Кога се пукаше врз Белата куќа

Според различни извори, бројот на загинати во трагичните настани од 1993 година е некаде помеѓу 123 и 157 лица. Извор: ИТАР-ТАСС

Според различни извори, бројот на загинати во трагичните настани од 1993 година е некаде помеѓу 123 и 157 лица. Извор: ИТАР-ТАСС

Денес во Русија се одбележуваат 20 години од кулминацијата на уставната криза која заврши со гранатирање на парламентот следниот ден, 4 октомври 1993 година. Последиците од овие трагични настани во земјата сè уште се чувствуваат. Новиот устав, кој беше усвоен во декември 1993 година, му даде на претседателот речиси царски овластувања. Со кршењето на опозицијата на политичката сцена стапија нови партиски водачи, од кои поголемиот дел до денешен ден седат во Државната дума.

Уставната криза која својата кулминација ја доживеа во 1993 година беше условена од системот на власт во земјата. Според уставот кој во тоа време беше на сила, врховен орган на државната власт беше парламентот – Конгресот на народните депутати, избран во 1990 година. Претседателот Борис Елцин, кој беше избран во 1991 година, не можеше без согласност на парламентот да именува премиер, ниту можеше да го распушти парламентот доколку тој би одбил да ја официјализира претседателската одлука за поставување премиер. Како последица на тоа, првиот постсоветски премиер во Русија, Егор Гајдар, под чие раководство во 1992 година беше укината државната регулација на цените, не беше поставен со официјално одобрение на парламентот, така што за време на целиот свој мандат функцијата ја вршеше како „вршител на должност“.

Роденденот на новата Русија – 12 јуни

Во декември 1992 година парламентот одби да го потврди именувањето на Гајдар за претседател на владата, со што го натера да си поднесе оставка. Дотогаш многу Руси веќе го замразеа Гајдар зашто сметаа дека тој е виновен за хиперинфлацијата која ја намали заработувачката и ја девалвираше заштедата на граѓаните. На тој начин парламентот ги доби симпатиите од граѓаните. Веќе во март 1993 година членовите на парламентот се обидоа да извршат таканаречен импичмент врз Борис Елцин, кој во тоа време ја беше изгубил својата популарност. Но, потребното двотретинско мнозинство не беше постигнато. Пропадна и референдумот за доверба на претседателот и на парламентот кој беше одржан во април.

Есента 1993 година претседателот Елцин преминува во напад со тоа што на 20 септември потпишува указ за распуштање на парламентот. Следниот ден членовите на парламентот го прогласија указот за неуставен и го разрешија од должноста Елцин, именувајќи го за шеф на државата Александар Руцкој. Потоа во московската Бела куќа, седиштето на парламентот, беше исклучена струјата и водата, а околу неа беа разместени полициски кордони кои, не пуштајќи внатре никој освен новинарите, ги присилуваа членовите на парламентот да се откажат.

На 4 октомври во Москва влезе војската лојална на Елцин и ја гаѓаше Белата куќа од тенкови. Според различни извори, бројот на загинати во трагичните настани од 1993 година е некаде помеѓу 123 и 157 лица. Потпретседателот Руцкој и раководителите на парламентот беа уапсени.

Состојбата на напнатост траеше речиси две недели, сè дури на 3 октомври по митингот во попладневните часови поддржувачите на парламентот не го пробија кордонот околу Белата куќа. Александар Руцкој ги повика насобраните да ги заземат московското градско собрание и телевизискиот центар „Останкино“. Но, двата обида беа спречени, а следното утро во Москва влезе војската лојална на Елцин и изврши напад од тенкови врз Белата куќа. Според различни извори, бројот на загинати во трагичните настани од 1993 година е некаде помеѓу 123 и 157 лица. Потпретседателот Руцкој и раководителите на парламентот беа уапсени, но во февруари 1994 година беа пуштени на слобода во согласност со одлуката за амнестија која беше донесена за помирување на учесниците во политичкиот конфликт.

Во декември 1993 година на референдум беше донесен новиот устав и беа одржани парламентарни избори. Новиот устав ги прошири овластувањата на претседателот – оттогаш повеќе не беше можно да се именува кој било од високите официјални лица без негово одобрение, а неговите укази (уредби) добија статус на закон. Парламентот според новиот устав стана дводомен. Долниот дом – Државната дума – се избира според партиски листи и по окрузи. Горниот дом – Советот на Федерацијата – го сочинуваат претставници на регионите.

Во декември 1993 година на референдум беше донесен новиот устав и беа одржани парламентарни избори. Новиот устав ги прошири овластувањата на претседателот – оттогаш повеќе не беше можно да се именува кој било од високите официјални лица без негово одобрение, а неговите укази (уредби) добија статус на закон.

Освен Конгресот на народни депутати и Врховниот Совет кој ја вршеше функцијата на парламент помеѓу заседанијата на Конгресот, во октомври 1993 година престанаа да постојат и другите совети на сите нивоа, од регионални до селски.

На изборите за Државната Дума на РФ во 1993 година цензусот од 5% го минаа Комунистичката партија на РФ на чело со Генадиј Зјуганов, кој се позиционираше како обновена КПСС, и Либерално-демократската парија на Владимир Жириновски, основана во 1992 година. Оттогаш тие се постојано во Државната дума, иако никогаш не биле мнозинство.

Настаните од есента 1993 година го зацврстија влијанието на извршната власт над останатите и оневозможија во Русија да се изгради парламентарна република. Еден од авторите на Уставот на РФ од 1993 година и потпретседател на фондот „Индем“ Михаил Краснов истакнува дека тогаш тоа било оправдано: „Парламентот не требаше да го спречува претседателот Елцин во спроведувањето на реформите“. Но, денес тој устав од „преодниот период“, според Краснов, мора да се измени: „Претседателот треба да ја задржи улогата на стабилизатор, а владата мора да го спроведува курсот кој го определува парламентот и да му поднесува извештај на парламентот.“

Постојат и поинакви мислења. За Русија парламентарната република не е природна, а она што е природно е силна претседателска или монархиска власт, смета директорот на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОН) Валериј Фјодоров: „Руската политика по својата природа е неконкурентна. Штом се јавува конкуренција, таа има деструктивен карактер. Оттука и елитата и народот бегаат од таквата конкуренција и бараат единствен лидер кој е во состојба да ги обедини сите.“

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.