Москва ја модернизира таџикистанската армија

Извор: Reuters.

Извор: Reuters.

По последната посета на Душанбе, претседателот на РФ Владимир Путин и таџикистанскиот шеф на државата Рахмон се договорија за ратификување на спогодба за соработка во областа на воениот ресор.

Русија ќе ѝ помогне на армијата на Таџикистан да го модернизира своето вооружување со тоа што руската воена база и понатаму ќе остане на територијата на оваа земја. Претседателот Емомали Рахмон од своја страна вети дека парламентот наесен ќе ја ратификува спогодбата за продолжување на престојот на базата на територијата на неговата земја до 2042 година.

Претседателите на Русија и на Таџикистан во октомври минатата година постигнаа договор 201 воена база на Војската на РФ (најголемата надвор од границите на Русија) да остане во Таџикистан најмалку до 2042 година. Извор: Ројтерс.

Русија ќе ѝ помогне на армијата на Таџикистан да го модернизира своето вооружување. За ова на 1 август во Москва се договорија претседателите на двете земји Владимир Путин и Емомали Рахмон. Според министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, за модернизација на армијата на Таџикистан до 2025 година ќе бидат издвоени 200 милиони долари.

Воените стручњаци сметаат дека Душанбе развлекувал со ратификацијата на спогодбата на руската воена база за возврат да добие што поголема помош во модернизацијата на армијата пред силите на меѓународната коалиција да се повлечат од соседен Авганистан.

Освен тоа, рускиот претседател му наложи на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу да даде оценка за новите ризици поврзани со заминувањето на силите на меѓународната коалиција од Авганистан (планирано за крајот на 2014 година) во контекст на усвојување на програма за модернизација на таџикистанската армија. Во врска со тоа програмата во најбрзо време ќе биде дополнета, рече Шојгу.

ОДКБ се подготвува за Авганистан
ОДКБ се подготвува за влошување на ситуацијата во Авганистан по повлекувањето на авганистанскиот контингент на НАТО.

Рахмон од своја страна вети дека парламентот на Таџикистан наесен ќе ги ратификува спогодбите за статусот и за условите на престојот на руската воена баша кои беа потпишани во 2012 година. „Нашиот однос кон ова прашање е крајно сериозен и одлучни сме во намерата да ги исполниме обврските што ги имаме преземено“, изјави таџикистанскиот претседател. Неговиот руски колега додаде дека спогодбата за базата наскоро ќе започне да се реализира. „Во врска со тоа Русија ги спроведе сите неопходни процедури“, рече Путин по средбата.

Претседателите во октомври минатата година, за време на посетата на Путин на Душанбе, постигнаа договор 201 воена база на Војската на РФ (најголемата надвор од границите на Русија) да остане во Таџикистан најмалку до 2042 година, со можност за негово автоматско пролонгирање секои пет години. Според претходната спогодба рокот на престојот истекува во 2014 година.

Новиот договор, како и претходниот, не предвидува плаќање за разместување на базата.

Руската Федерација за возврат се обврза да ја снабди армијата на Таџикистан со ново оружје и во целост да ја модернизира. Тогаш не беше соопштено колку тоа ќе ја чини Русија. Путин во мај 2013 година го потпиша законот за ратификација на договорот.

Но, Таџикистан ја развлекуваше ратификацијата. Москва уште во февруари исполни два услови што ги постави Душанбе: ја поедностави процедурата за влез во земјата на таџикистанските сезонски работници и ја укина царината за нафтени деривати кои се извезуваат во Таџикистан.

Русија им одговара на САД со воздушна база во Белорусија
Москва објави дека ќе отвори нова авиобаза кај својот сосед. Ова, се чини, дека е одговор на поставувањето на ЕвроПРО од страна на САД во Европа.

„Таџикистан сакаше да добие дополнителни средства за модернизација на својата армија во замена за ратификација на спогодбата“, изјави за „Газета.Ru“ Владимир Жарихин, заменик-директор на Институтот за проучување на Заедницата на независни држави. „За Таџикистан тоа не е мала сума, особено кога наскоро можат да настанат проблеми поради заминувањето на НАТО од Авганистан“, објаснува тој. Освен тоа, во октомври беше постигнат устен договор за инвестирање во таџикистанската хидроенергетика. Во четвртокот Таџикистан ја потврди заинтересираноста руските компании на нивна територија да изградат четири нови хидроелектрани со среден капацитет.

Освен воената соработка помеѓу двете земји претседателите, како и секогаш, ги разгледаа и миграциските прашања. „Граѓаните на Таџикистан кои живеат и работат во Русија ги испраќаат заработените пари во татковината. Тие пари имаат важна улога во поддршката и во развојот на економијата на Таџикистан. Поради тоа ја разгледавме и соработката во миграциската сфера и се договоривме за заеднички напори насочени кој оперативно решавање на проблемите што се појавуваат во оваа област“, изјави Путин по средбата со Рахмон. Во октомври минатата година двете земји се договорија на работните имигранти да им го продолжат рокот на регистрацијата и да им дозволат да работат.

Рускиот текст на сајтот на gazeta.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.