Една година од владата на Медведев

Извор: Reuters.

Извор: Reuters.

Првата година од работата на кабинетот на Дмитриј Медведев експертите ја оценуваат различно. Но, сите тие имаат едно заедничко мислење, а тоа е дека владата стана „техничка“, како што беше случајот и во вториот претседателски мандат на Владимир Путин. Експертите сметаат дека со ваков претседател и владата може да биде само ваква, додека во окружувањето на господин Путин не може да постојат самостојни политички играчи. Со оглед на тоа засега не се прогнозира оставка на владата на Дмитриј Медведев.

„Не е полесно да се биде премиер од претседател“, вака Дмитриј Медведев го опиша своето „прво емоционално набљудување“ од работата во Белата куќа. „Ситуацијата е средна: не се случува ништо премногу драматично, но и ништо добро не се случува. И ова, најверојатно, најмногу ги нервира сите“. 

„Сложената економска ситуација“ не е единствената сложност со која се судри владата на Дмитриј Медведев, забележува генералниот директор на Меѓународниот институт за политичка експертиза Евгениј Минченко во рефератот „Една година од владата на Дмитриј Медведев. Резултати и перспективи“. Според него, „со целата вертикала на извршната власт раководи лично претседателот“. Ќе потсетиме дека голем број поранешни министри станаа помошници и советници на господин Путин, а екс-министерот на економски развој Ељвира Набиулина, која една година беше помошник на претседателот, наскоро ќе стане гувернер на Централната банка.

Промените во односот кон Дмитриј Медведев значат дека откако тој го нема статусот на шеф на државата „престана да биде восприеман и како самостојна политичка фигура“

Господин Минченко исто така забележува дека „владата на Медведев уште од самиот почеток се најде во многу постегнати услови од владата на Путин во 2008 година“. Своевремено Владимир Путин застана на челото на владата по успешните за неговата парија парламентарни избори. Дмитриј Медведев стана премиер по изборите, на кои партијата на власт имаше послаби резултати, без оглед на тоа што нејзиниот список беше предводен од господинот Медведев. Згора на тоа, по изборите започнаа масовни протести. 

Покрај другото, владата уште пред нејзиното формирање доби задача од новиот претседател за извршување на неговиот указ од 6 мај. Експертите сè уште се сомневаат дека овие укази, земени во целост, можат да бидат исполнети. На крајот на краиштата поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин, настапувајќи на заседанието на „Отворена трибина“ на партијата Единствена Русија, зборуваше за тоа дека, на пример, претседателскиот указ за зголемување на платите на буџетарите може да биде исполнет доколку се откажеме од инвестициската клима, за која се бара подобрување во еден друг указ од 6 мај. Притоа претседателот на Државниот ревизор соопшти дека за реализација на претседателските укази потребни се 700 милијарди рубли (повеќе од 23 милијарди американски долари).

Сите овие „сложености“ делумно и беа причина за намалување на рејтингот на довербата на кабинетот на Дмитриј Медведев 

Сите овие „сложености“ делумно и беа причина за намалување на рејтингот на довербата на кабинетот на Дмитриј Медведев, објаснуваат водечките социолошки служби во земјата. Доколку во мај минатата година работата на владата според податоците на „Левада-центар“ ја одобруваа 53% од Русите, денес тој процент изнесува 44. Сега, оние што не ја одобруваат нејзината работа се 55%, иако пред една година беа 46%. 

Серускиот центар за истражување на јавното мислење, пак, исто така забележува намалување на довербата кон владата. „Ваквата промена, во извесна смисла е закономерна“, смета претседателот на центарот Василиј Фјодоров, имајќи го предвид фактот дека Владимир Путин стана претседател. А, за време на „претседателот Путин јавноста веќе во 2003 година ја сметаше владата за технички орган“. 

Промените во односот кон Дмитриј Медведев значат дека откако тој го нема статусот на шеф на државата „престана да биде восприеман и како самостојна политичка фигура“, смета претседателот на Институтот за современ развој Игор Јургенс. За време на претседателствувањето господинот Медведев доби имиџ на либерал, потсетува експертот. Токму затоа на негов втор претседателски мандат се надеваше „либералното крило на владејачката елита“. Но, Дмитриј Медведев застана на чело на Единствена Русија, јавно изјаснувајќи се за конзервативец. „И остана во тимот на Владимир Путин, во чие окружување не може да постојат самостојни политички фигури“, смета господин Јургенс. 

Како резултат на тоа никој од експертите не прогнозира оставка на владата. „Можни се оставки на одредени министри“, смета директорот на Центарот за политички информации Алексеј Мухин. Впрочем, кадровските решенија во целост ќе зависат од економската ситуација, подвлекува Евгениј Минченко. 

Подробно на: www.kommersant.ru

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.