ФОТО: Извор: AFP / East News
Пред 20 години, ноќта од 24 кон 25 септември 1993 година, седев на подот од ходникот, потпрен на ѕид и го чекав прстот на судбината. На двата краја на ходникот, на некои стотина метри од мене, стоеја маскирани млади луѓе на импровизирани стражарници со калашников. Тоа беа војници на Руското национално единство (РНУ) на Александар Баркашов (ултранационално паравоено движење – заб. ред.)
Ме фатија околу два часот по полноќ, кога сакав да излезам од Белата куќа и да отидам во редакцијата на Би-Би-Си за да ја предадам мојата репортажа за четвртиот ден од судирите помеѓу Врховниот совет и претседателот Елцин. Мобилните тогаш беа вистинска реткост, а телефонските линии во зградата на Врховниот совет беа исклучени, па морав на секои два-три часа да одам до најблиската телефонска говорница или до редакцијата за во Лондон да „испратам“ записи од интервјуата со некои од претставниците на парламентот.
На почетокот немаш никакви проблеми. Но, вечерта на 25 септември во ходниците на парламентот се појавија стотина вооружени војници на РНУ и почнаа да спроведуваат нови правила. „А-ха, дописник на Би-Би-Си, рече еден од војниците, гледајќи ја акредитацијата што ми ја имаше издадено Министерството за внатрешни работи. Ќе мораме да те стреламе. Ти си непријател. И тоа опасен.“
„
Како што се ближеше трагичниот крај, така се зголемуваше и агресијата кон новинарите: претставниците на едната и на другара страна не нè прифаќаа како набљудувачи, туку како активни учесници во настаните.
Никој не сакаше да ме сослуша, ме претресоа, ми ја зедоа торбата со диктафонот и со документите и ми наредија да седнам покрај зидот. Седев така час и половина, покрај придушената сигурносна светилка. И светлото го исклучија. И водата, од тоалетот се ширеше смрдеа од измет.
Околу четири часот изутрина војникот се врати: „Руцкој нареди да те пуштиме наутро. Имаш среќа, ќе живееш уште некое време“. Ме одведе во еден кабинет, каде на масите меѓу расфрлените документи спиеја уште двајца војници. Не можев да заспијам. Ме праша зошто како Русија работам за непријателот, за Англичанецот. „Американците и Англичаните се главните руски непријатели. Со години се обидуваат да го уништат вековниот живот на Русија, зашто се плашат од нејзината голема православна мисија во светот. Се обидуваат да нè расипат со порнофилмови. Гледате ли телевизија? На неа сега се врти само порно“.
Не сакав да се расправам, бев исплашен. Реков дека работам како репортер и оти не се занимавам со филозофски прашања. Моја работа е да раскажам за она што сум го видел. Тоа се случуваше на секој чекор: војниците на РНУ трипати го фаќаа Данила Галперович, дописник на јапонската агенција „JJ Press“.
Како што се ближеше трагичниот крај, така се зголемуваше и агресијата кон новинарите: претставниците на едната и на другара страна не нè прифаќаа како набљудувачи, туку како активни учесници во настаните.
Но, излезе дека за мали пари можеме привремено да се вселиме во нечиј стан кој се наоѓаше покрај самото место на случувањата. Импровизирани редакции на Си-Ен-Ен, Еј-Би-Си, Си-Би-Ес неочекувано се формираа кај неколку московјани кои живееја на највисоките згради од облакодерите. Затоа и се направени толку убави фотографии од нападот на високата зграда, каде во тоа време се наоѓаа многу канцеларии на градската управа, т.е. од судирите пред Белата куќа
![]() |
ФОТО: Извор: AFP / East News
|
Вечерта на 3 октомври, главните настани се преместија во телевизискиот центар „Останкино“, што се обидуваа да го заземат вооружените поддржувачи на Врховниот совет. Помеѓу оние што напаѓаа имаше стотина новинари. Војниците на специјалните сили веднаш почнаа да пукаат од покривот на телевизискиот центар. Се сеќавам дека на едно двесте метри од мене ги видов дописниците на Ројтерс и на Еј-Еф-Пи Зураб Кодалашвили и Стивен Бентур како се обидуваат да го подигнат од земја дописникот на Еј-Еф-Пи Пјер Селерие. Се обидов да дојдам до нив, но не успеав да се пробијам низ метежот. Потоа дознав дека Селерие бил ранет: куршумот хо погодил во грбот, веднаш под панцирот. Тогаш загинаа дописникот на германската А-Ер-Де Рори Пек и новинарот на француската телевизија Ти-Еф1 Иван Скпан.
По непроспиената ноќ поголемиот дек од новинарите се вратија во Белата куќа; имаше информација дека ќе биде нападната в зори. И навистина, во шест часот од страна на Кутузовскиот проспект дојде колона тенкови. Започна бомбардирањето. Откако преку телефон испратив десетина репортажи, околу пладне паднав од нозе од замор. Во тој момент се сетив дека еден мој пријател има изнајмено стан на последниот кат од еден облакодер на Нови Арбат. Во станот на пријателот покрај прозорецот седеше дописникот на Форбс, Пол Хлебников. Неколку часа молкум седевме покрај прозорецот и гледавме како на сцена во театар. Хлебников понекогаш нешто ќе запишеше во своето тефтерче, а јас на секој половина час одев во кујната и преку телефон ги пренесував своите репортажи. Белата куќа ни беше како на дланка. Околу три часот попладне Нови Арбат беше преполн со оклопни возила. На покривите на некои места почнаа да се појавуваат некакви луѓе со пушки и со автомати.
![]() |
Кога се пукаше врз Белата куќа |
Од оклопните возила почнаа да пукаат по покривите од митралези. Одеднаш слушнавме пукање од нашиот покрив. Излеговме од станот во ходникот и легнавме на земја. Во тој момент еден куршум го проби прозорецот во ходникот, се одби од плафонот до керамичкиот под, чии искршени делови го обвија моето чело. Ми потече крв. Се отвори една врата и соседите нè повикаа кај нив. Маж, жена и седумгодишно дете седа во ходникот, во најсигурниот дел од станот. Кога се бевме во тој ходник, детето виде дека ми тече крв и почна да вика: „Мамо, го убиле човеков, го убиле!“ Но, некако, само по себе ми дојде и реков: „не ме убиле, само паднав мртов пијан, се лизнав и паднав“. Момчето се насмевна.
Хлебников рече: „Еве, готово е со советската власт“. Синот на рускиот емигрант, потомок на декабристот Пушчин се врати по неколку години во Русија за да стане еден од главните уредници на рускиот Форбс. Потоа го убија во новата, несоветска Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче