Со што сака Русија да ја вооружи Турција?

Ка-52. Извор: Snake Eyes.

Ка-52. Извор: Snake Eyes.

Најновите руски ударни хеликоптери Ка-52 „Алигатор“,Ми-28НЭ „Ноќен ловец“, зенитниот ракетен систем С-300В „Антеј-2500“ и боевата машина за тенковите БМПТ, која во руската армија се нарекува „Терминатор“ – се најважните новини и атракции на руската експозиција на Истанбулската меѓународна изложба на вооружување и на воена техника IDEF-2013 која заврши деновиве.

Турција е член на НАТО и зависи од понудата на американското и на европското оружје. Москва во повеќе наврати се обидуваше да ја смени ситуацијата. Да ги заинтересира турските воени лица со своите технолошки новини. Првиот неуспешен обид беше тендерот за набавка во средината на деведесеттите години од минатиот век за 145 ударни хеликоптери за сума од 5 милијарди американски долари. Тогаш Москва го понуди своето последно ноу-хау – ударниот хеликоптер Ка-50 „Црна ајкула“. За да победи на тендерот „Црната ајкула“ дури и ја преименуваа, сметајќи на турскиот менталитет, па таа го доби името „Ердоган“. Како прво тоа беше презимето на премиерот на Турција, а како второ, тоа во превод на турски значи „сокол“. На тендерот на Русија ривал ѝ беше американскиот хеликоптер „Бел“. Понудата на Вашингтон беше послаба според сите параметри, но како што велат специјалистите, Американците едноставно ја „притиснаа“ Анкара. Како резултат на тоа тендерот пропадна. 


„Конкурс“ на конкурс 

Вториот обид да влезе на турскиот пазар Русија го имаше во 2009 година. Тогаш државната компанија „Рособоронекспорт“ успеа да ги победи израелската државна компанија Rafael и американската Raytheon на тендерот за испорака на Турција на 80 противтенковски ракетни комплекси со среден дострел и со 800 ракети за нов. Какви противтенковски ракетни комплекси учествуваа на тендерот не се соопштуваше. 

Впрочем, специјалистите определија дека на карактеристиките што беа дадени на тендерот во Русија соодветствувал противтенковскиот ракетен комплекс „Конкурс-М“. 

Со што тој можеше да ги победи конкурентите (израелските Mapats, Nimrod, американските TOW2A, TOW2B и Hellfire)? Не само со цената, уверени се специјалистите, туку и со боевите карактеристики. Руските противтенковски комплекси се поефикасни од конкурентските според низа карактеристики: дострелот и моќноста. На пример, тие спокојно го пробиваат првиот, динамички слој за заштита на сите видови современа оклопна техника, а потоа го „горат“ и самиот оклоп со дебелина од повеќе од половина метар. По потреба од противтенковскиот ракетен комплекс може да се пука и на хеликоптер. „Конкурс“ може да се употребува и на оклопна техника, на автомобил или да се користи и како преносен фрлач. Доколку противникот ја заслепи оптичката глава за насочување на проектилот, операторот може да премине на рачен режим на управување и сепак да ја погоди целта. 


„Алигатори“ vs. „Кобри“

 Ми-28НЭ „Ноќен ловец“.  Извор: Виталиј Кузмин. 

На оваа изложба на IDEF-2013 Москва, како и претходно, стави акцент на најтехнолошките новитети. 

Русија одново предложи создавање база на Ка-50 со ударните хеликоптери Ка-52 „Алигатор“ и новиот Ми-28НЭ „Ноќен ловец“. Акцентот се става зашто Турција чувствува голем недостиг од ударни хеликоптери. 

Анкара се обиде да го компензира недостигот со помош на Вашингтон. Но, САД го одбија турското барање за купување хеликоптери AH-1W „Супер Кобра“, објаснувајќи го ваквиот чекор со недостиг на дополнителна сила за производство на овие машини. Во ваков случај позицијата на Москва повторно изгледа посилна: Ка-52 и Ми-28НЭ се во употреба во руската армија и се произведуваат сериски, така што не обременувајќи се со какви и да се економски или политички состојби, Москва може во секој момент да започне со нивната испорака. 


Ракети и топови за заштита на небото 

Ракетен комплекс С-300В „Антеј-2500“. Извор: Виталиј Кузмин.

Најинтересно може да се смета понудата за заедничка разработка со Анкара на зенитно-ракетен систем. За негова основа може да се земе рускиот комплекс С-300В „Антеј-2500“. Неговите особености се во тоа што оваа машина е направена на гасенична база и може да дејствува во предните редови кои одат во напад или во одбранбената војска. На пример С-300 ПМУ2, што Москва го испорача на Грција, не може да го прави тоа и е наменет за прикривање на стационарни објекти. Како дополнување на „Антеј“ Москва ги нуди и зенитно-ракетните комплекси „Бук-М2Э“, „Тор-М2Э“ и ракетно-топовскиот „Панцир-С1“, кои исто така во целост се мобилни и се наменети за прикривање на предните редови.

 

„Панцир“

Во оваа низа „Панцир“ е најинтересен и најперспективен. Тој е изработен според модуларниот тип. Односно „боевиот блок“ на радиолокациската станица и зенитните ракети можат да бидат поставени на тркала или на гасенична шасија, во состав на бродското вооружување или како стационарен уред. Во себе вклучува два 30-милиметарски автоматски топа. Како дополнување доаѓа и „пакет“ од 2 блока со по шест хиперсонични зенитни ракети. Дострелот изнесува 12 километри, на висина од 5 метри. Главната особина на ракетите е и во тоа што за нив не е потребно време за подготовка за старт и може да се гаѓа по цели за време на движење. Денес „Панцир“ го користат најблиските соседи на Турција: Сирија, Ирак, Иран и ОАЕ.

 

...и терминатор

БМПТ „Терминатор“. Извор: Вадим Оклад.

Русија за првпат во Истанбул ја претстави боевата машина со огнена поддршка „Терминатор“. Тоа е шасија од тенкот Т-90, на која се наоѓа блок од два автоматски 30-милиметарски топа 2А42, 4 лансирачки уреди кои управуваат со противтенковските ракети „Штурм-С“, со најновиот фрлач „Корд“ и два автоматски 30-милиметарски ракетни фрлачи АГ-17Д.

 

Оклопна техника на продажба

Во макети беа изложени: тенкот Т-90С, боевата пешадиска машина БМП 3М, оклопните транспортери БТР-80 и БТР-80А, мултилансирачкиот ракетен систем „Смерч“, противтенковските ракетни комплекси „Корнет-Э“ и „Метис М1“, 152-милиметарската самодвижечка хаубица „Мста-С“, 120-милиметарското самодвижечко артилериско орудие „Нона-С“, самодвижечкиот автоматизиран артилериски комплекс „Вена“.

 

Воено-морски новини 

Ракетен брод на воздушна перница „Бора“. Извор: РИА Новости / Игор Зарембо 

Посебен дел на рускиот штанд беше наменет за военое-морската техника. На саемот беше демонстриран десантниот чамец на воздушна перница „Мурена-Э“, кој може да стане ефикасна компонента на деснатните бродови-докови. Чамецот може да товари и да истовари воена техника и личен состав на опремен или на неопремен брег. На потенцијалните странски клиенти исто така им се нуди и фрегатата „Гепард-3.9“ и експресниот патролен чамец од проектот 12150 „Мангуст“. Како поддршка од Севастопол во неофицијална посета на Истанбул намина и рускиот ракетен брод на воздушна перница „Бора“.

Перспективи

Толку големото присуство на IDEF-2013 челникот на руската делегација, заменик-директорот на компанијата „Рособоронекспорт“ Анатолиј Аксјонов ја објаснува со тоа што Турција е првата земја-членка на НАТО со која се воспоставени блиски воено-технички односи. Без оглед на тоа што севкупниот обем во СТО помеѓу Москва и Анкара не надминува 1% од обртот на „Рособоронекспорт“, сепак постојат перспективи за негово зголемување. За тоа зборуваат и проблемите на Турција за добивање неопходна воена техника и вооружување од партнерите во НАТО. Со тоа се зголемува воената соработка помеѓу Москва и Анкара. Една од точките на таа соработка е заедничката патрола на воено-морската флота на Русија и воено-морските сили на Турција во Средоземното море со цел спречување нелегално пренесување на оружје и техника, во рамките на програмата на Североатлатскиот сојуз „Активна сила“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.