Да се остане или да се замине?

Сергеј Гуриев (лево) у Гари Каспаров (десно). Извор: Ројтерс, ИТАР-ТАСС.

Сергеј Гуриев (лево) у Гари Каспаров (десно). Извор: Ројтерс, ИТАР-ТАСС.

Во исто време двајца големи претставници на руската интелигенција, кои отворено ги искажуваат своите различни погледи од власта, во текот на една недела излегоа со изјава за политичка емиграција.

Во почетокот на јуни светскиот шампион во шах и опозиционер Гари Каспаров на прес-конференција во Женева изјави дека засега нема намера да се врати во Русија. Една недела претходно беше обелоденето дека исто такво решение има донесено и еден од најавторитетните руски економисти Сергеј Гуриев. Зборувајќи за своите причини за своето заминување, Каспаров и Гуриев дадоа на знаење дека сериозно се исплашени од политички прогон на територијата на Русија.

Според оценките на еден од лидерите на либерално-демократското движење „Солидарност“, Илја Јашин, околу 50 лица од групата активисти што протестираат ја напуштиле Русија во последнава година, плашејќи се да не видат уапсени. Заминувањето на Гуриев е прв пример на емиграција на претставник на елитата, кој истапува со конструктивна критика кон власта и кој во исто време соработува со неа.

Околу 50 лица од групата активисти што протестираат ја напуштиле Русија во последнава година, плашејќи се да не видат уапсени

Пред Илја Јашин изборот за тоа дали да замине или да остане се појави пред една година кога по претресот беше повикан на испрашување. „Еден ден пред испрашувањето една новинарка од една државна информациска агенција ми се јави и ми кажа дека видела соопштение за мое приведување на кое стоело утрешната дата, - вели Јашин. – Имав сложена ноќ исполнета со размислување, но го направив својот избор – немам намера да се кријам и да бегам.“

Истиот избор го направи и популарниот граѓански активист Алексеј Наваљни, кој многу брзо се здоби со популарност, а кого многумина го сметаат за потенцијално најопасен ривал на Владимир Путин. Пред за него да бидат поднесени пет кривични пријави и пред да се направи претрес кај него и кај членови на неговото семејство, властите му навестија на Наваљни дека неговото присуство во земјата е несакано.

Од јули минатата година Наваљни се наоѓа на листата на граѓани на кои им е забрането напуштањето на државата како обвинет во случајот за крадење дрва, кои многумина го нарекуваат политички монтиран. Така, според мислењето на поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин, „во обвинителниот акт се ставаат под сомнение основите на пазарните односи во Русија“.

Да се остане или не – секој сам си решава. „Луѓето што заминуваат, дезертерите – тие ќе бидат лоши граѓани за која било земја. Ова е зашто тие својата главна војна веќе ја имаат изгубени“, - изјави во една емисија на радиото „Ехо Москви“ учесничката на дисидентското движење Валерија Новодворскаја, која повеќе пати била апсена за антисоветска пропаганда и која била испраќана на принудно лекување во седумдесеттите и во осумдесеттите години од минатиот век.

„Човек кој е граѓански активен е должен со сета сила да избегне да се најде зад решетки: Рускиот пенитенцијарен систем е насочен кон уништување на човекот, кон кршење на неговиот карактер и на неговата волја, па затоа на разумен човек не му е потребно доброволно да се предава себеси на таква жртва“, смета новинарот и издавач Сергеј Пархоменко, кој, како и Илја Јашин и Алексеј Наваљни, влегува во Координацискиот совет на руската опозиција.

Во услови на емиграција технолошки е сосема можно да се продолжи со контакт со своите истомисленици, иако, наоѓајќи се во странство, човекот ја губи острината, јасноста и оперативноста на сфаќањето за она што се случува во земјата, признава Парохменко.

Тенденцијата на притисок врз граѓанските активисти, кои имаат своја гледна точка за она што се случува во Русија постои долги години, вели тој.

„Сега тоа го достигна степенот кога овие луѓе, кои досега се чинеа прилично заштитени, се уверија дека нивната заштита е сосема несигурна“, додава Парохменко.

Сосема поинаква гледна точка има социологот Олга Криштановскаја која во 2009 година влезе во владејачката прокремљовска партија „Единствена Русија“.

„Сега не постои потреба, како во советско време, да се емигрира скандалозно, без помисла за враќање, сега можеш да живееш онаму каде што сакаш“, вели Криштановскаја. Според нејзиното мислење изјавата на Каспаров за емиграција – „е толку силен пи-ар: Каспаров и онака поголем дел од времето го поминува во странство“.

„Во интерес на Кремљ е овие луѓе, како Каспаров, е да се држат во Русија и да бидат пример за тоа дека тие тука немаат голема поддршка, вели професорот од катедрата за споредбена политикологија на Вишата школа за економија Николај Петров. – Туркајќи ги нив во странство, власта ги прави политички прогонети, вештачки разработувајќи им политички капитал“.


Путин сака да подвлече дека не постои никаква драма, дека нема никаков специјален прогон, дека тој човек не е толку важна птица во политичка смисла, за државата да почне да го гони

Олга Криштановскаја,

социолог


Одговарајќи на прашањето за закана од кривично гонење Гуриев за време на прес-конференцијата на 4 јуни, Владимир Путин рече дека неодамна за првпат го слушнал неговото презиме. Меѓу другото, пред да замине во странство Гуриев беше на челото на еден од водечките факултети во земјата – Руската економска школа, влегува во првите сто лица на претседателскиот список на управувачката елита на Русија.

Путин додаде дека ако Гуриев „не направил никаков престап, за него 100% не постои никаква закана“. „Ако сака да се врати, нека се врати; тој е слободен човек и ако сака да живее во Париз, нека си живее во Париз“, рече претседателот.

„Тоа што него всушност го истуркаа од земјата, а Путин притоа покажува дека тој и не е многу потребен тука е сериозно негативен сигнал за огромен број експерти кои живеат во земјава, - забележува Николај Петров. – Притоа овој сигнал не го прима електоратот на Путин. Тие и не знаат кој е тој Гуриев“.

Според мислењето на Олга Криштановскаја, „Путин сака да подвлече дека не постои никаква драма, дека нема никаков специјален прогон, дека тој човек не е толку важна птица во политичка смисла, за државата да почне да го гони“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.