Милијарда долари за „странските агенти“

Од вкупната сума дури 3.855 милијарди рубли (122 милиони долари) стигнале во НВО преку дипломатски претставништва (амбасади) на странски држави. Илустрација: Flickr/DonkeyHotey.

Од вкупната сума дури 3.855 милијарди рубли (122 милиони долари) стигнале во НВО преку дипломатски претставништва (амбасади) на странски држави. Илустрација: Flickr/DonkeyHotey.

За само четири месеци, колку што помина од донесувањето на законот кој политички активните организации на територијата на Русија со странско финансирање ги означува како „странски агенти“, овие НВО примиле речиси една милијарда долари, изјави претседателот на РФ.

За само четири месеци, колку што помина од донесувањето на законот кој невладините организации во Русија кои се мешаат во внатрешната политика на земјата и добиваат пари однадвор ги обврзува да се претставуваат како „странски агенти“, на сметките на овие организации од странство легнале 28.3 милијарди рубли (речиси една милијарда долари). Ова го соопшти претседателот Владимир Путин во интервју кое на втори април годинава го даде за германскиот телевизиски канал ARD во претседателската резиденција Ново-Огарјово во близина на Москва.


Ние само го замолуваме да кажат. ‘Да, ние се занимаваме со политика, а се финансираме од странство’. Јавноста има право да го знае тоа.

Владимир Путин

претседател на Русија

Пред да соопшти за колкава сума станува збор, Путин му рече на германскиот новинар: „Замислете колку пари легнале! Не можете ниту да замислите, ниту јас не знаев. Од вкупната сума дури 3.855 милијарди рубли (122 милиони долари) стигнале во НВО преку дипломатски претставништва (амбасади) на странски држави“, додаде претседателот на Русија. 

Путин потсети на законот кој кон крајот на 2012 година беше донесен во Русија. Според овој закон невладините организации кои добиваат финансиски средства од странство, а се занимаваат со внатрешна политика, треба да се регистрираат како „странски агенти“, т.е. како организации на кои странски држави им ја плаќаат политичката активност во Русија. 

Претставник на германскиот телевизиски канал изрази загриженост поради овој термин и рече: „Изразот ‘странски агент’ со кој треба да се нарекуваат овие организации асоцира на нешто што е поврзано со Ладната војна“. На ова претседателот на Руската Федерација му соопшти на новинарот дека во САД има донесено ист таков закон уште во 1938 година и дека таму тој е сѐ уште на сила. „И нашите, руски организации, се соочуваат со потполно иста практика, која оваа земја ја воведе пред многу децении“, истакна Путин. „Ние донесовме ист таков закон, кој не забранува ништо – ова сакам особено да го нагласам: ништо не забранува, никого не ограничува и ништо не затвора“. Шефот на државата подвлече дека рускиот закон за невладини организации не забранува организациите кои добиваат средства од странство да се занимаваат со некаква конкретна активност, меѓу другото и со внатрешна политика. „Ние едноставно сакаме да знаеме кој ги добива тие средства и на што се трошат“, ја објасни Путин позицијата на Кремљ, додавајќи дека граѓаните на Руската Федерација имаат право да знаат како се финансираат оние што се занимаваат со политиква во нивната земја. 

Потоа претседателот ја објасни причината за потребата за регулирање на работата на невладините организации во современа Русија. Тој го праша својот соговорник дали му е познато колку невладини организации постојат во Европа кои се финансирани од страна на Русија. Новинарот не можеше да одговори на ова прашање. „Јас ќе Ви кажам“, продолжи Путин. „Една таква организација работи во Париз, а другата е регистрирана во САД и е активна во Северна Америка. Тоа е сè. Значи вкупно две организации: една во САД и една во Европа“. Наспроти ова, во Руската Федерација се активни 654 политички активни невладини организации „кои, како што сега излезе, добиваат средства однадвор“, изјави шефот на руската држава. „Тоа се организации кои се занимаваат со внатрешна политика. Зарем нашата јавност не треба да знае кој и за што ги добива тие пари?“, се запраша Путин. Ние само го замолуваме да кажат. ‘Да, ние се занимаваме со политика, а се финансираме од странство’. Јавноста има право да го знае тоа.“ 

Во истот интервју Птин зборуваше за демократијата и за опозицијата во Русија, а исто така соопшти и со што ќе се занимава откако ќе ја заврши политичката кариера. 

Статијата на руски јазик на bfm.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.