Твитер почна да цензурира

Извор: AP.

Извор: AP.

Твитер ги блокираше руските корисници кои дистрибуираа нелегални содржини.

Твитер се согласи да соработува со руската Федерална служба за надзор во сферата на врските, информациските технологии и масовните комуникации (Роскомнадзор). Интернет-сервисот го ограничи пристапот на корисниците од Русија до материјалите што содржат нелегални содржини и за тоа ја известил надлежната служба. 

Администрацијата на сервисот за микроблогови Твитер блокираше три поста за пропаганда на самоубиствата и два материјала за ширење информации за наркотични средства. На корисникот кој рекламирал наркотици му бил укинат акаунтот. 

Роскомнадзор ја нарече позицијата на Твитер конструктивна. Во службата сметаат дека двете страни успеале да најдат правилен алгоритам на заемна соработка. Ова ќе дозволи да се отстрануваат нелегалните содржини во рокови што се прифатливи за руската страна, се вели во соопштението што се појави на сајтот на Федералната служба за надзор во сферата на врските, информациските технологии и масовните комуникации минатиот петок.

Доколку се пронајде незаконска содржина, сајтовите влегуваат во таканаречен црн список, односно регистар, кој се води од ноември 2012 година.

Според постоечкиот закон сопствениците на сајтовите или хостинг-провајдерите се обврзани да ги отстрануваат од своите ресурси информациите што содржат детска порнографија, повик на самоубиство или налини за подготвување и за консумирање наркотици. Доколку се пронајде ваква информација сајтовите влегуваат во таканаречен црн список, односно регистар, кој се води од ноември 2012 година. Федералната служба за надзор во сферата на врските, информациските технологии и масовните комуникации му испраќа на сопственикот на ресурсот или на хостинг-провајдерот известување. 

„Твитер го изедначуваме со хостинг-провајдерите кои немаат пристап кон црниот список. Доколку на нивните сајтови се најде некоја незаконска содржина, ние им испраќаме известување за тоа. Ваквата практика ќе продолжи и понатаму“ - објасни гласноговорникот на Федералната служба за надзор во сферата на врските, информациските технологии и масовните комуникации Владимир Пиков.


Сета отстранета содржина се одбележува со ‘блокирано по барање на Федералната служба за надзор во сферата на врските, информациските технологии и масовните комуникации’, без разлика дали станува збор за групи, видеа или лични профили. 

Георги Лобушкин

претставник на „ВКонтакте

Федералната служба за надзор во сферата на врските, информациските технологии и масовните комуникации исто така индивидуално ги информира и најголемите руски социјални мрежи, потврдуваат за РБК Daily претставници на „ВКонтакте“ и на „Одноклассники“. „Ние сме обврзани да ги извршиме барањата на службата во рок од еден ден од моментот на нивното обраќање. Сета отстранета содржина се одбележува со ‘блокирано по барање на Федералната служба за надзор во сферата на врските, информациските технологии и масовните комуникации’, без разлика дали станува збор за групи, видеа или лични профили“, вели претставникот на „ВКонтакте“ Георги Лобушкин. 

Федералната служба за надзор во сферата на врските, информациските технологии и масовните комуникации почна да води преговори со Твитер во моментот кога во регистарот почнаа да се појавуваат првите линкови кон незаконските содржини, велат во службата. Најпозната е приказната со твитот на Султан Сулејманов (корисник @sult) „Другари, самоубивајте се, тоа е многу весело. Јас пробав и ми се допадна, утре повторно ќе пробам“, кој се појави на Твитер на 31 октомври 2012 година, наспроти пуштањето на регистарот на забранети сајтови. Во моментов твитот е блокиран, но е достапен во кешот на Гугл. Султан вели дека известувањето за блокирање од страна на Твитер добил дури на 12 март 2013 година. 

Постоечките законски норми предвидуваат операторите да го блокираат пристапот кон целиот сајт според IP-адресата во случај сопственикот да не ја отстрани информацијата од својот ресурс во рок од три дена од добивањето известување од страна на Федералната служба за надзор во сферата на врските, информациските технологии и масовните комуникации. Бизнис-консултантот за информациска безбедност на Cisco Алексеј Лукацки подвлекува дека законот за црниот список најпрво бил пишуван за IP-филтрација:„Со оглед на динамичката генерација на адресите на страниците на Фејсбук определени url-адреси на страниците е бесполезно да се внесуваат во регистарот. Згора на тоа блокирањето на url-адресите за операторите ќе биде поскапа, одошто филтрацијата според IP“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња