Мирисот на ураниум на Балканот

Офицер на Југословенската армија покрај радиоактивно поле во село Рељина кај Прешево, 7 јануари 2001 година. Извор: Ројтерс.

Офицер на Југословенската армија покрај радиоактивно поле во село Рељина кај Прешево, 7 јануари 2001 година. Извор: Ројтерс.

Голем број армии од различни држави во светот имаат муниција со осиромашен ураниум „за црни денови“, но само САД се подготвени да ја употребат во сите воени акции каде што е потребен брз успех.

Западот нема обичај да евоцира спомени за „оваа“ воена операција. Ова кратко истражување е посветено на една од најнерасветлените епизоди од војната, во која Американците користеа боеви глави со осиромашен ураниум. Од овој вид муниција настрадаа и Србија и соседна Македонија, но и самите војници на НАТО. 

За нив скандалот изби во 2001 година, кога од леукемија починаа 18 војници на мировниот контингент на НАТО на Косово: 7 Италијанци, 5 Белгијци, 2 Холанѓани, 2 Шпанци и по еден претставник од Португалија и од Чешка. Освен тоа, на 30 италијански, 8 шпански, 4 француски и 4 белгиски војници им беше дијагностициран рак на крвта. Истата дијагноза беше поставена и кај војници од Унгарија, Данска, Германија, Велика Британија и од други земји. Подоцна, специјална комисија на Обединетите нации утврди дека сите тие се наоѓале на територија што била изложена на влијанието на американското оружје со осиромашен ураниум.

Проектилите со ураниум летаат со брзина од околу 2 километри во секунда (за разлика од обичните, кои летаат со брзина од 1,5 до 1,7 километри во секунда) и тие не се „сплоснуваат“ при удар во зграда или при удар врз оклопна цел. Напротив, јадрото на ураниумот, при удар, станува уште „поостро“. По пробивањето на оклопот, остатоците од јадрото се палат и предизвикуваат пожар во внатрешноста на тенкот или на оклопниот транспортер, полнејќи ја кабината со отровни гасови.  Извор: Гети Имиџис / Фотобанк.


Комисијата на ООН кон крајот на 2001 година спроведе истрага во поранешна Југославија, со која беа опфатени и проверени 11 објекти на Косово, при што дојде до заклучок дека сите објекти се загадени со радиоактивни елементи и дека водата во регионот не е за пиење. На мировниците и на хуманитарните мисии во зоната на конфликтот им беше препорачано да ги избегнуваат контаминираните објекти и да не пијат вода од оваа област.

Според експертите, за деконтаминација на оваа областа би биле потребни неколку милијарди долари. Меѓутоа, САД и нивните сојузници од НАТО воопшто не реагираа на оваа изјава.

Не постои причина да не им се верува на меѓународните инспекции што вршеа мониторинг на територијата на Србија. Некои од нив работеа на иницијатива на самите учесници во вооружениот конфликт, меѓу другото, бидејќи заболуваа и војници на „мировниот“ контингент.

Всушност, Европејците го отворија прашањето за употреба на муницијата со осиромашен ураниум. Но, поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт ги замолчи партнерите со изјавата дека „не постојат факти што здравствените проблеми на војниците би можеле да ги поврзат со муницијата со осиромашен ураниум“.

Индикативно е тоа што најмногу заболени има во италијанскиот контингент на мировните сили, а Италијанците се наоѓа на границата со Албанија, каде што муницијата со осиромашен ураниум беше употребена во големи количини. Во зоната на одговорноста на Американците, никој не заболе – на нивното подрачје таква муниција практично и не беше користена. Не настрадаа ниту руските мировници, бидејќи по поделбата на Косово на зони на одговорност, тие добија сектор во близина на американските војници.

За Западот скандалот изби во 2001 година, кога од леукемија починаа 18 војници од контингентот на НАТО на Косово

Во Југославија беа применети четири вида муниција со осиромашен ураниум. За пробивање на меѓукатните конструкции во зградите беа користени бомби долги шест метри. Бомбите, всушност, беа цевки од ураниум тешки по 100 килограми, во соодветна обвивка со кумулативно полнење од тротил. За борба против моторизираната техника се користеа антиоклопни проектили тешки 3,2 килограми со јадро од ураниум. Пистите беа гаѓани со касетни бомби наполнети со парчиња ураниум, со тежина од 600 килограми, кои се разлетуваа по пистата и правеа јами од 10 квадратни метри. Военото воздухопловство, пак, користи проектили тешки по 500 г. Ова оружје е најмногу применувано на Косово и во јужна Србија, односно таму каде што регуларната српска армија најжестоко им се спротивстави на сојузничките трупи.Осиромашениот ураниум (У-238) е спореден производ што се добива при збогатување на ураниумот и се третира како индустриски отпад. Но, според зборовите на професорот на Воената академија, Вадим Козјулин, осиромашениот ураниум, поради својата густина и тежина (речиси 70% е погуст и потежок од оловото), активно се користи во воената индустрија како компонента во производството на оклопот и на јадрото на проектилите, иако се работи за многу токсичен материјал. Периодот на неговото полураспаѓање е 4,5 милијарди години.

Комисијата на ООН кон крајот на 2001 година спроведе истрага во поранешна Југославија, со која беа опфатени и проверени 11 објекти на Косово, при што дојде до заклучок дека сите објекти се загадени со радиоактивни елементи и дека водата во овој регион не е за пиење. Извор: Ројтерс.

Сепак, за војската на САД сите негови штетните ефекти, во споредба со резултатите што тој ги дава во војната, се во втор план. Муницијата направена врз база на ураниумот има помала површина, а со самото тоа има и помал отпор кон воздухот, што значи дека побрзо лета и целта ја погодува со поголема сила. Ваквите проектили летаат со брзина од околу 2 км /с (за разлика од обичните, кои летаат со брзина од 1,5-1,7 км /с) и тие не се „сплоснуваат“ при удар во зграда или удар врз блиндираната цел. По пробивање на оклопот, остатоците на јадрото се палат и предизвикуваат пожар во внатрешноста на тенкот или на оклопниот транспортер, полнејќи ја кабината со отровни гасови. Сето ова во голема мера ја зголемува ефикасноста на примената на ваквата муниција.

Повеќето држави што имаат ваква муниција неа ја чуваат за „црни денови“, во случај да дојде до глобална војна, и не се фалат поради тоа што ја поседуваат. Вашингтон, пак, во своите вооружени сили ја користи како главно ударно средство. САД денес имаат над 50% проектили со компоненти на ураниум и подготвени се да ги употребат во сите воени акции каде што е потребно да се постигне брз успех. На пример, за само 3 недели на воени дејства против Ирак во 2003 година, пешадијата и моторизираните единици на САД потрошија 9552 тенковски проектили и 1.700.000 проектили со осиромашен ураниум од помал калибар. По Заливската војна Пентагон и официјално призна дека на територијата на Ирак биле фрлени 31 тон ураниум.

Вадим Козјулин забележува дека, за жал, муницијата со осиромашен ураниум официјално не спаѓа во забранетите видови оружје. Оттаму, Белград денес не може да упати каков било приговор до Вашингтон. Згора на тоа, дури и ако дојде до договор за забрана за употреба на муницијата што содржи осиромашен ураниум, тој нема да биде ратификуван ниту од Вашингтон, ниту од Москва, ниту од Пекинг.

Во зоната на одговорност на Американците на Косово никој не заболе – на нивното подрачје таква муниција практично и не беше  користена. Не настрадаа ниту руските мировници, бидејќи по поделбата на Косово на зони на одговорност тие добија сектор во близина на американските војници.

Козјулин смета дека ваквата ситуација е резултат на поделбата на светот на оние што сериозно се подготвуваат за војна и оние што сметаат дека во случај на војна ќе можат да се сокријат зад туѓ грб. Ова, кога станува збор за дваесетте земји што поседуваат муниција со осиромашен ураниум, е делумно точно. Повеќето од овие земји применувале или применуваат воена сила.

Што се однесува до „мирољубивите“ сојузници од НАТО што предлагаат мерки за ограничување на овој вид муниција, нив, едноставно, никој не ги слуша, со оглед на безначајното учество на овие земји во мировните операции на Алијансата.

Згора на сè, осиромашениот ураниум е најевтиниот, а во исто време и најефикасниот метал. Најблизок конкурент му е волфрамот, а тој е многу скап и далеку помалку го има во природата. Поради овие причини, Армијата на САД во скоро време нема да се откаже од муницијата со осиромашен ураниум, чија примена, без соодветен договор, ќе биде легитимна.

Авторот е резервен капетан од трет ранг и воен експерт.

Кој има и кој (не) користи муниција што содржи осиромашен ураниум


Руската армија во својот арсенал има проектили со ураниум. Се работи главно за муниција за тенковите T-72/80 и Т-90. Сепак, како што во 2001 година соопшти генерал-мајорот Евгениј Кулешов, вршител на должноста шеф на ракетните и артилериски единици, ниту советските, ниту руските вооружени сили, никогаш во воен конфликт не употребиле таква муниција.

Осиромашениот ураниум е спореден производ од збогатувањето на ураниумот. Оттука, тврдењето дека е тоа „нуклеарен отпад“ од реакторите, што преку бомби евтино „се складира“, не е целосно точно. Муниција со осиромашен ураниум денес имаат армиите на над 20 држави: САД, Велика Британија, Франција, Русија, Кина, Индија, Саудиска Арабија, Израел, Бахреин, Египет, Кувајт, Пакистан, Тајланд, Ирак, Тајван, итн. Но, таа се користи само од страна на САД.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња