Трета светска војна од Дунав и од Балканот?

Неостварените желби на Черчил: жителите на Софија на 15 септември 1944 година ги поздравуваат трупите на Црвената армија. Извор: РИА Новости.

Неостварените желби на Черчил: жителите на Софија на 15 септември 1944 година ги поздравуваат трупите на Црвената армија. Извор: РИА Новости.

Уште од почетокот на Втората светска војна Лондон, Вашингтон и Ватикан подготвуваа сојуз на источноевропските земји (Балканско-дунавска конфедерација) со цел тој да стапи во воен конфликт со СССР. Планот пропадна со големата победа на Црвената армија, со големата проникливост на советските водачи и со способната тајна служба, со значајна улога на РПЦ.

Балканско-подунавска конфедерација: дали Втората светска војна во 1943 година можеше да прерасне во трета светска војна? 

Во 2013 година Русија прослави 70 години од победата на Советската армија кај Курск, Орел и Смоленск. Славејќи ги своите победи, таа се присетува и на улогата на сојузниците со кои се обедини во борбата против Хитлер, а чии постапки во руските министерски кабинети предизвикаа огромни негодувања и бес. Винстон Черчил неколку пати рече: „Не смееме да им дозволиме на Советите да влезат во долината на Дунав и на Балканот“. 

„Секогаш кога англискиот премиер ќе инсистираше на инвазија преку Балканот, на сите присутни им беше сосема јасно што сака тој. Тој сакаше како клинец да се зарие во Централна Европа за да ја спречи Црвената армија да влезе во Австрија и во Романија, па ако може, дури и во Унгарија“, му велел Франклин Рузвелт на својот син Елиот. 

Во 1940 година Черчил со поддршка на САД ја изнесе својата идеја за создавање на Балканско-подунавска конфедерација – блок балкански и подунавски земји, кој би бил свртен против Советскиот Сојуз. Во состав на таа федерација требало да влезат Бугарија, Југославија, Турција, Грција, Албанија и Македонија. Оваа федерација би била самостојна државна единица со која би раководела Англија. 

Први чекори: Полска и Чехословачка, Југославија и Грција 

Еден од првите чекори во формирањето на антисоветскиот блок била привремената „Полско-чехословачка федерација“ создадена во ноември 1940 година, со посредство на емигрантските влади на овие земји во Лондон. По завршувањето на војната, во состав на спомената федерација, Англија планирала да ги вклучи Романија, Унгарија, а можеби и Австрија. Втор чекор во создавањето на антисоветскиот блок беше политичкиот сојуз склопен во јануари 1942 од страна на грчката и на југословенската влада во прогон. Истовремено, во Лондон е потпишана и полско-чехословачката спогодба за основање на друга федерација – Централноевропската унија. 

Веднаш по почетокот на Големата татковинска (Втората светска) војна, советската влада му се обрати на Черчил со предлог за операција со која би се тргнало во напад против Германија. Најдобар начин да се оттргнат дел од дивизиите на Верхматот од Источниот фронт би било британското доаѓање во Франција. Британците можеле да дојдат и во Норвешка, која беше под германска окупација. Имајќи ја предвид надмоќта на Британците и географската положба на Норвешка, Лондон имаше големи шанси за успех. 

Британците во 1942 година почнаа да ја подготвуваат операцијата „Јупитер“ – инвазија на Норвешка. Черчил сметал дека ќе успее да ги измами Хитлер и Сталин. Но, Сталин решително одби да го земе предвид овој план. 

Работата е во тоа што Сталин, за разлика од Хитлер, знаел за друга операција под називот „Торч“. Кон Норвешка беа насочени речиси сите големи бродови на Германската воена морнарица и стотици тешки крајбрежни топови. А, сојузничките сили дојдоа во Северна Африка. Тоа не беше страшна грешка, напротив, тоа беше првиот чекор од повеќефазната операција за остварување на светската доминација од страна на САД и Англија. По заземањето на Северна Африка на ред дошло заземањето на Сицилија, а потоа и капитулација на Италија, што потоа би била совршена почетна точка за инвазија на Балканот. За тоа, исто така, придонеле и превратите во Италија, Унгарија, Бугарија и Романија.

Црвената армија во Софија. По војната, во состав на спомената федерација, Англија планирала да ги вклучи и Романија, Унгарија, а можеби и Австрија. Извор: РИА Новости. 

Кому му бил упатен благословот од Папата? 

Голема улога во плановите за создавање на Балканско-подунавската конфедерација имал и Ватикан. Папата Пије XII бил непоколеблив антикомунист и русофоб. Тој отворено го поддржувал нападот на Германија врз Советскиот Сојуз. Идејата на Черчил за Балканско-подунавска конфедерација Пије XII ја примил со воодушевување. Според ставот на папата, Римокатоличката црква требала да доминира во управувањето со оваа федерација. Неограничениот владетел на Унгарија, регентот Миклош Хорти, кон крајот на 1942 година стапува во преговори со Велика Британија и со САД за излегување од војната, а на 30 и 31 јануари 1943 година во градот Адана (Турција) бил одржан состанок меѓу Винстон Черчил и турскиот претседател Мустафа Исмет Инени, кој, според кажувањата на унгарскиот амбасадор во Анкара Инош Вернле, ја потврдил идејата на Черчил за создавање „балканска федерација“. 

Проекти за поствоено устројство на Европа 

Черчил само во општи црти зборуваше за тоа дека по завршувањето на војната најверојатно ќе бидат формирани три групи земји: балтичка, централноевропска и јужноевропска (планот на Бенеш). Полициска улога во овие области би имала огромната англиско-американска воздухопловна флота (станувало збор за 50 илјади авиони). 

Последниов детаљ исто така им се допаднал на Турците, зашто Черчил зборувал за заштитната улога на флотата во случај на продор на Русија на Балканот.

Иако останаа без свое упориште на Апенинскиот полуостров, Черчил и Пије XII не се откажаа од идејата за основање на Балканско-подунавската конфедерација 

Планот беше мошне блиску до остварување некаде пред септември 1943 година. Заземањето поголем дел од Италија би можело да предизвика премин на владите на Унгарија, Бугарија, Романија, Албанија, а можеби и на Југославија, на страната на западните сојузници. Јасно било дека создавањето нова санитарна бариера (фр. „cordon sanitaire“) сериозно би го отежнало понатамошното напредување на Црвената армија. Не било исклучен како можност ниту пробивањето на таа бариера, што би довело до конфликт меѓу земјите од антихитлеровската коалиција. 

Зошто не се оствари повеќефазниот план на Черчил и на Пије XII? Безусловната капитулација на Италија беше обелоденета на 8 септември 1943 година. Кралот им се предаде на сојузниците. Баталјон германски падобранци во исто време го зазеде главниот штаб на врховната команда. А, три дена подоцна беше ослободен диктаторот Бенито Мусолини, кој тогаш беше затворен. Германските групи за неколку дена без борба за зазедоа речиси цела Италија. 

Иако останаа без свое упориште на Апенинскиот полуостров, Черчил и Пије XII не се откажаа од идејата за основање на Балканско-подунавската конфедерација. Но, тогаш на сцената стапи Црвената армија: на 31 август 1944 година руските тенкови влегоа во Букурешт, на 16 септември во Софија, на 20 октомври во Белград, а на 13 февруари 1945 година во Будимпешта. 

Руската морнарица ја запре само наредбата од Москва 

Кон крајот на август 1944 година советската Дунавска флотила тргна по Дунав и со борба мина низ Белград, Будимпешта, Братислава и Виена. Секако дека за ставањето крст на Балканско-подунавската конфедерација не се заслужни само тенкистите и морнарите, туку и помошта на советските дипломати и на разузнавачите. 

Треба да се потсети и на улогата на Руската православна црква. На почетокот на војната советските власти го запреа критикувањето на Римокатоличката црква од страна на советскиот печат. Москва направи низа чекори во пресрет на Ватикан. Но, напорите на Ватикан насочени кон уредување на посебен мир и воспоставување Балканско-подунавска конфедерација не можеа, а да не влијаат врз ставот на Кремљ. „Првиот плотун“ кон Ватикан го испрати раководството на РПЦ. На почетокот од 1944 година во „Журналот на Московската патријаршија“ беше објавен текст на патријархот Сергиј насочен против Римокатоличката црква. Написот со наслов „Дали Христос има намесник во Црквата?“ привлече големо внимание на Запад.  И предизвика реакции во верските и во политичките кругови.  Во овој текст патријархот Сергиј истакна дека и самата помисла за какво било намесништво во Црквата е незамислива и богохулна.

„Првиот плотун“ кон Ватикан го испрати раководството на РПЦ 

На Помесниот собор на 6 февруари 1945 година остро беше критикуван предлогот на Пије XII за „мекиот“ мир со Германија. Руската православна црква во периодот од 1944 до 1946 година водеше сериозни разговори со раководството на православните цркви што требаше да бидат дел од Балканско-подунавската конфедерација, а особено со српската, со романската и со бугарската. Кон крајот на 1944 година раководството на РПЦ иницираше создавање на „систем на православно единство“, кој предвидуваше мошне блиска соработка на помесните православни цркви. 

Непосредно по Конференцијата во Јалта, каде што конечно беше надмината идејата за Балканско-подунавската конфедерација, Московската патријаршија ја објави изјавата на патријархот Алексеј во која тој изразува „најголемо задоволство и радост“ од исходот на конференцијата: 

„Заложена е цврста основа за идниот мир во целиот свет. Тоа е токму она за што Црквата непрестајно моли – ‘за мир во целиот свет’ – кој се наѕира во блиска иднина. Конечно ќе биде скршен, здробен, ‘млатот на целата земја’  (Прор. Еремија 50, 23) – страшниот и разорен германски фашизам – не само со силата на храбрите војници на сојузничките држави туку и со мудроста на нашиот голем Сталин и на шефовите на владите на нашите сојузници. Сето ова со сигурност произлегува од цврстите и јасни одлуки на Конфедерацијата, која себеси си постави цел ‘да им обезбеди на луѓето во сите земји услови во кои ќе можат да го проживеат сиот свој живот, не знаејќи за страв и за немаштија’“.

Независимое военое обозрение.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.