Башар ал Асад истакнува дека Западот јавно се определил за приврзаниците на „политичкиот ислам“, кој е призврзан за Ал Каеда, кои се главните протагонисти на 30-месечната војна во Сирија, и на умерените „световни националисти“, со кои тој е подготвен да бара заеднички јазик. Извор: Reuters.
Во Женева на 23 ноември треба да започне Меѓународната мировна конференција во Сирија. Ова во неделата го изјави шефот на Арапската лига Набил ел Араби, кој за ова прашање разговараше со специјалниот претставник на ОН и на Арапската лига Лихдар Брахими. Сепак, овој датум не е конечен.
Араби воопшто не е овластен да дава вакви изјави, тие се исклучиво во надлежност на ОН. Освен тоа, сè уште не е јасно кој ќе ја претставува сириската опозиција. И на крајот, Западот уште еднаш треба да се определи дали е подготвен да го поддржи „политичкиот ислам“ во судирот со Башар ал Асад, а тоа е, можеби, и главниот проблем.
Набил ел Араби пред новинарите нагласи дека „до почетокот на конференцијата... уште треба да се надминат мноштво препреки и да се направат низа подготвителни акции“. Специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија Лихдар Брахими од своја страна уште еднаш потсети дека „е невозможно да се одржи конференцијата без учество на опозицијата која го претставува мнозинството Сиријци кои ѝ се спротивставуваат на владата“. Според договорот помеѓу Москва и Вашингтон, САД врз себе ја презеле одговорноста да ја доведат опозицијата на преговори, но тоа не е лесно остварливо.
Главното прашање е кој ќе ги претставува противниците на Башар ал Асад на конференцијата „Женева-2“. Сега околу ова прашање се кршат копјата. Кризата во опозициското движење е очигледна, како во самата Сирија, така и во Националната коалиција на опозициски и револуционерни сили.
Единаесет исламистички групации во Сирија, од кои еден дел е близок до Ал Каеда, кој крајот на септември објави дека не го признава овластувањето на коалицијата и ги повика сите опозициски групации на обединување во рамките на исламизмот врз основа на шеријатскиот закон. Военото крило на коалицијата фактички остана без своите водечки членови, што значи дека нејзиното влијание на настаните во Сирија е сè послабо.
„
Главното прашање е кој ќе ги претставува противниците на Башар ал Асад на конференцијата „Женева-2“. Сега околу ова прашање се кршат копјата. Кризата во опозициското движење е очигледна, како во самата Сирија, така и во Националната коалиција на опозициски и револуционерни сили.
Од друга страна, во Сирија во тек се жестоки расправи меѓу различни групации исламисти, конкретно помеѓу групацијата „Исламска држава во Ирак и Леванта“ која се смета за огранок на Ал Каеда, и другите, умерени сили. Во исто време, како што неодамна соопшти британскиот „Индипенденс“, делегацијата на Слободната сириска армија од Алеп, , која исто така ја претставува вооружената опозиција, допатува во Дамаск, каде ја примија високи претставници на сегашното сириско раководство.
Очигледно е дека од сите овие разнолики групации воопшто не е лесно да се формира единствен фронт и „страна“ во преговорите.
Друга тешка задача што треба да ја решат САД е позицијата на Дамаск.
Како што во интервју за „Руска реч на македонски“ изјави амбасадорот на Сирија во Русија Ријад Хадад, џихадистичките групации „за нас не претставуваат една од страните во преговорите. Ние во процесот на преговори не сакаме да имаме работа со терористи... Ќе разговараме со таканаречената национална опозиција чии членови не држеле оружје во рацете и не убива и не колеа по нашата земја, односно со опозицијата која смета дека треба да се зачува интегритетот на земјата“.
На споменатите преговори со претставникот на Слободната сириска армија во Дамаск се разговараше за почеток на дијалог. Делегацијата постави четири услови: организирање на сириски национален дијалог, гаранција на неприкосновеност на имотот на сите учесници во конфликтот, прекинување и осуда не верските и на етничките судири во Сирија и заедничко работење на проектот за изградба на демократска Сирија со владеење на законот.
Важно е и тоа дека Дамаск се согласи на контакт со оние кои војуваа против него. Но, со своето спротивставување на џихадистите Башар ал Асад не очигледен начин го поттикнува понатамошниот раскол во опозицијата и консолидира свои приврзаници кои војуваат за него како лидер на световна држава, а не како за претставника на семејството Асад или како за алавитската елита.
И на крајот, Башар ал Асад го поттикнува Западот јавно се определил за приврзаниците на „политичкиот ислам“, кој е призврзан за Ал Каеда, кои се главните протагонисти на 30-месечната војна во Сирија, и на умерените „световни националисти“, со кои тој е подготвен да бара заеднички јазик. Ако Западот се определи за првата варијанта, тоа на Башар ал Асад му дава целосно право да не отпатува во Женева и да го обвини Западот и своите политички опоненти за неуспех на конференцијата. Но, таквиот избор за Западот би бил премногу егзотичен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче