Русија им одговара на САД со воздушна база во Белорусија

Карикатура: Нијаз Карим.

Карикатура: Нијаз Карим.

Москва објави дека ќе отвори нова авиобаза кај својот сосед. Ова, се чини, дека е одговор на поставувањето на ЕвроПРО од страна на САД во Европа.

Посетата на министерот за одбрана на Русија генералот на армијата Сергеј Шојгу на Белорусија, како и неговите преговори со генерал-поручникот Јуриј Жадобин и средбата со шефот на државата Александар Лукашенко резултираше со вистинска сензација. Русија донесе одлика да размести своја воздухопловна база во Белорусија.

За создавањето на базата уште претходно се беа договориле претседателите Владимир Путин и Александар Лукашенко, но оваа одлука не беше објавена сè до посетата на Сергеј Шојгу на Минск. 

Според министерот за одбрана на Руската Федерација, најпрво во Белорусија ќе биде опремена воздухопловната команда (официјално не се соопштува на кој аеродром), а потоа на борбено дежурство ќе биде испратен одред руски ловци (тоа се најмалку три авиона), а до 2015 година во Белорусија ќе биде стациониран цел авијатички полк. 

„За понатаму планираме да ги разгледаме прашањата што се неопходни за зајакнување на одбранбената способност на нашите колеги и на нашите браќа во Белорусија“, изјави Шојгу. За таа цел во Минск во 2014 ќе бидат испратени четири дивизиони противавионски ракетни системи С-300. 

Зошто во Белорусија се создава руска воздухопловна база? За тоа постојат барем неколку сериозни причини. 

Како прво, Русија и Белорусија се членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ). Москва и Минск се стратешки поврзани на билатерална основа. Веќе подолго време постои обединета групација на воените трупи на Белорусија и Русија (во која од Руската Федерација се вклучени одредени единици на Московскиот воен округ). Постои и Обединета команда за противвоздушна одбрана на обете земји, која е дел од Единствениот систем за противвоздушна одбрана на ОДКБ. 

Како второ, Русија веќе има две воени бази на територијата на оваа сојузничка земја. Во населбата Ганцевичи во близина на градот Брановичи е сместена радарската станица од Системот за откривање ракетни напади (радарскиот систем „Волга“), додека во Вилејка се наоѓа радиотехничката станица за високофрекфентна врска со бродовите на борбено дежурство во Светскиот океан, која се нарекува „Антеј“. Тука е сместен и подземниот пункт за определување на точното време.

Москва и Минск се стратешки поврзани на билатерална основа

Потребно ли е на сево ова да се додаде и воздухопловна база? Ова е прашање за претседателите на државите и за раководителите на воените ресори. Одговорот веројатно треба да се побара во потезите на НАТО, кој ја размести својата воздухопловна база во Литванија кај градот Шауљај. Во неа во постојана борбена готовност се наоѓаат четири ловци-бомардери F-16. Тие до целта можат да носат американски нуклеарни бомби В61, кои се разместени на шест воздухопловни бази во пет држави од Северноатлантската алијанса: во Белгија, Германија, Италија, Холандија и во Турција. 

Русија смета дека овие бомби спаѓаат во тактичкото нуклеарно оружје, но кога нив ги носат ловци бомбардери тие стануваат стратешко нуклеарно оружје, зашто од Шауљај до Мински или до Смоленск и Москва овие авиони можат да стасаат за околу петнаесет минути. Треба ли да се заштити сојузната држава од таква евентуална перспектива? Секако дека треба. 

Не траба да ги забораваме и плановите на САД за стационирање свои објекти за противвоздушна одбрана на територијата на Полска, заради што Русија е особено загрижена, зашто тоа се средства за неутрализација на нејзините сили за стратешко одвраќање. Сега Вашингтон тврди дека ѝ излегол во пресрет на Москва и во извесен степен ги изменил своите планови, но на ова Кремљ одговара дека измените што ги предлагаат САД „не ја намалуваат нашата загриженост“. Воздухопловната база во Белорусија веројатно исто така претставува своевиден штит од можни непријатни ситуации поврзани со системот ПРО во Полска.

Сам по себе се наметнува и фактот што во последниве дваесетина години НАТО во повеќе наврати водеше војни на туѓи територии: во Југославија, во Ирак, Авганистан, во Либија... Па, и сега ѝ помага на сириската опозиција која со помош на терористите од Ал Каеда војуваат против легитимната власт.

Сам по себе се наметнува и фактот што во последниве дваесетина години НАТО во повеќе наврати водеше војни на туѓи територии

За целиот овој период Русија само еднаш, во август 2008, мораше да ги брани своите мировни единици и граѓаните од агресијата на грузинската армија во Јужна Осетија. Згора на тоа Русија не беше иницијатор на овој вооружен конфликт, а тоа го призна и Европската комисија. 

Од ваквата логика на развој на настаните произлегува и слабеењето на заемната доверба. Мислам дека Русија заради тоа и презема соодветни мерки. 

Белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека претстојната септемвриска руско-белоруска воена вежба „Запад-2013“ не е насочена „ниту против Полјаците, ниту против жителите на балтичките републики, ниту против НАТО“. Сепак, тој предупреди: „Но, тие треба да сфатат: ако нè погледнат попреку, ние ќе возвратиме на ист начин“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.