Извор: ИТАР-ТАСС.
Владимир Путин потсети дека концепцијата беше подготвена во соодветство со неговиот указ од 7 мај минатата година. „Вие сте на чело на ресорот кој во помал или во поголем степен се занимава со прашањата за надворешната политика, затоа нема потреба да навлегуваме во детали“, им се обрати тој на учесниците на состанокот. „Вие самите се занимававте со подготовката на овој документ“.
Во концепцијата се зборува и за заштитата на правата и на интересите на руските државјани и на сонародниците во странство.
Впрочем, клучните тези на концепцијата претседателот, сепак, ги наброја. „Русија и натаму ќе се придржува кон активната конструктивна линија во меѓународните работи. Нејзината тежина и нејзиниот авторитет во светот ќе се засилуваат“, уверен е тој.
„Основните принципи на надворешната политика на РФ и понатаму се неизменети“, изјави Владимир Путин. „Тоа се, пред сѐ, отвореноста, предвидливоста, прагматизмот, насоченоста кон достигнувањето и зачувувањето на националните интереси, безусловно, без каква и да е конфронтација“.
Русија е заинтересирана за благопријатни услови за реализација на задачите за внатрешната изградба, а, исто така, и за решавање на социјалните и на економските задачи, продолжи претседателот. „Безусловно, со Организацијата на обединетите нации како решавачки фактор и со почитувањето на меѓународното право“, додаде тој.
Во концепцијата се става акцент на користењето современи форми и методи на надворешнополитичката работа, вклучувајќи ја и економската дипломатија, користењето на таканаречените елементи на мека сила, интелигентно вклопување во глобалниот проток на информации
Во новата концепција на надворешната политика се земени предвид сите измени што се случија во светот последниве години. Владимир Путин направи нивен кус преглед: „Светската финансиско-економска криза, која засега не нѐ остава на мир, прераспределбата на балансот на силите во светот, наглото засилување на турбуленцијата на Блискиот Исток и во Северна Африка, зголеменото значење на културно-цивилизациската конкуренција во светот“.
„Во концепцијата се става акцент на користењето современи форми и методи на надворешнополитичката работа, вклучувајќи ја и економската дипломатија, користењето на таканаречените елементи на мека сила, интелигентно вклопување во глобалниот проток на информации“, појасни Претседателот. Во концепцијата се зборува и за заштитата на правата и на интересите на руските државјани и на сонародниците во странство.
Претставувајќи ја концепцијата, Владимир Путин особено подвлече дека нејзиното реализирање треба да биде изведено со заедничка работа меѓу ресорите, а со координација на Министерството за надворешни работи.
Статијата за првпат на македонски јазик беше објавена во печатениот додаток „Руска реч на македонски“ во дневниот весник „Нова Македонија“ од 9 март 2013 година.
Фјодор Лукјанов, главен уредник на магазинот „Русија во глобалната политика“:
- Основната содржина на концепцијата за надворешна политика, доколку ја споредиме со документите од минатите години, е малку изменета. Таа ги содржи истите елементи што се споменуваа во минатата декада.
Друга работа е што можеме да зборуваме за појасно изграден систем на приоритети на руската надворешна политика. Во прв ред тоа се однесува на односите со земјите од постсоветското пространство. Во овој документ важноста на соработката со државите од ЗНД е поочигледна и поопределена од гледна точка на надворешнополитичките приоритети. Се изделува неопходноста за зацврстување на Евроазискиот сојуз, на сестраните врски на постсоветското пространство, од што може да се заклучи дека: во балансот на рускиот приод кон глобалните и кон регионалните проблеми се изделуваат односите со најблиските соседи. Русија, како што се забележува во концепцијата, сфаќа дека од нејзината способност да игра конструктивна и водечка улога во окружувањето зависат сите други фактори на нејзината надворешна политика.
На планот на односите со земјите од Западот се става голем акцент на прагматичната страна: на зацврстувањето на економскиот потенцијал на Русија.
Според мене, мошне важно во оваа концепција е ставот за тоа дека светот во денешниве услови е мошне нестабилен и непредвидлив. Тоа, од една страна, прави ограничувања на надворешната политика, а од друга ги зголемува можните ризици. Претседателот Путин зборува за ова цела година, започнувајќи со својата предизборна програма, последователно искажувајќи ја мислата за тоа дека во современиот свет ризиците и заканите доаѓаат од сите страни. Според мене, оваа концепција има тон што е обоен со тезата за тоа дека светот е полн со закани. Во документот особено паѓа в очи тоа дека овие ризици е мошне тешко да се пресметаат и да се предвидат, а понекогаш тоа е речиси невозможно. Во вакви услови особено важни стануваат основите работи што се однесуваат на секоја земја.
Од новите тези треба да се одбележи воведувањето на терминот „мека сила“, која всушност е проекција на сопствената идентичност на другите земји и на останатиот свет. Големото значење што ѝ се дава на меката сила сведочи за тоа дека Русија има намера да формира свој идеолошки и морален багаж, со цел да го предлага како алтернатива на светскиот пазар на вредности. Притоа, економијата не се става настрана.
Руската дипломатија, како што е истакнато во концепцијата, како и претходно активно ќе работи на унапредување на руските национални економски интереси, уште повеќе што во услови кога ризикот од голема војна сега е низок и веројатноста за неа е мала, се заоструваат други форми на конфронтација, особено во борбата за економско влијание.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче