Смртта на „кумот од Кремљ“: крај на епохата на 90-те

Се претпоставува дека токму Березовски му помогнал на Борис Елцин повторно да победи на претседателските избори во 1996 година. Извор: Reuters.

Се претпоставува дека токму Березовски му помогнал на Борис Елцин повторно да победи на претседателските избори во 1996 година. Извор: Reuters.

Борис Березовски, некогашен доктор по математика чие име стана симбол за негативното, поточно криминално, влијание на крупниот руски бизнис на власта од деведесеттите години од минатиот век, почина минатиот месец во Велика Британија.


Неговото заминување во извесна мера беше симболично. Тоа е крај на епохата на деведесеттите.

Алексеј Митрофанов

пратеник во Државната Дума

Човекот кој кон крајот на минатиот век го доби прекарот „кумот од Кремљ“ заради вештото користење на лостот на власта во решавањето на политичките и деловните прашања, мајстор за итри политички комбинации, остроумен и прониклив, пред смртта повеќе го немаше некогашното политичко и финансиско влијание, а последниве години неговото име во медиумите главно се поврзуваше со скандали околу поделбата на активите и со неуспешните судски спорови со поранешните деловни партнери. 

Кариерата на Березовски пред почетокот на деведесеттите години од минатиот век беше сосема типична за еден човек од советските научни кругови. Роден е во Москва во 1945 година, кој крајот на шеесеттите години како математичар започнал да се занимава со проблемите на системот за управување, за на 37-годишна возраст да ја одбрани својата докторска дисертација, а на 45 години да стане дописен член на Академијата на науките.

Со смртта на Березовски навистина во историјата замина цела една епоха: „историска, авантуристичка, смела, подмолна, сеопфатна, плитка и непромислена“ 

Либерализацијата на економскиот режим во СССР кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век понуди нови можности, на кои Березовски не остана рамнодушен. Тој ги искористи своите лични контакти со раководството на автомобилскиот гигант „ВАЗ“ и во 1989 година го зазеде местото директот на заедничкото претпријатие „ЛогоВАЗ“. 

Поставувајќи ги на тој начин темелите на својата финансиска империја, Березовски започна активно да си „игра“ политика. Успеа да му се приближи на Кремљ, што му овозможи да учествува во таканаречените „заложни“ аукции во 1995 година, односно во серијата трансакции чиј резултат беше приватизација на неколку најкрупни руски претпријатија, пред сè нафтени и металуршки, кои станаа сопственост на избрани финансиски групи. На групата на Березовски ѝ припадна компанијата „Сибнефт“ – вистински скапоцен камен на неговата круна. 

Освен тоа, Березовски беше заинтересиран и за компанијата „Аерофлот“, но тој интерес заврши со покренување кривична постапка против него, зашто властите сметаа дека Березовски преку свои луѓе се обидел да ги приватизира финансиските текови на авиопревозникот без формална приватизација, со што ѝ нанесе финансиска штета на државата. По неколкугодишниот судски претрес, Березовски во 2007 година во отсуство е осуден на шест години затвор. 

Березовски секогаш велеше дека поседува неколку милијарди долари, но никогаш официјално не ја обелодени вредноста на своите активи. Во последните месеци од животот медиумите многу пишуваа за тоа како бизнисменот е принуден да ги распродава своите активи за да може да им ги исплати долговите на партнерите, на судовите и на поранешните жени. 

Политичар... 

Политичкото влијание на Березовски неколку пати беше конвертирано во разни државни функции. Беше заменик-секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација од 1996 до 1997, извршен секретар на Заедницата на независни држави од 1998 до 1999 и пратеник во Државната Дума од 1999 до 2000 година. 

Се претпоставува дека токму Березовски му помогнал на Борис Елцин повторно да победи на претседателските избори во 1996 година. 

Во 1999 година Березовски стана пратеник во долниот дом на рускиот парламент, но во Думата се задржа помалку од една година. Најпрво се одрече од пратеничкиот мандат, а потоа замина во Лондон, каде доби политички азил. 

Тој своето заминување го објаснуваше со несогласувањата со Путин, кого на почетокот безрезервно го поддржуваше, а потоа наводно сфатил дека новиот претседател „ја води Русија по погрешен пат“. 

Завршена епоха 

Ирина Хакамада е уверена дека смртта на Березовски нема да се одрази на општествено-политичкиот живот на Русија: „Неговото име е митологизирано. Тој беше главен актер во афери и провокации, па според тоа со смртта на главниот јунак заминува во историјата и сета таа медиумска содржина.“ 

Со Хакамада се согласува и Алексеј Макаркин, заменик на генералниот директор на Центарот за истражување на политичките технологии: „Березовски одамна се наоѓа на периферијата на рускиот општествено-политички живот. Тој во изминатава деценија немаше никакво влијание врз процесите во општеството... Општеството сега не е многу заинтересирано за личноста на Березовски“, смета Макаркин.

Се претпоставува дека токму Березовски му помогнал на Борис Елцин повторно да победи на претседателските избори во 1996 година.  

Соборецот на Березовски, Александар Голдфарб, раководител на меѓународниот Фонд за граѓански слободи, смета дека во Русија денес не постои ниту една сфера од општествениот живот на која Березовски не оставил своја трага. „Но, сепак најважен е примерот за неговиот личен успех. За мене тој е симбол за човек кој постигнал толкав успех врз урнатините на државата“, вели Голдфарб. 

„Неговото заминување во извесна мера беше симболично. Тоа е крај на епохата на деведесеттите“, резимира Алексеј Митрофанов, пратеник во Државната Дума и шеф на одборот на Думата за медиуми и информациска политика. 

Со смртта на Березовски навистина во историјата замина цела една епоха: „историска, авантуристичка, смела, подмолна, сеопфатна, плитка и непромислена“ – така оваа епоха ја окарактеризира публицистот Александар Архангелски. „За таквите луѓе дури се живи се зборува со гнев, а по нивната смрт за нив се пишуваат книги и се снимаат филмови“, додава Архангелски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња