Московските бездомници и Џорџ Лукас се фатија за Сноуден

Извор: ИТАР-ТАСС.

Извор: ИТАР-ТАСС.

Од моментот кога Сноуден допатува на аеродромот „Шереметево“ во Москва, не се појави никаква документирана потврда за тоа каде тој навистина се наоѓа. Овој факт стана појдовна точка за развивање на градскиот фолклор.

„Сноуден“ од Џорџ Лукас 

На 4 јули The Voice of Russia, повикувајќи се на whistleblower, објавија сторија за тоа дека Едвард Сноуден воопшто не ни постоел, а целиот скандал околу неговата личност бил измислен пред две години, со цел американската разузнавачка служба при зголемен информациски шум да може поедноставно да скрие вистинска шпионска операција. Исто така беше соопштено дека при разработката на ликот на Сноуден на Американците им помогнал познатиот режисер, авторот на „Војна на ѕвездите“ Џорџ Лукас.

Сноуден се жени

Исто така, на 4 јули на Твитер-профилот на поранешната руска шпионка Ана Чапман (чија приказна своевремено крена не помалку прашина, од приказната на Сноуден) се појави твит во кој таа му предлага брак на Сноуден. Следниот ден, на 5 јуни, на својот Твитер-профил Сноуден објави дека со задоволство би се оженил со Чапман.

Руските бездомници решија да заработат на Сноуден

Во саботата, на 6 јуни, на руската блогосфера се појавија блогови за тоа дека московските бездомници решиле да заработат на приказната на Едвард Сноуден.

Така, на пример, narpolit на својот блог пишува дека некаде околу 18 часот и 20 минути (според московско време) на метро-станицата „Новокузнецкаја“ му се приближило некое момче со брада и, откако му се претставил како соработникот на ЦИА Сноуден, му побарал педесет рубли за да си купи билет за воз до градот Липецк.

На прашањето на блогерот зошто треба да замине во Липецк, Сноуден одговорил дека тој „избегал од затвор“ и оди кај роднини. Ова го потврдила и некоја чудна девојка која стоела до него, а која момчето на нарекувал Сара.

На барањето да го каже бројот на затворот (ова е познат трик – бездомниците бараат педесет рубли и тоа токму за до Липецк, а по барањето да им се каже бројот на затворот каде лежеле, оној што бара пари веднаш заминува) Сноуден одговорил дека во Хонг Конг има само еден затвор. Блогерот не му дал пари и му одговорил „Господ ќе ти даде!“. Потоа Сноуден се скрил.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.