Руска парламентарна делегација во Скопје

Парламентарната делегација на Руската Федерација со претседателот на македонското Собрание. Фото: Игор Чадиноски.

Парламентарната делегација на Руската Федерација со претседателот на македонското Собрание. Фото: Игор Чадиноски.

Спикерот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски во вторникот прими делегација на Руската Дума, која дента допатува во Скопје. На средбата обете страни го истакнаа позитивниот правец во кој се движат руско-македонските односи.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на македонскиот парламент, на почетокот од средбата Вељановски ги информирал своите руски колеги дека во Собранието на Република Македонија постои пратеничка група за пријателство и соработка чиј претседател е пратеникот Иван Стоиљковиќ, при што искажа уверување дека од оваа билатерална средба ќе започне продлабочување и подинамична соработка помеѓу двете земји на парламентарно ниво.

Руската Федерација е мошне значаен трговски партнер и со години на ред таа се наоѓа во првата десетка земји со кои Република Македонија има најголем обем на трговска размена.  

Вељановски ја искористи можноста да им се заблагодари на своите руски колеги за безусловната поддршка за уставното име, за територијалниот интегритет и за суверенитет што Република Македонија континуирано ги добива од страна на Руската Федерација. 

На кусата средба со руската парламентарна делегација како мошне важна беше спомената темата за економската соработка помеѓу двете земји. Според статистичките податоци Руската Федерација е мошне значаен трговски партнер и со години на ред таа се наоѓа во првата десетка земји со кои Република Македонија има најголем обем на трговска размена. Притоа, спикерот на Собранието на Република Македонија изрази увереност за скорешна реализација и на другите инвестициски проекти од страна на руските компании, а исто така подвлече дека се надева и на интензивирање и зголемување на туристичката соработка помеѓу двете земји. 

Во исто време Велјаноски тој изрази и благодарност за принципиелните ставови на Руската Федерација во врска со спорот со уставното име што Македонија го има со Република Грција.

Балберов истакна дека Руската Федерација ѝ дава целосна поддршка на Република Македонија во однос на спорот со Република Грција за уставното име на државата.  

Шефот на делегацијата на руските парламентарци Александар Александрович Балберов, претставник на Либерално-демократската партија и заменик-претседател на Државната Дума за култура, му се заблагодари на својот домаќин, подвлекувајќи дека дваесетте години дипломатски врски помеѓу двете земји кои ќе се одбележат во јануари 2014 година, се доказ за искрениот пријателски однос помеѓу Руската Федерација и Република Македонија.

Балберов и Велјаноски на промоцијата на сајтот и на подлистокот „Руска реч“. 

Како што се вели во соопштението од кабинетот, Балберов, од своја страна, уште еднаш истакнал дека Руската Федерација ѝ дава целосна поддршка на Република Македонија во однос на спорот со Република Грција за уставното име на државата, истакнувајќи дека решението за ова прашање е во рацете на народот. Тој, ист така, го изразил и своето уверување уверување дека руските компании и во иднина ќе продолжат да соработуваат со Република Македонија, благодарение на добрата економска клима. Меѓу другото, двете страни изразија подготвеност за продлабочување на меѓусебните односи помеѓу двете земји. 

По средбата со Вељаноски, гостите и домаќинот, придружени од пратеници од македонскиот Парламент присуствуваа на промоцијата на сајтот „Руска реч на македонски“ и на подлистокот „Руска реч“, кој излегува во втората сабота од месецот во дневниот весник „Нова Македонија“. По промоцијата, Балберов им се заблагодари на претставниците од RBTH и од „Нова Македонија“ за благородната работа и за промоцијата на Руската Федерација во Република Македонија и ја даде својата поддршка за понатамошен развој на овој проект.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.