Џентлмен-волонтeр

Во Русија се појави нов вид волонтерство. Извор: Getty Images

Во Русија се појави нов вид волонтерство. Извор: Getty Images

Во Русија се појави ново движење наречено „Брат за сестра“. Момчињата сосема бесплатно ги испраќаат навечер девојките до нивните куќи. Само ги испраќаат, значи, нема никакво додворување или романтика.

Во Русија се појави ново движење наречено „Брат за сестра“. Момчињата сосема бесплатно ги испраќаат навечер девојките до нивните куќи. Само ги испраќаат, значи, нема никакво додворување или романтика. 

 Момчињата, пак, за својата работа пишуваат со малку поголема резерва: „Задачите на нашата група е да се пречекаат, да се испратат во доцните часови, да се помогне во решавање на какви било прашања. Движењето нема политички и религиозен карактер и се основано исклучиво во врска со актуелноста на конкретниот проблем во општеството“.

Витезите на темните улици сепак често го слушаат прашањето „Зошто ви е потребно ова?“. А, исто така и одговорот „Сакате да се запознавате со девојки, нели?“. Денис на ова се насмевнува: „Во Русија постојат големи можности да се запознае жена. Би било глупаво да се троши толку време и толку сила на тоа.“

Секако, на улица опасност ги демнат и момчињата, и пензионерите. Но, постојат хулигани со кои во големиот град се среќаваат токму девојките: поднапиени момчиња кои сакаат да се запознаваат, насилници. А, девојките знаат за едно правило: ако одиш со машко, тешко дека некој ќе ти пријде, а ако оди сама или со другарка... Поради тоа задолжително со себе имаат спреј за очи, за кога се враќаат дома доцна навечер. Сега можат да се обратат и на волонтерското движење „Брат за сестра“.

Друштвото кое треба да ги штити девојките од ноќните ужаси е основано пред нешто повеќе од една година во Санкт Петербург. Неговиот основач, 29-годишниот Денис Шотиков тогаш живеел во едно предградие и им помагал на пријателите да изградат коњушница: Многу млади девојки доаѓаа да земаат часови по јавање“, вели Денис. „Не се чувствувавме пријатно кога заминуваа сами дома. Сакавме да ги испратиме. Веќе се имавме изнаслушано приказни за тоа со што се соочуваат девојките на улиците. Тогаш на ум ни падна идеја како да им помогнеме. А, со оглед на тоа дека во нашата коњушница владее семејна атмосфера, називот 'Брат за сестра' се појави сам по себе“.

Денис на социјалната мрежа „Вконтакте“ отворил група со истоимен назив и им предложил на младите луѓе да се приклучат во редовите на „браќата“, а на „сестрите“ да кажат слободно кога и каде им е потребна помош. Не е едноставно да се влезе во братството. Да кажеме, Денис лично се среќава со секој кандидат, ги запишува нивните податоци од личната карта. „Како организатор морам да бидам одговорен за секој свој човек“. Сега во Санкт Петербург има десетици вакви волонтери – од 16 до 40 години. Денис морал да одбие само еден кандидат, 14-годишен ученик, кому мајката не му дозволила да се приклучи на друштвото.

Cекако, на улица опасност ги демнат и момчињата, и пензионерите. Но, постојат хулигани со кои во големиот град се среќаваат токму девојките: поднапиени момчиња кои сакаат да се запознаваат, насилници. А, девојките знаат за едно правило: ако одиш со машко, тешко дека некој ќе ти пријде, а ако оди сама или со другарка... Поради тоа задолжително со себе имаат спреј за очи, за кога се враќаат дома доцна навечер. Сега можат да се обратат и на волонтерското движење „Брат за сестра“.

Набргу и останатите на социјалните мрежи почнале да го следат овој пример. Слични групи се отвориле во дваесеттина руски градови. Во Челјабинск, каде бројот на „браќата“ надминал сто, дури и проверуваат дали кандидатите биле казнувани. „Секој доброволец минува низ најмалку три разговори“, вели координаторот на челјабинската група, 19-годишниот студент Даниил Купријанов. „Задолжително правиме фотокопија од личната карта на нашите кандидати кои се чуваат во полиција. Меѓу нашите доброволци има соработници на полицијата, кои ги проверуваат податоците на кандидатите“. Се проверува и нивото на спортска подготвеност, „братот“ не смее да уши, да пие и да пцуе.

Во челјабинското друштво дневно пристигнуваат десетина барања. Освен веќе стандардното „Ве молам да ме испратите вечерва“, се бара и конкретна заштита: „Поранешното момче ми се заканува, помогнете ми“. Се чини дека тоа е голем проблем. Низ целата држава девојките имаат проблем со лутите поранешни мажи и момчиња кои ги следат, ги тепаат, па дури и им се закануваат дека ќе ги убијат. Челјабинските волонтери биле принудени неколкупати да ги спасуваат жените од нивните поранешни љубови. Обично вреваџиите брзо се смируваат кога ќе видат дека девојките покрај себе имаат некој што ги штити.

Разговорите со ваквите граѓани по правило изискуваат добра физичка подготвеност, па затоа доброволците поминуваат многу време во спортските сали. Да кажеме, челјабинското друштво има бесплатен влез во сала, а имаат и тренер кој ги обучува на боречки вештини. Сопствениците на една бензинска пумпа, кога дознале дека „браќата“ ги развезуваат девојките по дома и дека возат по особено опасни населби, им предложиле бесплатно да полнат бензин во колите на „дежурната екипа“.

Но, витезите на темните улици сепак често го слушаат прашањето „Зошто ви е потребно ова?“. А, исто така и одговорот „Сакате да се запознавате со девојки, нели?“. Денис на ова се насмевнува: „Во Русија постојат големи можности да се запознае жена. Би било глупаво да се троши толку време и толку сила на тоа. На крајот на краиштата, јас сум оженет. А, пред сè ја прашав жена ми дали во нашиот град е потребна ваква организација“. Многу волонтери се оженети, но дури и на оние што се сами не им се препорачуваа да прифаќаат покани за чај.

Често се случува „браќата“ да бидат прашани дали знаат да поправат компјутер или штекер. Но, волонтерите не можат да ги усреќат сите. Затоа во групата стои известување: „Друг вид помош е можна само според желбата и можностите на доброволецот!“.

Денис допатувал во Санкт Петербург од Јакутија, од едно мало село. До денес го чуди рамнодушноста на жителите на мегаполисот. „На луѓето баш им е гајле. Ако се случи нешто, нема никаква смисла да се повика некој на помош. Ме шокираше кога ги видов металните врати на влезовите од зградите. Граѓаните мислат дека ќе се спасат ако се кријат. Но, сè дури во општеството нема единство и тежнеење еден на друг да си подадеме рака, и понатаму ќе останеме сами. Време е да се обединиме, да ги браниме послабите. Тоа сам не го можам!“

Денис смета дека тежнеењето да се биде војник е присутно кај поголемиот дел, ако не и кај сите, мажи. Само што некои тоа тежнеење го остваруваат дома, играјќи компјутерски игри: „ќе седнат, ќе возат тенкови, виртуелната татковина ја бранат од компјутерските непријатели, додека вистинските непријатели ги навредуваа нивните девојки, деца, мајки зад нивните врати. Зошто седат? Таквите јунаци не само што не можат да ги одбраната девојките, туку не можат да се одбранат ни себеси“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.