ФОТО: AP / РИА Новости
Сите нации се уникатни, се разбира, и во принцип, нивното чувство за дистинктивност не треба да нанесува штета на односите со другите нации. Сепак, во практика, националните уверувања за сопствената исклучителност мошне често доведуваат до чувство на расна супериорност или на културна ароганција што резултира со насилни и несакани последици.
„
Едностраното потенцирање на американската исклучителност секако дека не придонесува до зацврстување на Обединетите Нации и на други меѓународни институции.
Длабоката верба на Американците за исклучителноста на Соединетите Американски Држави не многу често доведува до определени решенија во врска со надворешната политика, туку и има тенденција да ја насочи надворешната политика на САД во три различни правци: кон одбивност на револуции странци со вжештени глави кои не можеле успешно да го емулираат примерот на претпоставената трезвена и умерена американска револуција; кој изолација од конфликти и корупција на морално и политички инфериорни нации; или кон амбициозни и скапи напори да ги преработи другите нации во согласност со сликата на Соединетите Американски Држави.
Оваа тенденција мошне често доведуваше до скапи медиумски презентации, емоционализам и однапред пресметани напади на руските лидери од страна на американските политичари, со што стана многу потешко за Вашингтон и за Москва да работат на заедничките интереси.
Особено во контекстот на штедење по скапите и разочарувачки искуства во Ирак и во Авганистан, американската исклучителност не се покажа како мошне опасна за светот. Сепак едностраното потенцирање на американската исклучителност секако дека не придонесува до зацврстување на Обединетите Нации и на други меѓународни институции.
Потребата на Американците за покажување на моралната супериорност на Соединетите Американски Држави доведе до зголемување на злото кај многу други нации. Почнувајќи од крајот на деветнаесеттиот век, Американците ја дефинираа исклучителноста на САД преку контрастирање со Русија, во нејзината царска, советска и постсоветска форма, многу повеќе отколку со која и да е друга нација.
Оваа тенденција мошне често доведуваше до скапи медиумски презентации, емоционализам и однапред пресметани напади на руските лидери од страна на американските политичари, со што стана многу потешко за Вашингтон и за Москва да работат на заедничките интереси.
„
Руските лидери ќе мора да се воздржат од реагирање на американските дисквалификации со провокативни изјави кои ги подгреваат американските чувства.
Русите, од друга страна, мошне често ја афирмираа својата морална супериорност со контрастирање со САД, на пример преку американскиот материјализам, расизмот и империјализмот. Тие исто така, заслепени од својата исклучителност, заборавија дека други нации (Куба, Етиопија итн.) ги следат своите уникатни примери. Сепак, по распаѓањето на Советскиот Сојуз, руските лидери беа ослободени од идеолошката заблуда и во дваесет и првиот век тие генерално се фокусираа исклучиво на руските национални интереси.
За да го искористат потенцијалот за соработка со Соединетите Американски Држави, руските лидери ќе мора да се воздржат од реагирање на американските дисквалификации со провокативни изјави кои ги подгреваат американските чувства.
Оригиналниот текст: http://russia-direct.org/content/american-exceptionalism-curse-or-boon
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче