Коњичка извидница

Извор: PhotoXPress.

Извор: PhotoXPress.

Со доаѓањето на летото почнаа да се бараат најнеобичните и најубавите полициски оддели, а тоа се коњичките. Сосема е можно наскоро присуството на коњичките оддели на полицијата да станат задолжителни во секоја градска управа за внатрешни работи. Постојат дури и специјални инструкции за тоа како да се организира кавалеријата на органите за внатрешни работи и на внатрешната војска.

Порт-паролот на Управата за јавен ред и мир на градската управа на МВР на Русија за Москва Наталија Сафонова за „Росијскаја газета“ изјави дека коњичките патроли чуваат 20 паркови зони во престолнината. Нивната задача е заштита од шумски пожари и недозволено палење огнови, заштита на посетителите од хулигани и од крадци, давање на каква била итна помош на луѓето. Во Москва коњите, да се изразиме така, се земени во вооружувањето на Првиот оперативен полк на полицијата. Сè на сè во него служат околу 800 соработници, од кои 395 кавалеристи, а оседлани се 253 коњи. Обично само за еден викенд, кога луѓето најмногу одат во парковите, коњичката полиција локализира од 20 до 30 огнови, околу педесет скари, приведуваат од 15 до 20 нарушители. Она што е важно дека веќе самото појавување на коњаникот веќе дејствува отрезнувачки на оние што го нарушуваат законот, на пример на фудбалските фанови кои дивеат. 

Само во текот на една година во Москва коњичките патроли приведуваат 15 илјади нарушители и пет илјади престапници. 

Околу една третина од кавалеристите се девојки. Обучена кавалеристка во галоп може да му стави лисици на престапникот што бега, а ако е потребно може и да му даде и некој пендрек. Но, кавалеристите не работат поединечно, патролата се извршува исклучиво во двојки. Девојките секогаш имаат партнери мажи, кои се вооружени со пиштол. Освен тоа, во коњичката полиција има и сопружници кои работат заедно. 

Многу е јасно дека соработниците се допуштаат на служба само откако ќе ја поминат професионалната кавалериска подготовка. Што е мошне важно, како основен услов за еден кавалерист, освен да знае добро да јава, е и љубовта кон коњите. Токму ова, по сè изгледам особено и влијае на моралните квалитети на човекот; во коњичките оддели не служат сурови луѓе.

Полициската коњаница не служи само во Москва. Низ Русија во МВР се оседлани околу осумстотини коњи. Најмногу ги има во Централниот и во Приволшскиот федерален округ. Освен тоа, кавалеристите патролираат и во одморалиштата во Краснодарскиот и во Ставрополскиот крај. 

И други субјекти започнаа со формирање на коњички оддели. Кавалериски полкови по примерот на московските, ќе бидат формирани во Московската и во Ленинградската област. Како такви коњичките оддели тука веќе постојат и успешно ги исполнуваат своите задачи. Засега нивната бројка нема да преминува 70 коњи. Освен тоа, своја коњаница се појави и на рускиот север и на Урал. Во малечкиот град Первоуралск во полицијата има осум коњи, а во Петрозаводск – шест. Во Петрозаводск коњите се земаат под наем од младинскиот коњички центар. Тоа е сосема логично: коњите веќе се навикнати на градската средина и не се плашат од големото количество луѓе и од автомобилите. Се очекува дека свои коњи ќе набават и карелските полицајци.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња