Извор: РИА Новости.
Три дена во градот Пугачов во Саратовската област се случува масовен конфликт помеѓу месните жители на национална основа. На вториот ден од конфликтот се појави информација дека во градот ќе влезе војска, но потоа таа беше негирана. Властите се обидуваат да спречат масовни тепачки.
Во саратовската полиција ја негираа информацијата која во понеделникот на 8 јули беше пласирана од страна на некои медиуми, а во која се велеше дека во Пугачов ќе влезе војска и оклопни возила.
На митингот се слушнале повик од градот да бидат иселени сите оние што дошле од Чеченија
Веќе втор ден во овој мал град, каде живеат нешто повеќе од 40 илјади жители се одвива вистинска драма која е поврзана со убиството на 20-годишниот Руслан Маржанов, поранешен десантник. Според една верзија Руслан бил прободен со нож, а според друга со скалпел, за време на улична тепачка пред едно од локалните кафулиња. Раната била многу тешка, па во болницата, каде било донесено момчето, не можеле да го спасат.
Приведен е еден 16-годишен тинејџер за кој постои основано сомнение.
- Тој се товари за убиство, при што ја признава својата вина, изјави порт-паролот на саратовската областна управа на истражниот комитет Ана Марусова.
Сепак оваа новост не ги задоволи жителите на Пугачов. Во неделата навечер, стотина мажи и момчиња, пријатели и роднини на Маржанов, се собраа на Соборниот плоштад во градот, за да се соочат со роднините на убиецот.
Според информации од истрагата масовната тепачка била спречена од страна на локалната полиција.
- Не беа допуштени нарушување на јавниот ред и мир и противправни дејствија, соопштуваат од службата за односи со јавност на главната управа на МВР за Саратовската област.
Во исто време саратовските медиуми, повикувајќи се на пратеникот од локалното собрание, сопственик на кафулето пред кое се случило убиството, Денис Малетин, до тепачка сепак дошло, а полицијата ги разделувала учесниците.
На вториот ден со цел ситуацијата да се стави контрола раководството на главната управа на МВР на Саратовската област, основаше оперативен штаб на чело со генерал-потполковник Сергеј Аренин, а во него влегоа и претставници на реонската власт и на областната влада. Уште утрината областното раководство соопшти дека ситуацијата е под контрола. Оваа изјава ја даде вице-губернаторот Денис Фадеев, кој замина во Пугачов на средба со граѓаните.
Сепак митингот во центарот на Пугачов доведе до нови тензии. Како што соопштуваат очевидци, на митингот се слушнале повик од градот да бидат иселени сите оние што дошле од Чеченија. Додека во администрацијата чиновниците, меѓу кои и раководителот на претставништвото на шефот на Чеченската Република Рамазан Кадиров во Приволжскиот федерален округ Саид-Ахмет Елесов кој допатува во Пугачов, водеа преговори со иницијативниот одбор, жителите кои останаа на плоштадот, почнаа со блокада на трасата Саратов-Самара.
На вториот ден од конфликтот се појави информација дека во градот ќе влезе војска
Како што соопштуваат од полицијата, нивната намера била спречена со тоа што луѓето биле убедени да не го прават тоа. Преговорите во администрацијата траеле до доцна навечер. Раководството на полицијата им упатило апел на граѓаните да ги пријавуваат сите противправни дејствија кои биле извршени врз нив, но луѓето кон овие апели се однесувале со недоверба.
Освен тоа властите ветиле дека соработниците на федералната миграциска служба ќе спроведат проверка за да ги пронајдат граѓаните кои живеат не територијата на реоните без регистрација и за да можат кон нив да ги применат законски предвидените мерки. Претходно беше соопштено дека младичот кој беше обвинет за убиство не е локален жител, ами дека дошол во посета на роднини.
Денес на жителите на Пугачов им се обрати губернаторот на Саратовската област Валериј Радаев кој изрази сочувство до роднините на загинатото момче и ги повика жителите на Пугачов „да не им се препуштаат на емоциите“.
- Ние сме свесно кон какви неповратни последици може да доведе линчот, разгорувањето на ситуацијата, шпекулациите на национални теми... Неконтролираната стихија може со себе да повлече верижна реакција, како резултат на која не се исклучени нови невини жртви. Немаме право да го допуштиме тоа!
Во цивилизираното општество крвната омраза и националната омраза не се начин за решавање на проблемите. Бидете разумни, далековидни и дозволете им на службите за спроведување на законот адекватно да ги оценат настаните и да донесат праведна пресуда, изјави шефот на регионот.
На митингот во Пугачов говореше и таткото на загинатиот Руслан Марџанов, кој исто така ги повика своите земјаци да ги прекинат протестите. Тој смета дека причината за несреќата не се огледа во националните противречности, туку во вотката и во пијанството на младите.
Меѓу другото, во полицијата ги негираа информациите за тоа дека во Пугачов ќе навлезе војска и оклопни возила. За овие информации во службата за односи со јавноста изјавија дека „не соодветствуваат со реалноста“.
Во исто време во саратовските медиуми се појави информација дека во Пугачовскиот регион патролираат соработници од други реони на полицијата. Во главната управа на МВР за регионот оваа информација не ја коментираат. Во полицијата исто така не даваат информации за тоа дали постојат и други приведени во немирите во Пугачов.
- Според нашите сознанија, освен еден убиен, нема други настрадани во Пугачов, - изјави раководителот на службата за односи со јавноста на главната управа на МВР за Саратовската област Дмитриј Расказов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче