Дали е на повидок нова студена војна?

ФОТО:  Извор: Reuters

ФОТО: Извор: Reuters

Русија и САД се приближуваат кон нова студена војна. Според податоците на социолозите, ова е мислењето на половината руски и американски граѓани. Притоа од двете страни на Атлантикот се наведуваат различни причини кои им штетат на односите на овие две држави. Ако руските граѓани сосема го сменија своето позитивно видување на САД по шпионскиот скандал со Сноуден, Американците почнаа непријателски да гледаат на Русија откако Москва хо Спречи Вашингтон во бомбардирањето на Сирија. Љубовта од по паѓањето на железната завеса е завршена, сметаат стручњаците.

Бројот на руски жители кои веруваат дека помеѓу Москва и Вашингтон може да избувне нова студена војна, во последно време скокнала за 9 отсто. Според податоците на Сојузниот центар за проучување на јавното мислење 0.46% од анкетираните го допуштаат ваквото сценарио. Резултатите од мониторингот на останатите медиуми (Интернет-форумите, блоговите, live journal) се уште поуверени. Агенцијата за Социјални мрежи тврди дека 80% од политички активните корисници на Интернетот сметаат дека веројатно наскоро ќе се води студена војна со САД. Притоа нагласуваат дека бројот на позитивно расположените граѓани кон прекуокеанската држава речиси не е променет. Ова значи дека своите погледи ги искристализирале неопределените. И нивното мислење не е во корист на САД, објаснува директорот за комуникации на Сојузниот центар за проучување на јавното мислење Олга Каменчук.

Бројот на позитивно расположените руски граѓани кон САД речиси не е променет. Ова значи дека своите погледи ги искристализирале неопределените.

Помеѓу Русија и САД во последно време постоеја прилично многу несогласувања. Станува збор за случајот Сноуден, а особено за Сирија. Секако, тоа не донесе оптимизам во оценката на односите. Така, на пример, во случајот Сноуден, поголемиот дел руски граѓани сметаат дека ставот на Русија ќе ги влоши односите со САД. Сепак, 15% сметале дека нему не треба да му се дава азил. Истото се случува со Сирија. Руските граѓани гледаат дека тоа ги комплицира односите со Америка, но сепак се заложуваат за независен став на земјата во врска со ова прашање.

На американската страна наидуваме на слична ситуација. Според податоците на агенцијата Галуп (Агенција за социјални и маркетиншки истражувања), за првпат од 2000 година процентот на оние што ја сметаат Русија за непријател го надминал процентот на оние кои ја сметаат за сојузник. Но, ако падот на рејтингот на САД во очите на руските граѓани се совпадна со приказната за Едвард Сноуден, кој ги разниша методите на американската разузнавачка служба, Американците престанаа да ја сакаат Русија по успешните чекори на Москва во регулирањето на сириската криза.

Американците престанаа да ја сакаат Русија по успешните чекори на Москва во регулирањето на сириската криза.

Не станува збор за особени симпатии и антипатии на обичните граѓани на двете држави. „И во едната и во другата земја постојат граѓани кои популаризираат определена политика. Кога нема да излезе онака како што сакаат тие, тргнуваат во масовен напад на умовите со помош на медиумите“, вели политикологот, раководителот на интелектуалните истражувања на порталот Тера Америка, Кирил Бенедиктов.

Во САД, условно речено, постои партија на војната. А, во Русија ѝ се спротивставува група луѓе која е насочена кон независен пат на развојот во однос на западните центри, на излез на руската економија надвор од меѓународната контрола. Овој конфликт навистина може да стане претпоставка за нова студена војна. Згора на тоа, сега, додека не е истечен вториот претседателски мандат на Барак Обама, зборуваме само за претпоставки. Но, во случај во САД како претседател да дојде републиканец, кој е насочен кон конфронтација со Русија, ова семе на студена војна што е посеано сега, би можело многу брзо да никне. И тогаш, навистина би можеле да се најдеме во ситуација која е слична на онаа од шеесеттите и од седумдесеттите години на минатиот век.

Со други зборови, еуфоријата од деведесеттите години од минатиот век која започна во односите помеѓу Русите и Американците по падот на железната завеса, по распаѓањето на Советскиот Сојуз, по потпишувањето на Спогодбата за ограничување на стратешкото офанзивно вооружување поминува. Во прв план избиваат спротивставените погледи на Москва и Вашингтон за праведен светски поредок. Од граѓаните не се крие дека во последно време ракувањето на лидерите е проследено со сè помалку широка насмевка. Но, за да се работи заедничка работа, не е задолжително да се сака некој или да се биде со него близок пријател. Доволно е да се зачуваат чесните партнерски односи. Затоа, дури и оние руски граѓани кои изјавуваат дека ги изгубиле своите симпатии кон Америка, истакнуваат дека успехот во борбата против тероризмот и низа други светски проблеми може да се постигне само со соработка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња