Војниците на Кремљ

Кремљовскиот полк е воена единица која е посебна и елитна.

Уредник - Иван Николаев, фотографии - Культура.рф, Росијскаја газета; музика - Маршот на преображенскиот полк.

Полкот учествува во обезбедување на првите лица на државата и на објектите на Кремљ. Освен тоа тој е и своевидна визит-карта на нашата земја. Стотици Руси и странци секојдневно го посетуваат Вечниот оган на Могилата на незнајниот војник, каде стојат кремљовските војници. Освен тоа, полкот е задолжен и за почесната стража при пречекот на странски делегации. Секако во оваа единица не може да служи кој било, и изборот на кандидатите за посебната служба трае неколку месеци. Двапати во годината, на први април и на први октомври, списокот на идните кремљовски војници, по правило, е веќе подготвен.

Оваа пролет и ова лето на Претседателскиот полк ќе му се приклучат 185 момчиња од Поволжјето, од Урал и од Западен Сибир. Во принцип, патот кон Црвениот плоштад не е затворен ниту за воените обврзници од другите региони. Сепак, по некаква случајност, излезе дека касарната во старата зграда на Арсеналот традиционално станува втор дом за момчињата од руските провинции.

Регрути од Москва во полкот многу ретко се примаат, зашто, по сè изгледа, служењето во близина на домот нема да биде толку потстрек, колку што ќе биде пречка за добро извршување на воениот долг. Но, затоа момчињата од Татарстан, од Алтијскиот и од Краснојарскиот крај, од Новосибирската, Челјабинската, Кемеровската, Омската и од Томската област, кои во блиска иднина на себе ќе ги имаат еполетите со буквите „ПП“, нема да паднат во искушение да избегаат кај своите родители. Нивните домови се многу далеку.

Сепак, географијата ниту оддалеку не е главниот критериум ори изборот на војниците за Кремљ. Претседателскиот полк е дел од Федералната служба за обезбедување, и критериумите дури и за најобичен војник се многу високи. Во армиските специјални сили е многу поедноставно да се влезе, одошто во „специјалните сили“ на Кремљ. На пример, во него не се примаат момчиња од еднородителски или од дисфункционални семејства. Уште едно од „табуата“ е какви и да се проблеми со полицијата во цивилниот приод. Доколку пред да дојде во армијата момчето било под истрага, бил евидентиран во психоневролошки или нарколошки диспанзер, не може ни да стане збор за служба во елитниот одред. Кога офицерите на полкот ги проучуваат личните досиеја на регрутите, тие исто така обрнуваат внимание на роднините на идните војници кои се во странство или кои биле осудувани. Ништо не може да се стори – специфичноста на Претседателскиот полк обврзува да се земат предвид и ваквите нијанси.

Озборувањата дека во Претседателскиот полк се земаат исклучиво момчиња со словенски надворешен изглед, е измислица. Во неколку оддели надворешниот изглед на војниците навистина е важен, но во целина тие не се од примарно значење.  

Таа диктира специфични критериуми во однос на здравјето и на надворешниот изглед на елитните војници. На сајтот на единицата се вели дека кандидатот треба да биде висок од 175 до 190 сантиметри, да има острина на видот без корекција не повеќе од 0.7 диоптрија на двете очи и со нормално восприемање на боите, а исто така и стандарден сооднос на висината и масата на телото. Ова значи дека доколку од петите до врвот на главата висината изнесува 180 сантиметри, таквиот војник мора да тежи нешто помалку од 70 килограми. Не повеќе. За кремљовските војници се прави и тест за слухот. Ако разбираш што ти шепотат на оддалеченост од шест метри, тогаш си погоден за Претседателскиот полк. Доколку не слушнеш некој збор, можеш да одиш во некоја друга воена единица. Во кремљовскиот строј нема место и за љубителите на алкохолните пијалаци, а исто така и за момчињата со тетоважи, кои денес се многу модерни.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња