Путин го впери прстот кон локалните власти

Извор: Рамил Ситдиков / РИА Новости

Извор: Рамил Ситдиков / РИА Новости

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека локалните и регионалните власти мораат да понесат одговорност за меѓунационалните судири. Тие во целост можат да спречат секојдневните злосторства да не прераснат во националистички немири.

Владимир Путин во главниот град на Башкортостан, Уфа, раководеше со заседанието на Комитетот за меѓунационални односи. Тема на заседанието беше националната политика во Русија.

Убиството на етнички Русин, кое беше извршено од страна на еден работник емигрант, поттикна насилни протести во јужниот дел на Москва

Претседателот на државата потсети дека речиси пред една година беше утврдена стратегијата на државната национална политика, односно нејзиното финансирање. „Сепак засега работата поврзана со стратегијата се развива бавно: плановите за остварување на федералната Стратегија вклучуваат само девет региони од Руската Федерација. Ако се проанализира завршената работа, сликата на целокупната ситуација ќе стане уште подепресивна“, рече претседателот. Путин истакна дека потребните документи се прифатени во само 21 регион.

Претседателот на државата смета дека токму локалните власти можат да спречат меѓунационални судири како оној во Бирјуљово, една од московските населби. Да потсетиме дека вечерта на 10 октомври беше убиен 25-годишниот Егор Шчербаков. Тој застанал во одбрана на својата девојка со која сакал да се запознае маж со кавкаско потекло. За време на караницата непознатиот маж со нож му нанел смртоносна рана на Шчербаков. На 12 октомври, и покрај полициското присуство, се одржа спонтан митинг со барање убиецот да биде пронајден и да се затвори локалниот магацин за овошје. „Локалните управители често ѝ даваат предност на кабинетската работа од која нема некоја голема корист, особено ако не можеш да дојдеш до потребните управители. Да кажеме, во Бирјуљово незадоволството на жителите се трупало со години. Жителите се обраќале и во полицијата, и во локалната управа, и во управата на округот. Зошто е потребна власта, ако таа не сака да знае каква е ситуацијата на конкретно место, ако не презема никакви мери и не ги слуша луѓето? Сето тоа доведува до тешки судири, вклучувајќи и такви кои се засновуваат на национална и на религиозна основа, а кои доведуваат до обид тие да бидат решени на незаконски начин“, рече Путин. „И недопустлива е толеранцијата на незаконската работа на имигрантите кои го кршат законодавството, кои прават прекршоци“.

Што мислат Русите за нередите во Бирјуљово?

Претседателот рече дека веќе е потпишан закон за одговорност на локалните власти за отпочнување на судири. „Ваквите судири често се случуваат во секојдневието, па така, ако во нив се вовлечени луѓе од различни националности, веднаш се искористуваат од страна на екстремистичките, радикални заедници, поединци заради „надување“ на меѓуетничката напнатост и за постигнување на сопствени политички цели. А, средствата за масовно информирање, Интернет-заедницата често прифаќаат и извршуваат токму проширена национална верзија“, изјави претседателот на државата. Тој изрази увереност дека ваквите судири можат да бидат избегнати ако внимателно се слушаат граѓаните.

Путин потсети дека е основан научен центар кој се занимава со мониторинг на меѓунационалните односи на југот од Русија и во регионите на Приволшскиот округ. „Треба да се размисли за изработување на работнички карти, кои укажуваат на потребата на определени субјекти на Федерацијата за дополнителна работна сила, но главното внимание треба да се насочи кон прилагодувањето на имигрантите, односно да се создадат услови за тоа. Такви центри постојат во Тамбов и во Оренбург“, заклучи тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња