Роман Абрамович – најдарежливиот руски мецена

Роман Абрамович. Извор: РИА Новости / Алексеј Куденко.

Роман Абрамович. Извор: РИА Новости / Алексеј Куденко.

Роман Абрамович, според агенцијата Bloomberg, е најдарежливиот руски мецена. Во текот на последниве три години во добротворни цели има дадено 310 милиони долари, а од почетокот на овој милениум сумата надминува 2.5 милијарди долари.

Роман Абрамович, сопственик на Millhouse Capital и на лондонскиот фудбалски клуб Челзи, стана најдарежлив руски бизнисмен во последниве три години, издвојувајќи за добротворни цели околу 310 милиони долари од својот имот (кој е проценет на 12.8 милијарди долари), известува агенцијата Bloomberg. 

Според пресметките на агенцијата, во текот на изминатите три години 46-годишниот Абрамович за добротворни цели издвоил повеќе средства од кој било друг богат руски граѓанин. За социјалните потреби на Чукотка, руска покраина на крајниот исток од земјата во која тој порано беше губернатор, издвоил околу 98 милиони долари.

Кога Абрамович стана губернатор, цела Чукотка стана едно големо градилиште. Трошеше сопствени пари.

Абрамович осум години (од 2000 година) беше на чело на северниот регион кој граничи со американската Алјаска. Во советско време Чукотка имаше своја стратешка задача – беше на нуклеарно дежурство за време на Студената војна. Но, војната заврши, подрачјето ја изгуби својата стратешка важност, целиот регион стана запуштен. Бројот на жители се намали за трипати, а нејзината инфраструктура се распадна. „Кога Абрамович стана губернатор, цела Чукотка стана едно големо градилиште. Трошеше сопствени пари“, објаснува еден од очевидците. 

Во Андир, административниот центар на Чукотскиот автономен округ, повторно се изгради дома на културата и зграда на администрацијата, се појави стадион со лизгалиште, современо кино во облик на стаклен леден брег и забавен центар. Градот доби перлана, фитнес клуб, обновени се хотелите, а исто така е воведен Интернет и мобилна мрежа. Урнати се старите куќи, а на нивните места се изградени семејни нискоенергетски по углед на американскиот принцип. За жителите на Чукотка новите куќи беа бесплатни.


Во последниве години натпросечните руски богаташи почнаа да посветуваат повеќе внимание на оние нешта што можат да ги подобрат животните услови.

 

Едуард Мермељштејн

адвокат од Њујорк 

Од 1999 година приватните инвестиции на Абрамович во Чукотка, според податоците на Bloomberg, изнесуваат повеќе од 2.5 милијарди долари, што отприлика е 179 милиони долари годишно. 

Освен тоа, Роман Абрамович издвои 65 милиони долари за поддршка на омскиот хокеарски клуб Авангард, а исто така и 52 милиони долари за Федерацијата на еврејската заедница во Русија и за Еврејскиот фонд. 

Второто место на ранг-листата на Bloomberg го зазеде Алишер Усманов, сопственик на Металоинвест. Најбогатиот човек во Русија издвоил 247 милиони долари за добротворни цели. Виктор Векселберг, претседател на собранието на групата Ренова, го зазеде третото место со 160 милиони долари. 

Според податоците на стручњаците, руските милијардери сè повеќе даваат пари за добротворни цели. „Станува збор за тоа што во последниве години натпросечните руски богаташи почнаа да посветуваат повеќе внимание на оние нешта што можат да ги подобрат животните услови“, вели Едуард Мермељштејн, адвокат од Њујорк.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња