„Излегува дека постои радикална политичка активност онаму каде би требало да постои нормална. Ако не постои граѓанско општество, на негово место се појавува криминално. Извор: Reuters
Секретарот на рускиот претседател Дмитриј Пешков рече дека нередите во Бирјуљово се исклучиво московска работа и дека не може да се зборува за меѓунационален судир. Ова е злосторнички проблем. Навистина ли станува збор за локален проблем?
Оваа година тоа е веќе четврти таков судир. Од поголемите можеме да ги споменеме судирите во Саратов, во Екатеринбург, во Татарстан и сега во Бирјуљово. Оние помалите нема да ги споменуваме. Во Краснодарскиот крај речиси секој ден некој сака некого да избрка. Временските дистанци помеѓу ваквите судири се сè покуси. Значи, не може да се зборува дека ова е проблем само на еден град.
Се вели дека тоа е проблем со имиграцијата. Но, тоа не се објаснувања кои нудат сатисфакција, зашто анкетите покажуваат дека четири – пет пати е посилна ксенофобијата кон претставниците од руските региони, односно кон руските граѓани (луѓето кои имаат потекло од Северен Кавказ – Б. Г.). Луѓето што доаѓаат од Санкт Петербург имаат идентичен статус, но нив не ги нарекуваат имигранти. Значи, зборот имигрант денес претставува псевдоним за поширок круг „туѓин“ – етнички туѓин, религиозни туѓи.
Се чини дека власта не брза да признае дека постои судир кој настана по распадот на СССР.
Треба да се прави разлика меѓу различни видови судири. Во деведесеттите години од минатиот век постоеја едни, во двеилјадитите години други. Во деведесеттите години од минатиот век постоеја вертикални судири, значи не стануваше збор за етнички, туку поточно за судири меѓу субјектите на федерацијата со центарот за поголеми права, за поголема автономија или за поголема независност. Денес преовладуваат хоризонталните судири, односно оние меѓу различни групи луѓе, меѓу граѓани од различни националности и религии.
![]() |
Рускиот претседател Владимир Путин смета дека локалните и регионалните власти мораат да понесат одговорност за меѓунационалните судири |
Кога започна тој нов вид меѓуетнички судири?
На почетокот на минатата деценија се случи нов пресврт кој пред сè е побрзан со почетокот на развојот на руската етничка самосвест. Претходно имаше барања од етничките малцинства: Ингушите имаа барање до Осетите, Аварците до Даргинците итн. А, на почетокот на минатата деценија етничкото мнозинство започна да се чувствува порамноправно, па во значителен степен се активираше.
Постои и друг проблем кој не е етнички. Сосема е јасно дека се заострија цел сплет општествени и политички проблеми. Етничките и религиозните фобии по правило се позгоден, поедноставен и полесен начин на пренесување проблеми.
Излегува дека во основата настаните во московската населба Бирјуљово е во општествено-економското незадоволство, во незадоволството од работата на полицијата и во корупцијата?
Оваа појава нема една причина, не може да се сведе само на една. Ако порано можеше да се зборува дека етничките фобии ја поместуваат насоката од власта на другите субјекти, тогаш денес не може да се каже истото. Денес и едните и другите се виновни: и власта и „туѓите“ луѓе. Овој вид судири носи систематичен карактер, а сите тие се проследени со антивладини протести, барем на ниво на локалната и на регионалната власт.
Како во таква ситуација треба да се однесува дијаспората?
Мит е да се замислува ситуацијата на начин на кој таа може нешто радикално да измени. Како прво, дијаспора воопшто не е најдобар израз, зашто тој се однесува само на луѓето што живеат надвор од границите на својата држава. Не постои дијаспора за народите од Северен Кавказ, тие живеат во својата држава. Како второ, не станува збор за целата дијаспора, туку за некакви групации луѓе кои врз себе преземаат мисија да ја претставуваат целата заедница. Ние не знаеме дали тие ги претставуваат сите или не. По правило степенот на нивното влијание не е голем, тие не можат да ја изменат ситуацијата.
Тоа е всушност одраз на цел комплекс проблеми на системот кои не можат веднаш да бидат решени. Како дојденците ќе ги почитуваат законите кои не ги почитува локалното население? Тешко можеме да замислиме дека дојденците ќе бидат толерантни, ако локалното население не е толерантно.
Во СССР беше вообичаено да се негира постоењето етнички судири, иако во секојдневието тие постоеја.
Прикривањето на проблемите не може да биде излез од ситуацијата. Советскиот Сојуз ги прикриваше и на крајот се распадна. „Среќното“ општество, „среќната“ држава во која е сè премногу убаво се распадна за само неколку месеци! И тоа точно по линија на национални републики.
![]() |
Стотици уапсени за време на анти-емигрантските немири во Москва |
Како денес можат да се решат судирите на национална основа?
Тоа не е поединечен проблем, не може да се реши независно од другите проблеми. Не може да се реши без политичка соработка. Во Русија во некои градови на последните локални избори излегоа 12-15% од населението. А, кога се повикуваат да уништат магацини за овошје (немирите што настанаа по убиството на Егор Шчербаков во московската населба Бирјуљово), се обединуваат илјадници луѓе кои никогаш не излегуваат на избори. Односно, излегува дека постои радикална политичка активност онаму каде што би требало да постои нормална. Ако не постои граѓанско општество, ќе се појави криминално.
Дали е тоа знак на сè поголема криза во системот?
Во секој случај рускиот империјален систем се наоѓа во голема криза. Ако ваквите судири се случуваат во Москва кон луѓето од јужните региони, зарем тие луѓе, од своја страна, ќе молчат во своите региони? И таму постојат несакани имигранти, само што таму тоа се Русите. Нема никакви основи да се надеваме дека целата ситуација ќе се подобри.
Рускиот текст на сајтот на Bg.ru
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче