Стотици уапсени за време на анти-емигрантските немири во Москва

Извор: ИТАР-ТАСС.

Извор: ИТАР-ТАСС.

Убиството на етнички Русин, кое наводно било извршени од страна на еден работник емигрант, поттикна насилни протести во јужниот дел на Москва.

Околу 300 демонстранти беа уапсени откако толпата од три илјади луѓе дивееше низ Бирјуљово, предградие во јужниот дел на Москва во неделата на 13 октомври, протестирајќи поради бавниот напредок во истрагата на убиството на 25-годишниото момче Игор Шчербаков, кое, наводно, било убиено од страна на еден работникот имигрант од Кавказ .

Убиството на Шчербаков, етнички Русин, предизвика етнички тензии во Москва, каде што проблемот на неконтролирана миграција од поранешните советски републики беше во фокусот на последната градоначалничка кампања.

Шчербаков беше прободен со нож во срцето во улична тепачка од странец кој, наводно, ја задевал неговата девојка додека тие двајцата се враќале дома од базен вечерта на 10 октомври.

На една надзорна камера во близина е снимено лицето на осомничениот убиец, но полицијата не успеаја да го идентификува и да го пронајде. 

Извор: РИА Новости.

Локалните жители веруваат дека осомничениот убиец на Шчербаков дошол од Кавказ и работи во продавница за храна во соседството.

Неколку стотици лица во саботата навечер и во неделата напладне се собраа пред полициската станица со барање полицијата да го пронајде убиецот и да биде поефикасна со злосторствата што го извршуваат емигрантите.

Шефот на локалната полициска станица изјави дека тие прават сè што е во нивна надлежност со цел убиецот да биде изведен пред лицето на правдата, но ветувањата не беа доволни за да ја смират насобраната толпа.

Во неделата навечер московската полиција беше ставена во целосна готовност, откако неколку стотици луѓе почнаа да дивеат во шопинг-центарот „Бирјуза“ во Бирјуљово, во која главно работат емигранти. Локалните жители, на кои им се приклучија членови на националистички групи, кршеа прозорци, запалија една продавница и превртеа еден камион на соседната улица.

Локалните жители, на кои им се приклучија членови на националистички групи, кршеа прозорци, запалија една продавница и превртеа еден камион на соседната улица.

Неколку десетици демонстранти беа уапсени, додека останатите се упатија кон локалниот магацин за зеленчук, каде живеат и работат емигранти. Толпата упадна во магацинот, кој беше затворен по вестите за демонстрациите.

„Смачено ни е од беззаконието во овој магацин“, изјави еден од демонстрантите за телевизиската станица „Дожд“, која во неделата вршеше директен пренос од Бирјуљово. „Тие доаѓаат тука и поставуваат свои правила“, рече тој за емигрантите.

Полицијата се обиде да ги растера демонстрантите со помош на гумени палки, но не успеа во обидот откако на толпата им се придружија фудбалски фанови од другите делови на Москва.

Апсењата продолжија до доцна во ноќта, додека демонстрантите превртуваа коли и киосци кои се во сопственост на имигранти.

Преговарањето со криминалци не доаѓа предвид!

Владимир Колокољцев, министер за внатрешни работи на РФ

Министерот за внатрешни работи на РФ Владимир Колокољцев за новинската агенција РИА Новости изјави дека иницијаторите и учесниците во немирите во Бирјуљово треба да бидат изведени пред лицето на правдата. „Преговарањето со криминалци не доаѓа предвид“, изјави тој.

Полицијата постави кордон околу Манежниот плоштад, кој се наоѓа во близина на Кремљ, каде во декември 2011 година националистите и фудбалските фанови го одржаа еден од најнасилните протести во историјата на современа Русија, по убиството на навивачот на фудбалскиот клуб Спартак од Москва Егор Свиридов од страна на група мажи со потекло од Северен Кавказ.

Во јули годинава во гратчето Пугачов, кое се наоѓа по течението на Волга, беа одржано анти-емигрантски протести, за време на кои локалните жители го блокираа федералниот автопат. Протестите беа организирани поради убиството на етнички Русин од страна на тинејџер од Чеченија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.