и видеокамери за регистрирање на прекршоците.

Наскоро ќе биде пуштен во употреба интелигентниот систем за управување на сообраќајот, кој веќе функционира во големите градови во Европа и во Азија. Властите имаат големи надежи и во глобалниот навигациски сателитски систем - во околу 8 илјади автобуси и тролејбуси ќе бидат монтирани сензори, со што ќе се овозможи создавање на единствен диспечерски центар, кој ќе ги собира сите информации за движењето на градскиот превоз.

- Ако го погледнеме јапонското искуство - вели Мицуо Накамура – ќе мора да признаеме дека сами по себе автоматизираните системи за управување не би ги решиле проблемите во Токио. Електрониката не е единствената што спаси јапонската престолнина, туку и транспортните јазли на многу нивоа и широкопојасните автопати, благодарение на кои многу градски институции и канцеларии беа префрлени во предградијата. Во овој случај, сепак, е многу важно да се знае дека реализацијата на програмата за изградба на нови патишта е многу долг процес, кој во Токио трае повеќе од 20 години.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.