Русија – Украина: приказна за изгубено време

Извор: AP.

Извор: AP.

Она што е запечатено во нашето сознание, ни пречи да сфатиме дека во сосема неразбирливиот 21 век, земјите кои имаат културно-историска блискост, треба да ги обединуваат своите сили.

Претседателите на Русија и на Украина по кој знае кој пат се сретнаа и разговараа за истото како и секогаш. Гасот, гасоводот, Царинската унија. Руско-украинските врски потсетуваат на приказна за изгубено време.

Од крајот на деведесеттите години од минатиот век, кога беше ратификуван таканаречениот „голем договор“, со кој се удрија темелите на меѓусебните односи, ништо принципиелно не се случи. 

Невозможно е човек да се ослободи од впечатокот дека ниту еден проблем не се решава до крај, и двете страни се надеваат дека ситуацијата ќе се измени и дека ќе биде можно да се направи корекција во своја полза. 

Еклатантен пример за тоа е приказната за системот за транспорт на гас на Украина. Прашањето за создавање на тристран конзорциум беше активно разгледуван во 2002 година, а тогаш се предвидуваше дека освен Украина и Русија во него ќе влезе и Европската Унија. 

Од разни причини ништо не излезе од сето тоа, и еве по 11 години дежаву. Сега не Москва, туку Киев пројавува интерес, но условите се многу помалку благопријатни. 

Системот за транспорт на гас не „се подмладува“, Русија гради обиколни гасоводи, Европа се соочува со криза, но во исто време прави реформа на пазарот на гас, за да ја намали зависноста од надворешните доставувачи. Тоа во голем степен е насочено против Русија, но посредно страда и Украина, зашто главниот геоекономски актив на Киев е гасоводот во Европа кој доаѓа од Русија.

Објективно Москва и Киев одамна требаше да престанат да водат борба во врска со енергетиката, туку требаше да ги обединат своите сили пред лицето на реалноста што се менува.

Затоа, доколку Русија не ги реализира сите свои обиколни планови, вредноста на правецот по кој што се движат руско-украинските односи ќе паѓа во очите на Европа. Објективно Москва и Киев одамна требаше да престанат да водат борба во врска со енергетиката, туку требаше да ги обединат своите сили пред лицето на реалноста што се менува. Но, на ова нешто му пречат политичките разногласија, поточно длабоко вкоренетите негативни стереотипи.

Во споредба со средината и втората половина на 2000-те вжештеноста, секако, се намали. Како причина за тоа, покрај другото, е и тоа што притисокот на Западот – Европската Унија и САД – очигледно се намали, тие се задлабочија во сопствените проблеми.

Во Русија постепено се намалува инерцијата од распадот на СССР, по кој долго се чинеше дека независноста на Украина е фатална загуба на нешто принципиелно важно. Емоционалниот однос се заменува со прагматичен пристап, уште повеќе што она што дразнеше – можното влегување на Украина во НАТО – фактички ја изгуби својата актуелност.

Царинската унија, и покрај големите стравувања, не е реинкарнација на Советскиот Сојуз, туку претставува обид рационална економска база да стане врска. И да им се предложи на соседите на Русија нешто корисно за двете страни.

Фактот што членството во Царинската унија му е од полза на Киев, не го одрекуваат дури и неговите украински критичари. Приговорите се чисто политички – опасност од влегување во сфера на руска доминација, отсуство на перспектива за модернизација, откажување од патот кон Европа.

Последново засилено се поддржува од страна на Брисел – чиновниците на ЕУ отворено велат дека статусот за асоцијација во Европската Унија е невозможен во случај на членство во Царинската унија.

Евроазиската економска комисија е колегијален орган, каде сите земји-членки имаат еднакво право на глас, без разлика на населението и големината на економијата.

Што се однесува до доминирањето, тука, ако погледнеме спокојно и здраво, ништо не е онака како што се чини. Евроазиската економска комисија е колегијален орган, каде сите земји-членки имаат еднакво право на глас, без разлика на населението и големината на економијата. Одлуките се донесуваат со консензус, така што партнерите на Русија се во привилегирана позиција.

Патем, иако Москва, секако, е заинтересирана за влегување на Украина – голем пазар, потенцијално моќна економија, - сепак постојат и сомнежи. Да влезе во групата член, кој секогаш и во сè ќе зазема посебна позиција, блокирајќи го развојот е сомнителна позитивна работа.

Состојбата на украинското општество и на неговата политика е таква што ниту еден претседател, дури ни најлојалниот на Русија, најверојатно нема да може да донесе одлука за еднозначен проруски вектор.

Најверојатно во Москва тоа го сфаќаат, според некои признаци Русија е подготвена да разгледува некакви средни варијанти – киевската идеја за статус 3+1 (нецелосно членство во Царинската унија) повеќе априори не се негира како пред неколку месеци.

Всушност, Русија за разлика од Европската Унија никогаш на Киев не му поставувала ултиматуми (само со нас!) и гледа на Царинската унија како на елемент од идното заедничко економско пространство на цела Евроазија од Лисабон до Владивосток или дури и до Бусан.

Она што е запечатено во нашето сознание, ни пречи да сфатиме дека во сосема неразбирливиот 21 век, земјите кои имаат културно-историска блискост, кои имаат заеднички интереси, треба со сета сила да се стремат кон надминување на разногласијата и кон обединување на своите сили. Дури и во таков случај успехот не е гарантиран, уште повеќе тој е малку веројатен, доколку едни на други си ставаме препки.

Авторот е главен уредник во списанието „Русија во глобалната политика“, претседател на Президиумот на Советот за надворешна и одбранбена политика. За прв пат статијата е објавена на руски јазик во списанието „Русија во глобалната политика“.

Текстот е претставува скратена верзија на статијата која можете да ја најдете на руски јазик на следниов линк.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.