Фотографија: Виктор Васенин / Россијскаја газета.
Сите новоградби на Кремљ, како што дознаваме, се објекти за воена намена, а се однесуваат на Претседателскиот полк, со кој командува генерал-мајорот Олег Галкин. Еден од нив ќе биде пуштен во употреба во блиска иднина, а тоа е спортски терен кој се наоѓа недалеку од новиот хелиодром. Војниците на Претседателскиот полк по утринскиот џогинг низ Тајницкиот парк тука ќе можат да ги истегнат своите мускули. Ова е прв и единствен спортски комплекс под отворено небо во Кремљ.
А, во самиот Тајницки парк се гради стационарна коњушница за кремљовската кавалерија. Денес за пешадиските и за коњичките стражи коњи се носат од надвор од градот. Во составот на Кавалериската почесна придружба има два ескадрона со 108 коњи.
Посетителите можат во најдобар случај да видат 12 до 24 коњаници за време на саботните церемонијални стражи на Црвениот и на Соборниот плоштад во Кремљ.
- 12 коњаници на Соборниот плоштад е максимум, вели командирот. – Доколку на плоштадот донесат 24, нема да има место.
- За да добијат право да влезат на списокот на кандидати на нашиот полк се прави вистинска борба, вели офицерот на полкот полковникот Роман Лотвин. – На почетокот регрутите се одбираат во воените команди, потоа се прават натпревари: строев чекор, трчање, кревање тегови, склекови, склопување и расклопување на автомат, тестови за професионална подобност.
По три месеци служба најдобрите можат да преминат на договор. Ним им се дава место во заеднички дом. Тие вонредно можат да студираат на Московскиот државен универзитет и на Сибирскиот федерален универзитет (во Краснојарск, Сибир). Во перспектива можат да дојдат до чин на прапоршчик, а по завршувањето на факултетот да станат офицери.
- Претседателскиот пол е наша кадровска резерва, забележува командантот на Кремљ Сергеј Хлебников. – Воспитаниците на полкот служат практично во сите служби и оддели на Федерална служба за обезбедување, а исто така и во Министерството за одбрана и во различни оддели за специјални намени. Постојат војници кои дошле до генерали или како цивили станале градоначалници или директори на фабрики.
- Од 2005 до 2007 година кај нас на служба беше Алексеј Ситников, со чувства си споменува генералот. – Откако заврши тој отиде по договор во внатрешната војска на Министерството за внатрешни работи, војуваше во состав на извидницата на Центарот на специјални намени „Витјаз“ на Северен Кавказ.
Во Дагестан Алексеј уништи војник-самоубице, но во истата таа борба и самиот тој беше ранет. Постхумно на Ситников Алексеј Сергеевич му беше доделено звањето Херој на Руската Федерација.
- Ете, такви момчиња се подготвуваат во полкот, заклучува командантот.
Од прва рака: генерал-мајор Олег Галкин, командир на полкот:
Без пардон
Што гледаат луѓето обично? Нашата чета за специјална стража во церемонијална униформа. И Кавалериската почесна придружба. Но, не треба да се заборави дека една од задачите на полкот е обезбедување и одбрана на московскиот Кремљ – официјалната резиденција на претседателот и други објекти кои се ставени под заштита на Федералната служба за обезбедување.
Ново вооружување
Доколку порано офицерите носеа само пиштол Макаров, денес тие носат и Јаригин. Порано од снајперските пушки имаа само СВД, а сега се појавија два нови снајперски комплекси: за кратки и за далечни растојанија. Се појави оптика за митралезот Калашников. Преминуваме на нови панцири, радиодигитални шлемови. Сето тоа е од домашно производство.
База во Подмосковје
Кавалериската почесна придружба ја обучуваме во Алабино за сите вештини: од ковачка и ветеринарска работа до подготовка на спортисти за скокови со коњ.
Шведски потковици за кавалеријата
Потковиците од каучук се многу добри за кремљовската калдрма, зашто обичните метални потковици се лизгаат. Кога не сме на калдрма користиме челични потковици од домашно производство. Сета останата коњичка опрема се прави по нарачка во Русија. И сабјите за Кавалериската почесна придружба ја нарачуваме во Златоуст (традиционален руски центар за производство на ладно оружје кој се наоѓа на Урал – заб. ред.) Сега таму нарачавме една партија сабји за тренинг, за да ги заштедиме борбените.
Тајната на издржливоста
Нема никакви трикови за топлото. Освен еден: порано никогаш не сме го откривале, но мислам дека тоа денес не е тајна. Порано, кога покрај мавзолејот на Ленин стоеше нашата стража, налето, во деновите кога немаше посети, оние што стоеја внатре во Мавзолејот го насочуваа вентилаторот кон стражарот.
А, кога е ладно ги користиме традиционалните методи. Своевремено постоеше можност за загревање на подот во стражарските кабини. Но, по барање на самите војници престанавме да го вклучуваме загревањето. Станува уште полошо: одиш по ладното на – 25 степени според Целзиус, застануваш на местото, а нозете почнуваат да ти се потат.
Свештениците и полкот
Десет години командувам со полкот и за сево ова време ние тесно соработуваме со РПЦ. Ние имаме свештеник за секој наш баталјон. Со почит се однесуваме кон тајната исповед. Свештеникот не ни го кажува презимето на војникот кој кај него се обратил во врска со некаков проблем. Свештениците присуствуваат на давањето заклетва, на офицерските собири, доаѓаат во теренските кампови. Но, ние немаме свештеници вработени во нашиот полк. Јас лично сметам дека свештено лице не треба да биде дел од воените оддели.
Уредник - Иван Николаев, фотографии - Культура.рф, Росијскаја газета; музика - Маршот на преображенскиот полк.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче