Сексот од времето на дедо

Извор: Валериj Барикин

Извор: Валериj Барикин

За тоа како изгледал сексот во времето на Сталин, за порнографијата во СССР и за проституцијата пред перестројката!

Писателот Денис Драгунски пишува за тоа како советскиот човек ја зачувувал слободата на телото во тоталитарната држава, каде можело да се најде  порнографија и зошто малку се одело кај проститутки.

„Во СССР нема секс“

Околу сексот во СССР секогаш постоел ореол на забрана. Притоа сексот, се разбира, постоеше. Во ограничено количество – не помалку одошто денес. Но, да се зборува за него било срамно и неприлично. Прифатено е мислењето за тоа дека за време на телемостот Ленинград – Бостон од времето на перестројката една жена рекла: „Во СССР нема секс“. Тоа е грешка: всушност таа изјави дека нема секс на телевизија.

Претходно, пак, во 1977 година, излезе книгата на Георгиј Васиљченко „Општа сексопатологија“, во која тој го обопштува своето искуство и ги опишува паровите кои доаѓале кај него на сеанси. Од неговото искуство следува дека многу растројства се последица од фактот што луѓето не умееле да зборуваат за тоа. За именување на половиот акт и на половите органи постоеле само непристојни зборови или медицински термини – ниту едното, ниту, пак, другото, не стимулирале искрен разговор. Во 1978 година се случи уште еден скандал, кога почна да се прикажува филмот „Чудна жена“, во кој стануваше збор за љубовта помеѓу едно момче и помеѓу една зрела жена. За овој филм се појави рецензија во „Комсомолска правда“, во која беше напишано: што има тука чудно, кога во Советскиот Сојуз секој трет брак се распаѓа. Јас тогаш работев во Дипломатската академија и оваа новост ја дознав наутро од грчки весник, зашто рецензијата беше препечатена низ сиот свет. Дури и во споредба со Запад, тоа беше огромно количество разводи.

Како сексуалната слобода беше заменета за неслобода

Извор: Валериj Барикин

Во дваесеттите години од минатиот век власта ги отпушти сексуалните узди. Сексуално ослободените и раскрепостени жени одеа во правец на борбата што се водеше со религијата, со гимназиите, со предавањето грчки и латински јазик, со униформите, со царските чинови. Тогаш била декриминализирана хомосексуалноста. Разводите станале сосема слободни: човек можел да се разведе, без притоа да го извести својот партнер.

Околу сексот во СССР секогаш постоел ореол на забрана. Притоа сексот, се разбира, постоеше. Во ограничено количество – не помалку одошто денес. Но, да се зборува за него било срамно и неприлично.

Потоа, во времето на Сталин, започна империјалната политика: се забранија абортусите, хомосексуалноста стана криминално дело, а разводите станаа дела кои траеја долго. Во шеесеттите години од минатиот век, доколку некој сакаше да се разведе, беше потребно да се даде оглас во „Вечернаја Москва“. Само мошне влијателните луѓе можеа да си дозволат да се разведат тивко.

По војната имало недостаток на мажи, па затоа алиментацијата беше укината. Прашањето за признавање на татковството воопшто не беше поставувано: едноставно во изводот на родените на децата на жените кои не биле во брак на местото каде што било потребно да се напише името на таткото била пишувана цртичка. Потоа, кон почетокот на педесеттите години од дваесеттиот век, кога состојбата почнала да се израмнува, властите повторно почнеле да работат на зацврстување на семејството. Се појавиле алиментшчики – лути неплаќачи на алиментација. Ловот на алиментшчиките во следната деценија во определен дел беше заменет со друга народна забава – лов по непријателите на народот. Со алиментшчиките се занимавала милицијата и судовите, на работните места испраќале извршни налози. За едно дете требало да се плати 25% од платата, за две 33%, а за три и повеќе 50%. Мажите, пак, намерно се вработувале на најниско платените работни места, од неа давале алиментација, а заработувале на некој друга работа. Секој алиментшчик бил цврсто уверен дека со неговите пари тој го храни безделникот – новиот маж на неговата поранешна жена.

Црн пазар на порнографија

Извор: Валериj Барикин

Широко биле распространети непристојните фотографии. Нив во возовите ги продаваа луѓе кои од некаква си причина ги нарекуваа Белоруси. Тие навистина личеа на Белоруси – светли, со истакнати јагоди, со длабоки светло сини очи. Се правеа дека се глувонеми, а всушност не беа. Тие приоѓаа, удираа со лакотот и вадеа порнографски фотографии. Фотографиите беа од два типа: првиот беше составен од преснимени странски фотографии, а вториот од прекрасните хоум-мејд. Сè се случуваше на железни кревети со пониклувани топчиња и пернички со тантела, со сликите „Мечиња“ на Шишкин закачени на ѕидовите. Секоја фотографија претставуваше одделна сцена. Едно пакување вакви слики чинеше 3 рубли. За споредба: кутија цигари „Столичние“ чинеше 40 копејки, шише вотка 3 рубли, билет за театар 1.5 рубља...

Понекогаш фотографиите се продаваа како карти, а на врвот на секоја слика беше поставен знак – на пример, дама лист. Освен тоа постоеја и порнографски ракописни раскази од локално производство и на руски теми. Подоцна се појавија и преводи од англиски – позната беше книгата „Распуст во Калифорнија“. „Камасутра“ исчукана на машина за пишување исто така беше распространувана. Но, на црниот пазар за книги во СССР се продаваа само прилични работи – Кафка, Пастернак, Цветаева; постоеја и пазари каде се продаваше научна фантастика, пазари каде се продаваше религиозна литература. Но, порнографска литература не постоеше.

Сексот беше еден од начините за спротивставување на тоталитаризмот. Не за џабе Орвел вели дека задачата на тоталитарниот режим е да го потчини телото, да го забрани сексуалното задоволство. Сега се појави нов сексуален императив – епилација, пилинг, фитнес. Во нашата земја имаше најразлични девојки: дебелки, слабички, со криви нозе – никој немаше комплекси. Култот на атлетското тело никому не му додеваше, зашто на сите им беше јасно: тоа се спортисти, професионалци.

Во почетокот на седумдесеттите години од минатиот век се случи уште еден пробив: во СССР почнаа да се појавуваат порнографски албумчиња со сижиња, порнографски стрипови. Ги фотокопираа, ги печатеа со ноќи. Почнаа да се појавуваат филмови на аматерска осуммилиметарска лента. Филмовите беа од странско потекло, фабрички направени, судејќи по квалитетот. Ваквите филмови најмногу се носеа од Германија. Филмовите беа снимени како нем филм – односно не беше потребен звук за да се сфати сижето. А, сиже имаше! Сите клипчиња од шеесеттите, седумдесеттите, па и од осумдесеттите години од минатиот век беа со интересна фабула, па затоа и беа убави и интересни за гледање.

Советски средства за контрацепција

Презервативите нормално се продаваа во аптеките. Но, не беше прифатено гласно да се зборува за кондомите и за лубрикантите. Поголемиот број мажи во аптека одвај шепотеа или, пак, велеа „Пакетче!“, или едноставно „Пирамидон“, но со намигнување. Тогаш беше невозможно насред аптеката да стои голем стаклен шкаф со презервативи, па згора на тоа и купувачите да се консултираат со аптекарите во врска со квалитетот, вкусот, бојата или мирисот.

Едно „пакетче“ чинеше две копејки. Имаше три величини. Презервативите беа посипани со талк, требаше да се подмачкуваат – или со вазелин, или со плунка – кој со што сака. Увозните презервативи се појавија некаде кон средината на седумдесеттите години од минатиот век. Најпрво беа увезувано само индиски, а потоа почнаа да се појавуваат и други. Останата контрацепција беше како и денешнава, само многу поштетна. Искусните сексуални лавици ги учеа своите другарки дека „на она место“ треба да се стави крукче лимон. И ставаа, сосе лушпа. Во принцип тоа помагаше, сепак се работи за киселина. Исто така жените употребуваа и хиперманган: скокаа и од креветите и право в бања, а таму веќе имаа подготвено шолја со оваа розова водичка.

Слободата на телото во СССР и современиот сексуален тоталитаризам

Извор: Валериj Барикин

Сексот беше еден од начините за спротивставување на тоталитаризмот. Не за џабе Орвел вели дека задачата на тоталитарниот режим е да го потчини телото, да го забрани сексуалното задоволство. Сега се појави нов сексуален императив – епилација, пилинг, фитнес. Во нашата земја имаше најразлични девојки: дебелки, слабички, со криви нозе – никој немаше комплекси. Култот на атлетското тело никому не му додеваше, зашто на сите им беше јасно: тоа се спортисти, професионалци.

Во современа Русија се појави култот на пластично, обработено во фотошоп тело. Тоа е некако поинаков тоталитаризам – тоталитаризам на рекламата, на модата. Во СССР сè беше поинаку, најверојатно, зашто сите беа сиромашни и имаа секс без некоја друга мисла. Затоа и проституцијата беше помалку распространета. Тоа беше епоха на апсолутна бесплатност, така што таа не можеше да не се однесува и на сексот. Зошто да им се плаќа на проститутки? Подобро е да се оди на игранка.

Проститутки и интелектуалки

Во современа Русија се појави култот на пластично, обработено во фотошоп тело. Тоа е некако поинаков тоталитаризам – тоталитаризам на рекламата, на модата. Во СССР сè беше поинаку, најверојатно, зашто сите беа сиромашни и имаа секс без некоја друга мисла. Затоа и проституцијата беше помалку распространета. Тоа беше епоха на апсолутна бесплатност, така што таа не можеше да не се однесува и на сексот. Зошто да им се плаќа на проститутки? Подобро е да се оди на игранка.

Проститутките се наоѓаа на платформите на големите приградски станици. Тие седеа со испружени нозе, а цената им беше напишана на ѓонот: поминуваш покрај неа и ја гледаш и неа и цената. Проститутките во Москва имаа две цени – 3 рубли и 5 рубли. Девојките шетаа околу метрото „Проспект Мира“. Тие си правеа прстенчиња од три или од пет рубли – зеленки или сини, за да биде јасна цената. Но, многу малку луѓе одеа по проститутки: да користиш услуга од проститутка е исто како и да платиш за вода за пиење, кога истата ја има во секоја фонтана. И онака имаше суфицит од девојки кои беа подготвени заедно со тебе бесплатно да им се предадат на радостите од сексот.

Постоеше, секако, страв од инфекции. Луѓето се плашеа од гонореја, сифилис, кои беа мошне распространети. Со нив се поврзуваа мноштво митови. На пример, луѓето знаеја дека од сифилис отпаѓа носот, но малкумина знаеја дека тоа се случува по 10 години, доколку не се лекуваш. Затоа момчињата утрото по веселата ноќ сосема сериозно си го проверуваа носот. Проблеми постоеја и поради недостатокот од хигиена : луѓето се бањаа ретко и неубаво. Низ чаршијата се зборуваше дека блудните девојки се бањаат почесто, а додека интелигентните девојки ја менуваат долната облека еднаш во четири дена, па трогаш и се тушираат. Во седумдесеттите години од минатиот век студентка која живее под кирија во соба и се тушира секој ден, мислеле дека е проститутка, оти во тие времиња се сметаше дека само проститутките се тушираат секој ден.

Материјалот е подготвен од Ана Ајвазјан http://bg.ru/society/seks_v_sssr-19361/

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.