Ирина Шејк. Фотографија: РИА Новости.
Во списокот се најдоа не најубавите девојки, туку оние кои најуспешно ја материјализирале својата сексапилност.
Девојките беа оценувани според тоа колку се барани за рекламни кампањи (по правило станувало збор за долна облека), колку често се појавувале на насловните страници на престижните гламурозни списанија, а исто така и нивното „културно влијание“. На тој начин, во списокот се најдоа не најубавите девојки, туку оние кои најуспешно ја материјализирале својата сексапилност.
Најуспешни во оваа област се државјанките на Бразил. Првото место на топ-листата го поделија жителките на оваа јужноамериканска земја Адријана Лима и Жизел Бундхен. Во рејтингот на најбараните модели се најдоа девет Бразилки. На второ место се наоѓаат убавиците од САД. Во рејтингот има пет Американки. Највисоко на престижната топ-листа меѓу Американките се најде моделот Кејт Аптон, која деновиве речиси се согласи да оди на матурска со обичен ученик од Лос Анџелес.
Вјалицина е позната не само во модниот бизнис. Девојката блесна во епизодната улога на акцијата „Умри машки: Добар ден за да се умре“ со Брус Вилис, чија премиера се одржа неодамна.
На единаесеттото и на тринаесеттото место се најдоа Русинките Ана Вјалицина (26 години) и Ирина Шејк (27 години). Вјалицина е позната не само во модниот бизнис. Девојката блесна во епизодната улога на акцијата „Умри машки: Добар ден за да се умре“ со Брус Вилис, чија премиера се одржа неодамна. На Запад таа е позната под псевдонимот Anne V.
Ирина Шејк, чие вистинско име е Ирина Шајхлисламова, е повеќе позната по својата љубовна врска со фудбалерот Кристијано Роналдо, одошто по своите лични достигнувања во шоу-бизнисот.
На топ-листата на најсексапилни модели на светот се најдоа и жителки на Јужноафриканската Република, Намибија, Израел, Литванија и на Велика Британија. Многу од девојките од списокот на Models.com рекламирале долна облека за популарниот американски бренд Victoria`s Secret, а исто така се фотографирале за учество во еротските календари на Pirelli.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче