Башар ал Асад не очекува американска интервенција

Со оглед на вжештувањето на ситуацијата во и околу Сирија, ви го пренесуваме интервјуто кое колегите од Известија го направија со претседателот Башар ал Асад.

Известиjа: Господине претседател, најпрво најактуелното прашање во овој момент, кое гласи: каква е состојбата во Сирија? Кои територии и понатаму остануваат под контрола на бунтовниците?

САД по распадот на СССР мислеа дека Русија е уништена засекогаш. Но, со доаѓањето на Владимир Путин Русија почна сè поупорно да ги брани своите позиции, со што започна нова студена војна.

 

Башар Асад

Башар Асад: Не станува збор за територии кои се под контрола на терористите или под контрола на армијата. Ниту една армија во ниту една земја од светот не може да биде во целосна борбена подготвеност на целата територија на својата земја. Терористите го користат тоа и се обидуваат да продрат насекаде каде ја нема армијата. Не е проблемот во териториите на кои се наоѓаат терористите, зашто тие се менуваат секој час. Проблемот е во јуришниците кои стигнуваат од странство. На територијата на Сирија од странство непрестајно пристигнува огромен број терористи и тоа е главната причина што сè уште се водат вооружени борби. Освен тоа, терористите и понатаму од странство добиваат финансиска помош и оружје.

Нашево интервју со Вас ќе биде преведено на многу јазици и многу светски лидери ќе го прочитаат. Што би сакале да им порачате?

Б.А.: Би сакал да објаснам дека тероризмот не е ас во ракавот кој може да се извлече и да се искористи кога тоа ќе биде потребно, а потоа да се врати назад. Тероризмот како скорпија може да убоде во секој момент. Според тоа, тероризмот не може да се поддржува во Сирија, а да се искоренува во Мали.

Сите сфаќаат дека она што се случува во Сирија не е народна револуција, ниту инсистирање за реформа, туку тероризам. Во таква ситуација западните лидери не можат да им кажат на своите граѓани: „Одиме во Сирија за да го поддржиме тероризмот.

 

Башар Асад

 

Бунтовниците ја обвинија владата на Сирија дека применувала хемиско оружје. Што може да се одговори на тоа?

Б.А.: Тие најпрво изнесуваат обвиненија, па дури потоа собираат докази. Тоа е бесмислица. Нè обвинија во среда, а дури два дена подоцна американската влада објави дека ќе започне со собирање докази. Нè обвинуваат дека армијата применила хемиско оружје на подрачје кое божем го контролираат бунтовниците, а на тоа подрачје воопшто не постојат јасни линии на фронтот помеѓу армијата и бунтовниците. Всушност, зарем државата може да примени хемиско или какво било друго оружје за масовно уништување онаму каде се сконцентрирани нејзините трупи? Јасно е дека ваквите обвиненија имаат исклучиво политичка позадина. Во текот на изминатите недели водевме преговори со ООН за работата на комисијата и стручњаците стасаа. Резултатите од нивната работа ќе бидат презентирани во ОН.

Би сакал да објаснам дека тероризмот не е ас во ракавот кој може да се извлече и да се искористи кога тоа ќе биде потребно, а потоа да се врати назад. Тероризмот како скорпија може да убоде во секој момент. Според тоа, тероризмот не може да се поддржува во Сирија, а да се искоренува во Мали.

 

Башар Асад

 

Постои ли можност САД во случајот со Сирија да дејствуваат на истиот начин на кој дејствуваа во Ирак и во Југославија, односно да се обидат да најдат повод за интервенција?

Б.А.: Ова не е првпат да се покрева прашањето за воена интервенција во Сирија. Сад, Франција и Велика Британија од самиот почеток на кризата се обидуваа да извршат воена интервенција, но не можеа да го убедат својот народ и светот дека нивната политика е мудра и корисна. Исто така, излезе дека тукашната ситуација не е иста како во Египет и во Тунис. Постои уште една препрека за воена интервенција. Сите сфаќаат дека она што се случува во Сирија не е народна револуција, ниту инсистирање за реформа, туку тероризам. Во таква ситуација западните лидери не можат да им кажат на своите граѓани: „Одиме во Сирија за да го поддржиме тероризмот“.

Логично продолжение на сириската тема е што ќе биде ако Русија попушти пред притисоците од Запад?

Б.А.: САД по распадот на СССР мислеа дека Русија е уништена засекогаш. Но, со доаѓањето на Владимир Путин Русија почна сè поупорно да ги брани своите позиции, со што започна нова студена војна. Може да се постави прашањето зошто Русија ја поддржува Сирија. Русија денес не го брани претседателот Башар ал Асад, зашто сирискиот народ може да избере кого било за претседател. Русија ги брани принципите на независност и на немешање во внатрешните работи на други држави. Според тоа, Русија ги штити своите интереси во регионот, и тоа е нејзино право. Овие интереси не се сведуваат на користењето на пристаништето во Тартус. Нападите на терористите во Сирија ја загрозуваат стабилноста на целиот Блиски Исток. Дестабилизацијата во овој регион ќе се одрази и на Русија. Исто така не треба да заборавиме дека имаме илјадници руско-сириски семејства кои претставуваат културен и општествен мост помеѓу двете држави.

Не е проблемот во териториите на кои се наоѓаат терористите, зашто тие се менуваат секој час. Проблемот е во јуришниците кои стигнуваат од странство. На територијата на Сирија од странство непрестајно пристигнува огромен број терористи и тоа е главната причина што сè уште се водат вооружени борби. Освен тоа, терористите и понатаму од странство добиваат финансиска помош и оружје.

 

Башар Асад

 

Се водат ли преговори со Русија за испорака на гориво, стока и вооружување? Особено сакам да ве прашам за договорот за испорака на системите С-330, ги добивте ли?

Б.А.: Секако, ниту една земја не може да изјави дека поседува вакво или онакво вооружување или дека склучила договор за испорака на тоа оружје. Тоа е државна и воена тајна. Но, можам да кажам дека сите договори со Русија се реализираат, и дека на нивната реализација не влијаат ниту кризата, ниту, пак, притисоците од САД, Европа и од земјите од заливот. Русија ѝ го испорачува на Сирија она што на земјата ѝ е потребно за да се одбрани себеси и својот народ.

Каква помош очекува Сирија од Русија: економска или помош во вооружувањето?

Б.А.: Нашата економска состојба е забележително подобрена благодарение на политичката поддршка на Русија и на фактот дека воените договори, и покрај американскиот притисок, уредно се исполнуваат.

Господине претседател, за кои земји може да се каже дека ви се главни сојузници, а кои ви се противници?

Б.А.: На светската сцена со нас се Русија и Кина, а на регионално ниво Иран. Но, можам да кажам дека во светот доаѓа до позитивни промени. Определени земји почнаа да ги менуваат своите ставови. Постојат голем број држави кои отворено ги поддржуваат терористите во Сирија. Меѓу нив се Катар и Турција. Катар ги спонзорира терористите, а Турција ги тренира и им обезбедува коридори. Сега Саудиска Арабија го замени Катар во својство на спонзор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња