ТВ каналот Russia Today постигна милијарда прегледи на Јутјуб

Маргарита Симонјан, главна уредничка на RT. Извор: ИТАР-ТАСС.

Маргарита Симонјан, главна уредничка на RT. Извор: ИТАР-ТАСС.

Информацискиот телевизиски канал Russia Today со својата професионалност започна да ги урива рекордите на Интернет. За ова говорат и последните официјални бројки од Јутјуб, преку кој се емитува програмата на оваа телевизија.

„Ова е исклучителен успех, изјави потпретседател на ‘Гугл’ за дигитални содрќини, Роберт Кинсл. Многу сме горди и заоволни што ТВ каналот RT постигна ваква бројка. Многумина би сакале нивните сајтови да бидат толку постени. Но, за да се постигне таков успех и толку висок рејтинг, неопходно е да се оствари цврста врска со публиката и да се заинтересираат гледачите така што тие повторно ќе се враќаат на вашата програма“, се вели во соопштението за јавноста што е упатено до редакцијата на RT.

„Милијарда посети! Тоа едноставно ве соборува! Од првиот ден на постоење на RT сфативме дека во најблиска иднина борбата за публиката ќе се води преку Интернет, кој всушност претставува глобален медиумски простор. Затоа сме горди што сме најгледани во целиот свет. Со тоа се постигна исклучителен успех. Информациската програма на нашиот канал ја следат главно помладите гледачи, а токму тие утре ќе го обликуваат светот“, вели главната уредничка на RT Маргарита Симонјан.


Информациската програма на нашиот канал ја следат главно помладите гледачи, а токму тие утре ќе го обликуваат светот

Маргарита Симонјан

главна уредничка на RT

„Успехот на телевизискиот канал на RT на Јутјуб е очигледен доказ дека корисниците ја ценат легалната и квалитетна содржина, прилагодена за Интернет-публиката“, додава генералниот директор на ‘Гугл Русија’, Јулија Соловјова.

Во интервју за Интернет-порталот Lenta.ru потпретседателот на Јутјуб за маркетинг, Даниела Тајд уште пред извесно време го предвиде успехот на овој телевизиски канал. „Рускиот телевизиски канал Russia Today е еден од најзначајните партнери на Јутјуб, вели таа во интервјуто. Ретко кој наш партнер може да се пофали со милијарда посети на своите видеоматеријали, а RT е првиот информативен телевизиски канал што ја достигнува оваа бројка. RT се емитува преку Јутјуб уште од 2007 година и е меѓу првиот кој почна да пласира видеосодржини од новата генерација, токму онакви какви што корисниците со задоволство ги гледаат и ги разменуваат“. 

Информациските видеоматеријали на каналот RT во 2011 беа прогласени за најгледани на Јутјуб. По една година, американскиот истражувачки центар The Pew Research Center ја прогласи RT за главен емитер на вести на Јутјуб. 

Каналот RT емитуваше 22 од 260 најгледани видеоматеријали на Јутјуб. Затоа Russia Today многу понапред од Fox News и од BBC. Партнерството со Јутјуб досега на телевизискиот канал Russia Today му донесе профит од повеќе од 1.8 милиони долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.