Блумберг: Хакери од РФ се обиделе да добијат податоци за санкциите против Москва

Според агенцијата „Блумберг“, руски хакери сакале да добијат податоци за дискусиите по повод санкциите против Москва.

Руски хакери се обидувале да добијат податоци поврзани со разговорите меѓу САД и нивните сојузници за санкциите против Москва, тврди американската агенција „Блумберг“.  

Хакерите „искористиле претходно непознати дефекти во „Виндоус“ на „Мајкрософт“ и софтверот „Флеш“ на компанијата „Адоб Системи“ за да се обидат да добијат податоци за дискусиите по повод политиката на санкции“, пишува Блумберг.

Наведените кибернапади биле регистрирани на 13 април од американската компанија „ФајрАј“ (FireEye) која е специјализиран за компјутерска заштита. Нивната цел, наводно, била „владина установа на друга држава која имала консултации со САД за политиката на санкции“. Не се прецизира за која имено земја станува збор. Како што истакнува „Блумберг“, „нападот бил спречен пред групата да успее да добие некаква информација“.

Според информациите на агенцијата, зад кибернападот стои групата хакери кои се нарекуваат APT28. Групата, наводно, е базирана во Русија.

Официјалните претставници на Стејт департментот на САД, како и компаниите „Мајкрософт“ и „Адоб Системи“ засега не ги коментираа тврдењата на „Блумберг“ и „ФајрАј“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња