„Јас сум командант на вселенски брод – ни помалку, ни повеќе“

За 20 години работа Сергеј Залетин бил на две орбитални станици: на Мир и на МКС. Извор: ESA.

За 20 години работа Сергеј Залетин бил на две орбитални станици: на Мир и на МКС. Извор: ESA.

„Космосот не трпи двојни интерпретации – тука секогаш сè е јасно, сложено и страшно“, смета тест-космонаутот Сергеј Залетин. За 20 години работа тој бил на две орбитални станици: на Мир и на МКС. Командантот на двата екипажа за „Руска реч“ раскажува за орбиталната „кујна“, за идеалните космонаути и за секундата страв.

Руска реч: Сега за Вас космосот е како дом. Но, пред дваесет години вие само што сте почнувале да ја изучувате оваа наука. Многу ли се изменети барањата за денешните тест-космонаути? 

Сергеј Залетин: Да се стане космонаут отсекогаш било прилично тешка задача. Потребна е диплома за авијатичка или за ракетно-космонаутска специјалност, петгодишно искуство во една од тие области. Висината на космонаутот треба да биде од 150 до 190 сантиметри – порано беше околу 170 – а во седечка положба тој не треба да зафаќа повеќе од 80-90 сантиметри. Големо внимание се обрнува на творечката активност, способноста за восприемање и обука, на мотивите за избор на професијата космонаут, знаењето на културологијата и на историјата на космонаутиката. Психолозите ги проучуваат дури и карактерните црти на претендентот, биографијата на неговото семејство, работното искуство и непостоењето на нарушување на правото. 

РР: Пишува дека возраста на космонаутот не треба да биде поголема од 32 години. Зарем е можно да се суди за погодноста според возраста? 

С.З.: Постојат најразлични ситуации. Може да се влезе и со 25 години, односно да се заврши факултет, да се одработи во ресорот минималниот рок од три години, и да се стане рамноправен кандидат со останатите. Може да станете космонаут и на 40 години како Михаил Корниенко, а својот педесетти роденден да го одбележите на првиот лет во вселената. Може да се работи во вселената и на 60 години, како што сега тоа го прави Павел Виноградов. 

РР: Значи периодот на адаптација во космосот и на рехабилитација на Земјата за сите возрасти е ист?

Најчесто ние работиме според режим во кој задачите се распоредени по секунди. Ако нешто не се случи во определеното време, чекаме определен број секунди и вклучуваме друг режим. Од тоа зависи живото – според секундите, сфаќаш?  

С.З.: Сè зависи не само од возраста, туку и од физичката подготвеност, од програмата што се исполнува во космосот. Секојдневно, по 2-3 часа, секој космонаут на станицата тренира на специјални справи, инаку ќе заборави да оди, да крева тежина, да ги движи екстремитетите. На Земјата ние се рехабилитираме исто онолку време колку што сме поминале во космосот. 

РР: Дали е тенденција да се испраќаат возрасни луѓе во космосот, наместо да им се даде можност на младите луѓе кои брзо закрепнуваат? 

С.З.: Кога сè уште го освојувавме космосот, ги испраќавме оние кои штотуку ја завршиле обуката, за нив немаше замена, не постоеше искуство од некое претходно поколение. Сега овој период се растегна за 10-15 години. На секој циклограм – програма на летот со нејзините задачи и со составот на екипажот – изборот се врши многу пред почетокот. Треба да се завршат многу работи, регуларни медицински, психолошки и технички проверки. За младите е тешко да се „вбијат“ во овој циклограм и едноставно останува да се чека следното примање, обучувајќи се и понатаму по специјалноста. 

РР: Можеби постарото поколение се плаши да не си го изгуби „местото“?

Емоциите ни надоаѓаат веднаш штом седнеме во ракетата и токму тука тие треба да бидат потиснати. Јас лично си замислувам дека сè што се случува е само уште еден тренинг.  

С.З.: Ние сме космонаути и ние самите не можеме да носиме одлуки, тоа го прават специјални комисии кои одбираат луѓе со потребните податоци. Старата школа е позната по тоа што веќе има работено во космосот и се докажала себеси. По пет години ние ќе заминеме од сцената, а младите ќе дојдат наместо нас – во тој период тие ќе имаат 35-40 години и ќе бидат во целост подготвени за летови од каков било вид. 

РР: Во обете експедиции вие бевте командант на екипажот. Какви задачи имавте? 

С.З.: (со сила удира со тупаницата по масата, се смее). Јас правев контрола, со цел програмата да оди строго според планот, се грижев за безбедноста на целиот екипаж. Најчесто ние работиме според режим во кој задачите се распоредени по секунди. Ако нешто не се случи во определеното време, чекаме определен број секунди и вклучуваме друг режим. Од тоа зависи живото – според секундите, сфаќаш? 

РР: Се обидувам да си претставам, но тешко ми оди. А, автоматиката не помага во таквите случаи? 

С.З.: Во Русија е прифатена концепцијата за тоа дека додека работи автоматот ние следиме сите показатели да се наоѓаат во определената позиција. Веднаш штом автоматот ќе почне да покажува високи оптоварувања, екипажот преминува на рачно управување. За космонаутот е најважно да умее правилно да го распореди вниманието. Првиот пат за време на полетувањето ни откажа автоматот за соединување со станицата МИР, па моравме самите да се соединиме.

РР: Е, тоа е проверка за професионализам! Во тие моменти не ви надојдоа емоции? 

С.З.: Кога леташ првпат, не ти е сè јасно и затоа не се плашиш. Но колку космонаутот станува поискусен, толку подобро сфаќа што се случува и како може сето тоа да заврши. Емоциите ни надоаѓаат веднаш штом седнеме во ракетата и токму тука тие треба да бидат потиснати. Јас лично си замислувам дека сè што се случува е само уште еден тренинг. 

РР: И по еден ваков впечаток не Ви е страв? 

С.З.: Кому во нашата професија не му се случило да му е страв? Секој космонаут знае дека вистинскиот страв доаѓа во 525 секунда, кога се одделува четвртиот прстен од ракетата-носач и кога од моментот на тежинска се преминува во бестежинска состојба.

РР: Најверојатно е уште потешко да се работи во отворениот космос?

С.З.: Од физичка гледна точка тоа е најтешко што може да биде. Работата во скафандер изискува определени навики, на пример, голема сила за движење на рацете и дланките. По враќањето потребно е закрепнување од неколку дена на станицата, зашто мускулите се многу напрегнати.

Речиси секогаш космонаутите од другите екипажи ги оставиле предметите на некое друго место, а не на она на кое рекле дека се оставени. Во такви случаи неопходно е да се консултирате со Земјата, која обично не знае ништо за тоа. Така што претходниот космонаут си се сонча некаде на плажа и одеднаш на телефон слуша глас: „Поздрав од МКС, другар! Каде си го ставил штекерот?“

Тоа чувство делумно потсетува на периодот на адаптација на самата станица. Во првите два-три дена во бестежинската состојба е забрането многу да се движиме, зашто движењето низ вселенскиот брод, честото гледање низ прозорците доведуваат до олабавување на вестибуларниот систем. Сепак тој период е индивидуален, зашто е потребно да се сфати кога космонаутот е подготвен да премине на работа без непотребно преоптоварување. На пример, космонаутот Јуриј Маленченко, кој пет пати има летано во космосот, може веднаш по соединувањето со станицата да се откопча и да започне со работа. (Јуриј Маленченко кој беше со нас во просторијата, се насмеа и потврдно кимна со главата.)

РР: Се случувало ли екипажот да се оддалечи од планот во космосот?

С.З.: Ние десетици, ако не и стотина пати тестираме сè на машини за тренирање. Но, една работа е на земјата (го зема телефонот и го преместува од едно на друго место), а друга во космосот – најпрво на телефонот треба да ставиш материјал со влакненца, потоа да го залепиш на панелот, а потоа да го ставиш предметот на специјална губа за да не одлета. Ако направиш нешто како што не треба или ако заборавиш нешто, тогаш само што си се завртел предметот повеќе не е на тоа место. На Земјата, по правило, космонаутот врши експеримент за еден час, а во космосот за два. Постои и еден друг проблем: научната опрема на станицата е останата од претходниот екипаж.

РР: Зарем тоа не е згодно? Ракетата помалку е натоварена.

С.З.: Да си претпоставиме дека одиш кај сосетката, а таа ти објаснува каде што се наоѓа во нејзината кујна, како да ги вклучуваш и да ги исклучуваш апаратите. Нели ќе ти се појават низа прашања кои нејзе не би ѝ паднале на ум?

Во космосот е исто. Речиси секогаш космонаутите од другите екипажи ги оставиле предметите на некое друго место, а не на она на кое рекле дека се оставени. Во такви случаи неопходно е да се консултирате со Земјата, која обично не знае ништо за тоа. Така што претходниот космонаут си се сонча некаде на плажа и одеднаш на телефон слуша глас: „Поздрав од МКС, другар! Каде си го ставил штекерот?“

РР: Многу ли е сменета технологијата од време на вашата работа во космосот?

С.З.: Мир од МКС се разликува исто онолку колку што се разликува современиот живот од оној од пред дваесетина години. Сега постојат мобилни телефони, лаптопи, поубави и побрзи коли. Кога јас бев на Мир, тој веќе имаше 14 години, а тоа е многу за една вселенска станица. МКС е поголема и помоќна. За разлика од Мир, таа има поудобен распоред на приборите на таблата и секоја задача е на различен лаптоп, а на бродот ги има 10-20 лаптопи. Тие изгледаат и како земните, но со определени доработки. Доколку на Земјата еден компјутер работи пет години и морално застарува, тогаш за време на работата на орбиталната станица тој за една и пол до две години застарува технички. Задачите што ги има на секој од нив, помагаат во растоварувањето на меморијата на контролната соба. Но, без оглед на тоа, сега МКС повеќе не е современа и по неколку години таа ќе биде отстранета од орбитата.

РР: Ќе Ве испраќаат ли повторно во вселената?

С.З.: Да, јас само времено престанав со космонаутската работа, работејќи во Тулското областно собрание. Јас ја минав Главната медицинска комисија и сум погоден за летање, чувствувам во себе сила за летање. Најверојатно тоа ќе се случи во 2016 година заедно со група вселенски туристи.

РР: Ќе бидете и вселенски туристички водич?

С.З.: Тоа што ќе прават таму вселенските туристи не е моја работа. Јас си имам свои задачи и експерименти. Јас сум командант на вселенски брод – ни помалку, ни повеќе.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња