Проблемите ќе си ги решаваме дома

Големиот интерес на Американците за руските деца и бесот кој го предизвика забраната за понатамошно посвојување се објаснуваат со „големиот ибор и лесната достапност кон децата од европска раса“. Извор: РИА Новости.

Големиот интерес на Американците за руските деца и бесот кој го предизвика забраната за понатамошно посвојување се објаснуваат со „големиот ибор и лесната достапност кон децата од европска раса“. Извор: РИА Новости.

Павел Астахов зборува отворено за својата мисија за укинување на странските посвојувања и прекинување на улогата на Русија како меѓународен „донатор на сирачиња“.

47-годишниот Павел Астахов е човек со контроверзна мисија: еднаш засекогаш да стави крај на посвојувањето деца од Русија во Америка. Во интервју со Ана Немцова, тој вели дека сака да стави крај на посвојувањето во странство воопшто. Пред три години, откако тој беше назначен за правобранител за правата на децата, изјави дека посвојувањето во странство е „срам“ за Русија. На почетокот на февруари, пак, Астахов беше назначен за советник на претседателот. 

Астахов има разнообразна и легендарна правна кариера. На неговата претходна работа како адвокат на одбраната, Астахов често го критикуваше рускиот судски систем. Подоцна тој доби уште поголема популарност како ѕвезда во улога на судија во телевизиската правна образовна програма „Час во судница“. Неговото семејство е „интернационално“ и живее во Москва и во Франција; тој е женет и има три сина. Неговиот најмлад син е роден во Франција, а најстариот, пак, се здобил со образование во САД и во Велика Британија. Кога беше запрашан дали размислува за посвојување, Астахов одговори: „Тоа е многу тешко, јас немам време да си ги видам сопствените деца“.


Никој не зема сирачиња од Франција, или од Норвешка или од Швајцарија. Ниту една европска земја не ги дава своите деца на посвојување во Америка.  

Кон крајот на 2012 година, во времето кога руската влада одлучи да забрани посвојување руски деца во САД, околу 1.000 американски семејства веќе ја беа започнале процедурата за посвојување. Новиот закон го доби името според Дима Јаковлев, дете што почина од топлотен удар во Вирџинија, откако неговиот потатко го оставил неколку часа заклучен во автомобил. Повеќе од 60.000 американски двојки имаат посвоено сирачиња од Русија; 19 од посвоените деца починаа, дел од нив од рацете на сопствените родители-посвојувачи. 

Еден од главните аргументи на авторите на законот за забрана за посвојување беше дека е невозможно да се набљудува или да се контролираат руските сирачиња откако ќе заминат во САД. Сопственичката на ранч во Монтана, Џојси Стеркел, за весникот „Комерсант“ изјави дека доколку сте го побарале тоа како што треба, таа ќе ве примела. Дали сте свесен дека таа е вознемирена зашто од нејзиниот ранч сте направиле „затвор за деца“? 

Астахов: Да бидам искрен, не сум го прочитал интервјуто, но можам да замислам што сѐ рекла за да ја одбрани својата репутација. Рускиот конзул ја посети на нејзиниот ранч во 2010 и видел 30 деца, меѓу кои 10 руски сирачиња, кои живеат таму. Колку што знам јас, родителите ѝ платиле на сопственичката на ранчот по 4.000 долари за секое дете. Таа има профитабилен бизнис – таа, исто така, добива и субвенции од државата за секое дете, што ѝ носи дополнителна месечна заработувачка од 120.000 американски долари. Поседуваме копии од документи од пред осум години за приемни семејства што не сакале да ги одгледуваат посвоените деца. Некои од децата се вратија во своите приемни семејства, некои отидоа во затвор за малолетници, а неколку завршија во психијатриски клиники. 

Дали сакате да кажете дека Русија треба да го забрани посвојувањето и во Европа?

Во земјава имаме околу 653.000 сирачиња; 522.00 живеат во семејства, околу 20 илјади сирачиња на возраст меѓу 16 и 17 години живеат во специјални домови, а 105.000 живеат во сиропатилишта.  

Астахов: Никој не зема сирачиња од Франција, или од Норвешка или од Швајцарија. Ниту една европска земја не ги дава своите деца на посвојување во Америка. Европејците не ја прифатија Романија во Европската Унија со драго срце заради нејзината практика на давање деца за посвојување во странство. Зошто Русија треба да биде донатор на сирачиња? Ние сме голема земја, самопочитувана и самодоволна. За време на кризата во деведесеттите години од минатиот век, ние дозволивме странски посвојувања. Но, време е да се стави крај на тоа. Јас лично сум против странските посвојувања. Законот Дима Јаковлев не ќе беше потпишан доколку јас не ѝ соопштев на владата дека имаме сѐ помалку и помалку сиропиталишта во земјава. 

Каква е сега состојбата со сирачињата во Русија? Колку ги има? Различни извори располагаат со различни бројки. Дали е точно дека руските семејства се чувствуваат неподготвени за посвојување на сериозно болни деца и сега, со оглед на новиот закон, многу хендикепирани деца се заробени во сиропатилиштата? 

Астахов: Во земјава имаме околу 653.000 сирачиња; 522.00 живеат во семејства, околу 20 илјади сирачиња на возраст меѓу 16 и 17 години живеат во специјални домови, а 105.000 живеат во сиропатилишта. Новинарите често користат погрешна статистика или наоѓаат некои примери за да нѐ критикуваат, искористувајќи некое дете и мавтаат со него, небаре е знаме. Можам да ви кажам 10 примери на семејства што посвоиле дете со Даунов синдром. Ние сме нападнати зашто не ги даваме на посвојување нашите деца со посебни потреби. Но, не е ли срамно да се даде болно дете? Можеме да си го решиме својот проблем дома, со помош на државните програми. Ние, исто така, имаме и државен фонд за финансирање лекување во странство, доколку тоа не може да се направи во Русија. 

Нова трагедија

 

За последната трагедија што се случи со дете посвоено од Русија се дозна на 18 февруари. Максим Кузмин-Шато беше убиен на крајот на јануари. Според верзиите од истрагата, детето било претепано од страна на мајка си. Згора на тоа, долго пред инцидентот таа постојано го полнела со психотропни препарати.

Максим починал пред да дојде брзата помош. Медицинската експертиза потврдила дека на телото на детето има многубројни повреди.

„Нас официјално никој не нѐ информираше за загинувањето на дете посвоено од Русија, иако американските власти се должни да го направат тоа. За трагедијата се дозна благодарение на некрологот, кој бил објавен во весник во државата Луизијана, а потоа информацијата дошла до амбасадата на Руската Федерација во САД, по што ние се приклучивме во истрагата“, изјавува соработник на генералниот конзулат на Руската Федерација во Хјустон.

Висок руски дипломат во Вашингтон во разговор за нашето издание потврди дека, иако во САД официјално се установени 19 случаи на загинување на посвоени деца од Русија, најверојатно тоа е само мал дел од приказната, зашто практично сите познати инциденти се случајно откриени благодарение на кратките соопштенија во локалниот печат. 

Истрага

На 19 февруари Истражниот комитет на РФ иницираше кривична постапка за убиство во САД на тригодишното посвоено момче од Русија Максим Кузмин.

Во блиска иднина истрагата има намера да поднесе барање за вонредно апсење на посвоителката на убиеното момче, а, исто така, и да иницираше меѓународна потерница. Освен тоа, Истражниот комитет на РФ ќе бара учество на руските истражни органи во истрагата за злосторството што се случило на територијата на САД. 

Реакции 

Убиениот Максим Кузмин-Шато живеел во приемно семејство заедно со својот двегодишен брат Кирил. Веднаш по веста за трагедијата во руските средства за масовно информирање десетина семејства од сите делови на Русија изразија подготвеност да го посвојат братот на загинатото момче, а малку подоцна биолошката мајка на браќата Кузми изрази подготвеност за враќање на родителските права врз помладиот брат на нејзиниот загинат син. Како што соопшти комесарот за правата на децата во Руската Федерација, Павел Астахов, жената престанала со асоцијалниот начин на живеење, нашла постојана работа и се обратила до омбудсманот со барање за враќање на родителските права.

Горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата, на 20 февруари го прифати обраќањето до Конгресот на САД во врска со најновиот случај на загинување на руско дете усвоено од страна на американско семејство. Во него сенаторите настојуваат да се спроведе сестрана истрага на сите злосторства во однос на децата од Русија.

Освен тоа, во Советот на Федерацијата е создадена работна група, која ќе спроведе парламентарна истрага за случаите на загинување на руски сирачиња посвоени од страна на американски државјани.

Исто така, во Русија можно е да се создаде меѓудржавен регистар на деца-сирачиња посвоени од страна на државјани на САД.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.