СССР повикувал НЛО

Сериозните научници не ризикуваат да го искажат своето мислење во однос на овие појави и затоа продолжуваат да молчат. Извор: Леонид Савинов/РИА Новости.

Сериозните научници не ризикуваат да го искажат своето мислење во однос на овие појави и затоа продолжуваат да молчат. Извор: Леонид Савинов/РИА Новости.

Во Советскиот Сојуз кон неидентификуваните летачки објекти се однесувале сосема сериозно. Во КГБ и во Министерството за одбрана постоеле специјални оддели, кои ги собирале и ги анализирале сите информации за какви било аномални појави. Воените експерти дури и научиле како да „повикуваат“ НЛО и како да стапат во контакт со нив.

Неодамна на рускиот премиер Дмитриј Медведев му беше поставено неочекувано прашање. Водителката на РЕН-ТВ го праша како поранешен претседател на земјата: вистина ли е дека на шефот на државата со нуклеарно куферче му даваат и тајна папка со материјали за НЛО. 

Дмитриј Медведев одговори дека тоа е апсолутна вистина. И освен папката на претседателот ми се дава и извештај од специјалните служби кои се занимаваат со контрола на вонземјаните на територијата на Русија. На прашањето на новинарката дали меѓу нас има многу вонземјани, Медведев одговори дека нема да одговори на тоа прашање за да не создаде паника. Тој ги посоветува оние што сакаат поподробни информации да го гледаат „документарниот“ филм „Луѓе во црно“.

Во СССР и во современа Русија темата за НЛО и за други аномални појави е и останува тајна. И никој од официјалните лица никогаш ништо нема да ѝ каже на публиката во врска со ова прашање. 

Секако на ова можеме и да се пошегуваме. Но, ако погледнеме посериозно, ќе видиме дека и во СССР и во современа Русија темата за НЛО и за други аномални појави е и останува тајна. И никој од официјалните лица никогаш ништо нема да ѝ каже на публиката во врска со ова прашање. 

Друга работа се експертите кои веќе не се на високи позиции и затоа имаат помалку простор за маневрирање. Во последно време некои поранешни високопоставени воени лица од времето на Советскиот Сојуз решија да ја тргнат завесата на тајната поврзана со загатката за НЛО. 

Тоа се случи на крајот на март на конференцијата „Зигељевски читања“, која беше наречена така во чест на Феликс Зигељ – советски астроном и математичар, кој се смета за основоположник на руската уфологија. Овој настан се одржува во Москва двапати годишно повеќе од 20 години и е посветен на проучувањето на аномалните појави.

Во СССР кон информациите за НЛО долго време се однесуваа како кон ненанучна фантастика, која не е достојна за вниманието на сериозните научници.

Во СССР кон информациите за НЛО долго време се однесуваа како кон ненанучна фантастика, која не е достојна за вниманието на сериозните научници. И само ретки ентузијасти, како што беше Феликс Зигељ, сфаќаа дека овие факти бараат најсериозно истражување. Во шеесеттите години од минатиот век тој одржа голем број предавања на оваа тема, што резултираше со приклучување на голем број доброволци во собирањето на податоци за непознатите летачки објекти. 

Преломен период во однос на официјалните лица кон НЛО се случи во 1978 година. Тогаш во Петрозаводск стотици, а можеби и илјадници луѓе во тек на неколку часа на небото можеа да видат светечки објект. Во градските служби стасуваа енормен број писма и јавувања од престрашените граѓани. Дури и од соседните земји стасуваа молби до советското раководство да објасни какви мистериозни експерименти прави Советскиот Сојуз. 

Капката што ја прелеа чашата беше писмото до владата од академикот Александров, „таткото“ на советската нуклеарна централа. Тој напишал дека е погрешно и понатаму да се игнорираат овие теми и дека е потребно да се создадат специјални програми за проучување на ваквите појави. 

Ова го раскажува генерал-мајорот на резервниот состав на Федералната служба за безбедност, академикот на Академијата за проблеми со безбедноста, одбраната и правниот поредок Василиј Еременко, кој во тие години во КГБ на СССР бил одговорен за воено-воздушните сили и производство на авијатичка техника. Имено на неговиот оддел му била дадена задачата да ги собира сите информации за појавите на НЛО.

Во Петрозаводск стотици, а можеби и илјадници луѓе во тек на неколку часа на небото можеа да видат светечки објект.  

Како што вели за „Руска реч“ Василиј Еременко, во тој период било собрано огромно количество факти за разни аномални појави. Ракетните оддели дури и добивале директива како да се однесуваат во случај на откривање на НЛО. Главната задача била со своите делувања да се создаваат услови за повратна агресија. 

Кон почетокот на осумдесеттите години од минатиот век на воениот полигон во Астраханската област било решено да се спроведе експеримент за „повикување“ НЛО. Во тоа време експертите сфатиле дека ваквите појави често се случуваат на места со „посебен интензитет“ – на пример при тестирање оружје или при собирање на едно место воена техника. 

„Може да се каже дека за време ан експериментите ние научивме како да повикуваме НЛО. За таа цел нагло се зголеми бројот на летови на воената авијација, како и на движењето на воената техника. Во овој случај со веројатност од речиси 100% се појавија непознати летачки објекти“, објасни Василиј Еременко. Според него во основа тоа биле светлински топки. 

Со текот на времето сите учесници на експериментот толку се навикнале на овие појави што ги сметале за нешто сосема разбирливо. А, оние што биле „вешти“ дури и се обидувале да стапат во контакт со нив. „Тоа беше, вака: на земјата некои од луѓето ќе почнеа да мавтаа со рацете – двапати надесно, двапати налево. Топката на небото реагираше: таа исто така се поместуваше двапати надесно, двапати налево. Како да го објасниме тоа, не знаеме“, вели генерал-мајорот. 

На крајот воените лица заедно со научниците што учествувале во експериментот дошле до три основни заклучоци. Тоа можат да бидат природни појави кои современата наука сè уште не може да ги разбере. Второ: тоа може да биде разузнавачка апаратура на САД или на Јапонија. И на крајот, третата верзија: влијание на вонземска цивилизација. 

Денес темата за НЛО си го најде своето цврсто место на страниците на „жолтиот“ печат. Имено затоа, уверен е Василиј Еременко, сериозните научници не ризикуваат да го искажат своето мислење во однос на овие појави и затоа продолжуваат да молчат. Во меѓусебните разговори со пилоти и космонаути тој многупати од нив слушал за вакви појави. Но, тие тоа не сакаат да ѝ го раскажат на јавноста. Сепак, експертот е уверен дека треба да се работи на оваа тема мошне сериозно, зашто станува збор за безбедноста.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња