Експертите претпоставуваат дека орбиталната контрола ПРО на ЗНД ќе се врши преку руските воени сателити и радарски системи за откривање ракетни напади. Извор: mil.ru.
Заедницата на независни држави работи на концепција на нова структура за колективна безбедност: сегашниот систем за противвоздушна одбрана (ПВО) на ЗНД треба да биде дополнет со космички средства ко овозможуваат откривање и уништување цели не само на небото, туку и во безвоздушниот простор над територијата на земјите-членки.
„Ракетниот чадор“ над Заедницата на независни држави (ЗНД – сојуз во кој влегуваат Русија и поголемиот дел поранешни советски републики – без балтичките земји, Грузија и Туркменистан) ќе добијат засилување во својата орбитална компонента. Во наредните шест месеци воените стручњаци на Заедницата треба да ги дефинираат главните параметри на идниот Обединет систем за воздушно-космичка одбрана.
„
По седницата претставниците на земјите-членки на ЗНД го посетија полигонот Ашулук во Астрахањската област, каде се изведува воената вежба „Борбен сојуз 2013“. На генералите им беше демонстрирано како посадата на противавионскиот ракетен систем одбиваат воздушни напади од условен противник.
Оваа одлука е донесена на седницата на Координацискиот комитет за прашања за противвоздушната одбрана при Советот на министрите за одбрана на Заедницата на независни држави. Александар Синајски за новинарите изјави дека веќе се работи на концепција на новата структура за колективна безбедност. Станува збор за сегашниот систем за противвоздушна одбрана на ЗНД кој треба да се дополни со космички средства кои овозможуваат откривање и уништување на цели не само на небото, туку и во безвоздушниот простор над територијата на земјите-членки на ЗНД.
Обединетиот систем за противвоздушна одбрана на земјите-членки на ЗНД е создаден во 1995 година и ги опфаќа Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан и Украина. Во создавањето на системот не учествуваа Азербејџан, Грузија и Молдавија, додека Туркменистан подоцна фактички се повлече од проектот, а Украина и Узбекистан моментално соработуваат со Русија исклучиво на билатерална основа. Спогодбата за единствена противвоздушна одбрана не е временски ограничена и е отворена за приклучување од страна на други земји.
Обединетиот систем за противвоздушна одбрана на ЗНД во 2005 година имаше 2- ловечки авијатички полкови, 29 противавионски ракетни полкови, 22 радиотехнички единици и 2 баталјона за радиоелектронска борба. Противвоздушната одбрана е вооружена со противавионските ракетни системи „Оса“, „Бук“, С-75, С-125, С-200 и С-300, а авијацијата поседува авиони МиГ-23, МиГ-29, МиГ-31 и Су-27.
Експертите претпоставуваат дека орбиталната контрола ПРО на ЗНД ќе се врши преку руските воени сателити и радарски системи за откривање ракетни напади. Руските штабови ќе ги информираат колегите за лансирањето ракети во правец на Заедницата на независни држави, а во случај на неопходност непријателските цели ќе ги уништува посадата на противавионскиот ракетен систем на армијата на ЗНД.
За унапредување на системот за заштита на небото потребни се дополнителни финансиски средства. Членките на ЗНД засега не учествуваат подеднакво во заедничкиот воен буџет. Освен тоа, дел од издвоените пари се трошат на билатерални програми, како што се, на пример, програмите што Русија одделно ги реализира со Белорусија, Ерменија и со Казахстан. Се финансираат и субрегионални системи во кој учествуваат најмалку три земји, а средства се издвојуваат и за развој на националните системи за противвоздушна одбрана. Средства за Обединетиот систем за противвоздушна одбрана главно издвојуваат Русија, Белорусија и Казахстан, и оваа финансиска шема веројатно нема да биде поинаква дури ни кога во системот ќе се вклучат сателитите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче