Рогозин со коментар на маневрите на НАТО во Полска

Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин ги коментираше најголемите маневри на НАТО од времето на „студената војна“ што се одржаа во Полска.

Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин ги коментираше најголемите маневри на НАТО од времето на „студената војна“ што се одржаа во Полска.

„Полјаците очигледно имаат подвоена свест: тие не сакаат да слушнат за воведување безвизен коридор за граѓаните на Русија од Калининградската област во Белорусија, затоа што тоа ги „потсетува на Гдањскиот коридор“, но затоа ни најмалку не им пречи германската воена авијација преку нивното небо“, напиша Рогозина на својот Твитер-профил.

Во маневрите под наслов „Племенит скок“ (Noble Jump) учествуваа над 2100 војника, 440 возила и беа употребени 56 тони муниција, пренесува „Дојче Веле“.

Организаторите на маневрите истакнуваат дека сценариото е слично на ситуацијата на истокот на Укриана, но дека, според вежбите, опасноста доаѓа од една од членките на НАТО.

Претходно заменик-шефот на пратеничката група на Левата партија Сара Вагенкнехт изјави дека маневрите на силите за брза реакција на НАТО, кои се одржуваат на западот на Полска, „не придонесуваат за намалување на напнатоста“ во односите меѓу Западот и Москва. „Таквата демострација нема да уплаши никого во Русија. Таа само ќе доведе до тоа Москва да даде свој адекватен одговор“, рече германската политичарка.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња