Женскиот космос

Кога станува збор за летот на Сара Брајтман, претставниците на Центарот за подготовка на космонаути забележаа дека таа ги минала медицинските проверки за лет во космосот со прекрасни резултати. Извор: Reuters.

Кога станува збор за летот на Сара Брајтман, претставниците на Центарот за подготовка на космонаути забележаа дека таа ги минала медицинските проверки за лет во космосот со прекрасни резултати. Извор: Reuters.

Рускиот центар за подготовка на космонаути во пресрет на Денот на жената 8 март, ни открива некои тајни за женските летови во космосот. Ќе полета ли Сара Брајтман во космосот? Кога на Марс ќе растат цвеќиња? Кога повторно ќе полетаат во космосот руските жени-космонаути и по што се разликуваат западните и руските приоди кон летовите на претставничките на поубавиот пол надвор од Земјината орбита?

„Програмата за подготовка за лет во космосот не прави никакви разлики помеѓу мажите и жените“ – изјави претставникот на Центарот за подготовка на космонаути Алексеј Темеров. Сепак, постојат определени разлики во самата подготовка. Тоа се однесува на женскиот физиолошки циклус. Истражувањата покажаа дека женскиот организам најдобро ги поднесува екстремните услови од 14 до 18 ден од месечниот циклус. Во согласност со тоа и се прави распоредот на тренинзите и проверките за жените-комонаути, објаснува Темеров. 

Во руските одреди на космонаути денес има две жени-космонаути. Едната од нив е Елена Серова, која ќе замине во космосот во втората половина на 2014 година, така што сега таа се подготвува за летот. Нејзината подготовка во ништо не се разликува од подготовката на мажите, подвлече специјалистот на Центарот за подготовка на космонаути. Ана Кикина е втората жена-космонаут од рускиот космонаутски одред која ја минува обуката и подготовката.


Програмата за подготовка за лет во космосот не прави никакви разлики помеѓу мажите и жените.

Алексеј Темеров

Центарот за подготовка на космонаути

Кога станува збор за летот на Сара Брајтман во космосот, претставниците на Центарот за подготовка на космонаути забележаа дека таа ги минала медицинските проверки за лет во космосот со прекрасни резултати и може да ја започне подготовката за летање во кој било момент. На тој начин тие ги демантираа гласовите што се појавија низ медиумите дека е можно на Брајтман да не ѝ дозволат да полета во космосот. 

Коментирајќи ги плановите на првиот космички турист Денис Тито да испрати на Марс една брачна двојка, руските специјалисти по космонаутика забележаа дека да се зборува за еден таков лет претставува избрзан чекор (меѓу другото и затоа што не е решен проблемот со надминување на космичката радијација), а патувањето на Марс ќе стане предизвик за двојка космонаути. 

„Претставете си дека секој ден гледате некој човек, дури и нека е саканиот, затворен со вас во една просторија година и пол. Набргу по почетокот на летот ќе ви снема теми за разговор, а потоа ќе почне да се создава и психолошки замор од тој човек. Што треба да прават откако ќе се вратат на Земјата – да се разведат?“ – вака ги коментира плановите на американскиот космички ентузијаст психологот на Центарот за подготовка на космонаути Вадим Гушчин. „Кога ќе го населиме Марс, кога ќе изградиме таму куќа, ќе донесеме вода, електрична енергија, кога ќе засадиме цвеќиња, тогаш ќе поканиме да дојдат таму семејства, па ако сакаат нека останат на планетата“.


Кога ќе го населиме Марс, кога ќе изградиме таму куќа, ќе донесеме вода, електрична енергија, кога ќе засадиме цвеќиња, тогаш ќе поканиме да дојдат таму семејства, па ако сакаат нека останат на планетата.

Вадим Гушчин

психологот на Центарот за подготовка на космонаути

Руските специјалисти по космонаутика исто така ја искажаа својата гледна точка во врска со разликата помеѓу западните и руските приоди кон летовите на жените-космонаути. Пред сè, според нив, големиот број Американки кои отпатувале во космосот, може да се објасни со политичкиот амбиент за поддршка на феминизмот кој постои на Запад. Исто така големата разлика во бројот на жени-космонаути која постои меѓу САД и Европа од една и Русија од друга страна, според специјалистите, може да се објасни и со разликите во космичките програми: „Шатлот“ можеше да „однесе“ на орбитата 6 космонаути, додека рускиот екипаж може да биде составен од најмногу три члена. Оттука е и долгата „редица“ од космонаути кои чекаат да полетаат.

 Елена Серова ќе замине во космосот во втората половина на 2014 година, сега таа се подготвува за летот. Извор: РИА Новости/Руслан Кривибок.

Зборувајќи за заемните односи помеѓу мажите и жените кои се во состав на вселенскиот екипаж, психологот на Центарот за подготовка на космонаути го даде примерот со мислењето на американската жена-космонаут Лусид Шенон. Според неа, во мисиите важно е да се избере клуч за секој член од екипажот. Смислата не е во тоа да се исполнат задачите исто како мажите, туку да се создаде комфорна психолошка клима во вселенскиот брод. А, за тоа жената може и да му попушти на мажот за тој да биде рицар и да ги извршува сложените задачи наместо неа, а со тоа им направи добро на мажите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња