Доку Умаров. За него се смета дека е директно поврзан со Кавказ-центар. Извор: ИТАР-ТАСС.
Доколку досега официјално Хелсинки го бранеше и дури и го поддржуваше „мегафонот“ на борците, веќе денес се прави апсолутни сè за што побргу да се затвори Интернет страницата. Така, деновиве финската полиција му се обрати на познатиот бранителот на човекови права Јуха Молари со молба да ѝ ги предаде на власта сите документи што ја потврдуваат незаконската активност на Кавказ-центарот во Финска.
„Бев изненаден. Пред две години во полицијата испратив документ од двесте страници во кој нашироко се излижуваат сите можни информации за терористичката партија. Полицијата најде начин како да го изгуби тој документ и сосема да се заборави моето обраќање. Терористичкиот напад во Бостон ѝ го врати сеќавањето на нашата полиција“, изјави за „Росијскаја газета“ Молари, кој зазема активна позиција против Кавказ-центарот во Финска.
Истовремено во весниците кои им се блиски на финските власти се појавија неколку написи во кои отворено се поставува прашањето за затворање на страницата на терористот. „Ќе видиме дали ќе продолжи со својата работа, ако затворање на страницата, освен Русија, побараат и Соединетите Американски Држави“, се вели во весникот Илта-Саномат. Истиот тон го користи и Хелсинки-Саномат, што несомнено укажува на тоа какво е сега расположението на финските власти.
Нагло се менува односот на финските власти кон активната Интернет страница на чеченскиот терорист од Кавказ-центарот.
„Нашите политичари се исплашени од тоа дека американските медиуми се сомневаат дека бостонските терористи имаат врска со Доку Умаров кој му припаѓа на Кваказ-центарот. Нашите чиновници се плашат дека заради таа станица Финска ќе влезе во списокот држави кои го поддржуваат тероризмот“, вели Молари. Тој истакнува дека, за жал, фактот за терористичкиот напад во Бостон не е она што ги исплаши финските политичари, туку токму написите во американските медиуми.
“Тоа е погубно за имиџот на Финска и ќе ја доведе во знак прашање соработката со САД“, објаснува бранителот на човековите права,
Очигледно е дека Финците дојдоа во тешка ситуација. Долг период тие демонстративно ги игнорираа изјавите на Москва за врската на Кавказ-центарот со меѓународните терористи. Згора на тоа, во Финска тврдеа дека активноста на Кавказ-центарот на територијата на земјата покажува дека во финска постои слобода на говорот и демократија.
Можно е сега Хелсинки да биде приморан под некаков добар изговор полека да ја затвори Интернет страницата поврзана со терористите. Претходно не можеа да се решат на ваков чекор, зашто тоа не им го дозволуваше вкоренетата русофобија во финскиот естаблишмент.
- Досега радикалната терористичка страница на Кавказ-центарот во Финска се наоѓаше, ако може така да се рече, под посебна политичка заштита на владејачката гарнитура. Мислам дека на тоа ќе му се стави крај. Земајќи го предвид големиот број жртви во терористичкиот напад во САД, тешко дека некој ќе се дрзне да го нарече Кавказ-центарот организација за заштита на човековите права.
Треба да се истакне дека страницата мораше да се затвори уште пред неколку години, но нашите власти не сакаа да го признаат очигледното: активните борци во Чеченија и нивните странски помагачи се поврзани со меѓународниот тероризам.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче