Во Москва се зборува за европската безбедност

Извор: Flickr.com

Извор: Flickr.com

Русија ќе ги изнесе своите мислења за проблемите на европската безбедност и ќе се обиде да допре до западните партнери.

Утринава во Москва се отвори дводневната меѓународна конференција „Воените и политичките аспекти на европската безбедност“, што ја организира руското министерство за одбрана.

На неа учествуваат повеќе од 250 лица, меѓу кои и претседателот на управата на претседателот на Руската Федерација Сергеј Иванов, министерот за одбрана и генерал на војската Сергеј Шојгу, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, потполковникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија генерал на војската Валериј Герасимов и генералниот секретар на Организацијата на договорот за заедничка безбедност Николај Бордјужа.

Освен тоа, на конференцијата присуствува и францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дрен, заменикот на генералниот секретар на НАТО Дирк Бренглеман, помошникот на заменикот на американскиот државен секретар Евелин Фаркас и други шефови на одбранбените ресори на европските држави и на меѓународните организации.

На Запад не постои форум каде руските генерали би можеле отворено и чесно да го изложат своето мислење околу проблемите на европската безбедност, односно не постои место на кое тие би биле сослушани

Москва не е избрана случајно. Според мислењето на руската страна, на Запад (во Брисел, Париз, Стразбур или во Вашингтон) не постои форум каде руските генерали би можеле отворено и чесно да го изложат своето мислење околу проблемите на европската безбедност, односно не постои место на кое тие би биле сослушани.

Учесниците имаат различни ставови околу решавањето на проблемот на безбедноста. На пример, мерките што ги предлагаат САД, државите на НАТО и поголемиот број држави на Европската Унија (како што е системот за противракетна одбрана) не ѝ одговараат на Русија. Зад нив, според мислењето на руските воени стручњаци, може да се види обид за деградирање и за уништување на рускиот систем за стратешка поделба на силите.

Русија тоа не може да си го дозволи и конференцијата, која веќе долги години ја организира министерството за одбрана, ќе се обиде да ја изложи вознемиреноста на Москва во врска со ова прашање.

Москва не е избрана случајно. Според мислењето на руската страна, на Запад (во Брисел, Париз, Стразбур или во Вашингтон) не постои форум каде руските генерали би можеле отворено и чесно да го изложат своето мислење околу проблемите на европската безбедност, односно не постои место на кое тие би биле сослушани. Во Собранието Русија-НАТО на сила е евроатлантската солидарност и Русија истапува сама против дваесет и две членки. Конференцијата во Минхен дава можност за реферат на само еден или двајца претставници на Русија, па затоа има многу повеќе говорници од евроатлантските структури.

На конференцијата се обработува и темата за контролата на конвенционалното вооружување, за прашањето за заштита на вселената од продирањето на каков било тип оружје

Кои идеи сака руската страна да им ги соопшти на учесниците на конференцијата? Според зборовите на Евгениј Иљин, заменик на шефот на Главната управа за меѓународна воена соработка при Министерството за одбрана на Русија, руските учесници сакаат, пред сè, да ги истакнат начините на приод на воениот ресор кон проблематиката на осигурување на безбедноста на европскиот континент, да ги поттикнат ресорните лица и стручњаците кон потрага за алтернативни решенија. Значи, планираат да зборуваат за проблемите на системот за противракетна одбрана, за намалување на нуклеарниот арсенал, вклучувајќи го и американскиот што се наоѓа во Европа.

Исто така на конференцијата се обработува и темата за контролата на конвенционалното вооружување, за прашањето за заштита на вселената од продирањето на каков било тип оружје, за вистинската, а не за пропагандната борба со меѓународниот тероризам, со религиозниот екстремизам, ширењето ракетни и нуклеарни технологии и за незаконската миграција.

Освен тоа, учесниците расправаат и за воспоставување партнерски односи помеѓу Москва и Брисел на политичко и на воено ниво.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња