Во една пригода Чавез го нарече претседателот на САД кловн, а неговиот претходник Буш ѓавол. Извор ИТАР-ТАСС.
На петти март од рак почина претседателот на Венецуела Уго Чавез, еден од најистакнатите и најконтроверзните светски лидери, кој на чело на државата беше од 1999 година.
Ова на националната телевизија го објави потпретседателот Николас Мадуро. Согласно Уставот, претседателските избори треба да се одржат во рок од триесет дена.
Чавез почина во 58 година од животот во воената болница на главниот град Каракас, каде кон средината на февруари беше донесен од Куба, по тамошната двомесечна терапија.
Својата болест тој ја обелодени во јули 2011 и во тој момент, според мислењето на неговиот лекар Салвадор Наварете, на Чавез му беа останале уште околу две години живот.
Чавез во октомври 2012 година по четврти пат победи на претседателските избори, но инаугурацијата не беше одржана заради неговата болест. Идејата за во Венецуела да изгради „социјализам на 21 век“ Уго Чавез нема сам да ја спроведе до крај.
Уго Чавез ќе влезе во историјата благодарение на амбициозните обиди да создаде моќна антиимперијалистичка коалиција во Латинска Америка. Тој им упати отворен предизвик на Соединетите Американски Држави, главниот трговски партнер на земјата, на тој начин што ги национализираше активите на Exxon Mobil, ConocoPhillips и Chevron, а меѓу другото национализираше и банки, рудници на злато, електрани итн. Во една пригода Чавез го нарече претседателот на САД кловн, а неговиот претходник Буш ѓавол.
Вршителот на должност претседател на Венецуела, 50-годишниот Николас Мадуро, кого Чавез го назначи за свој наследник пред заминувањето во Хавана, важи за поголем противник на Америка од самиот Чавез и најверојатно ќе ја продолжи неговата линија. Во случај тој да победи на предвремените претседателски избори, Москва во целост ќе може да смета на пријателски односи со Каракас.
Венецуела ѝ ја отвори на Русија вратата кон Латинска Америка со тоа што масовно купуваше руско оружје и им овозможи на руските компании да учествуваат во експлоатација на нафта и гас, како и во многу други проекти.
Владимир Сударев
заменик-директор на Институтот за Латинска Америка при Руската академија на науките
Мадуро е верен следбеник на Чавез. Од обичен возач на автобус во деведесеттите години од минатиот век и активист на синдикатот на работниците на метрото, тој стаса до министер за надворешни работи и до потпретседател на земјата.
Политичката кариера на Чавез, пак, започна со неуспешниот обид за воен пуч во 1992 година, кој беше предизвикан заради незадоволството од економската политика што во тоа време ја спроведуваше раководството на Венецуела. Кога по две години затвор излезе на слобода, потполковникот Чавез го основаше своето социјалдемократско „Движење за петта република“. Четири години подоцна за првпат победи на претседателските избори.
Во 2002 година Чавез успешно го преброди обидот за преврат, а во 2004 и референдумот за отповикување на претседателот, за во 2005 година да го заземе курсот за изградба на „социјализам на 21 век“.
Кон средината на минатата декада се зафати со формирање на антиимперијалистичкиот фронт, најавувајќи создавање на „оската на доброто“ со Куба и со Боливија, како негови најблиски сојузници.
Токму во тој период почна активното зближување на Каракас и Москва, главно во воено-техничката сфера. Овој процес беше забрзан во 2006, кога САД престанаа да ѝ испорачуваат оружје и неопходни резервни делови на Венецуела.
Николас Мадуро, кого Чавез го назначи за свој наследник пред заминувањето на лекување во Хавана, важи за поголем противник на Америка од самиот Чавез.
„Венецуела ѝ ја отвори на Русија вратата кон Латинска Америка со тоа што масовно купуваше руско оружје и им овозможи на руските компании да учествуваат во експлоатација на нафта и гас, како и во многу други проекти“, вели Владимир Сударев, заменик-директор на Институтот за Латинска Америка при Руската академија на науките.
Каракас од 2005 до 2007 година купи 24 авиони-ловци Су-30 МК2, над 50 хеликоптери Ми-17В, Ми-35М и Ми-26Т, 12 противавионски ракетни системи Тор-М1, како и 100 илјади автомати „Калашников“. Кон почетокот на 2012 година нарачките на Венецуела се проценети на 6-7 милијарди долари (не земајќи го предвид кредитот од 4 милијарди долари, што Каракас го доби за развој на воено-техничката соработка).
Кон средината на минатата декада се зафати со формирање на антиимперијалистичкиот фронт, најавувајќи создавање на „оската на доброто“ со Куба и со Боливија, како негови најблиски сојузници. Токму во тој период почна активното зближување на Каракас и Москва, главно во воено-техничката сфера.
„Што се однесува на воено-техничката сфера, плафонот е веќе постигнат“, смета Сударев. „Венецуела ги задоволи своите потреби за наоружување, а и Русија не треба да биде претерано заинтересирана за продажба на оружје, за да не биде обвинета за поттикнување на трка за вооружување во Латинска Америка“.
Енергетиката е уште една важна сфера за соработка со Русија. Државната нафтена компанија на Венецуела PDVSA и „Националниот нафтен конзорциум“ чии основачи се петте најголеми нафтени компании во Русија, во 2010 година потпишаа спогодба за изградба на блокот Хунин-6 на сливот на реката Ориноко, во појасот на најголемата концентрација на нафта и на битумен во светот. Експлоатацијата започна во септември минатата година.
„Роснефт“ планира за две години да започне со индустријализација на наоѓалиштето Карабобо-2 на истото подрачје. Обемот на експлоатацијата во секое наоѓалиште изнесува 450 илјади барели дневно. Компанијата „Интер РАО“ планира во Венецуела да изгради термоелектрана на нафтен кокс со моќност од 300 MW.
„Токму Чавез носеше вакви суштински важни одлуки, и токму тој создаваше поволна клима за руските енергетичари и индустријалци“, вели Владимир Сударев.
Предвремените претседателски избори треба да се одржат во рок од 30 дена од смртта на Чавез. Владимир Сударев смета дека во овој момент најверојатна е победата на Николас Мадуро.
Чавез ги национализираше активите на Exxon Mobil, ConocoPhillips и Chevron, а меѓу другото национализираше и банки, рудници на злато, електрани итн.
„Опозицијата во извесна смисла ја покажа својата моќ во октомври, кога Карпиел доби 45% од гласовите (тогаш Чавез доби 54,5%), но во овој момент таа е разединета, нема единствен кандидат, додека поддржувачите на Чавез во целосност го контролираат информативниот простор“, истакнува експертот.
На опозицијата ѝ оди во прилог влошувањето на економската состојба. Во 2012 година инфлацијата изнесуваше дури 21%. Владата на Венецуела на почетокот на февруари го девалвираше боливарот за 32%, од 4,3 на 6,3 во однос на американскиот долар.
„Ова пред сè ги загрозува сиромашните слоеви на населението, а токму тие се социјалната база на Чавез“, вели Сударев.
Ако на власт дојде опозицијата, политичката клима можеби нема да биде повеќе поволна за руските компании, зашто создавањето таква клима е во голема мерка заслуга на Чавез. „Но, тоа никако не значи дека ќе бидат раскинати сите договори и дека нашите компании ќе бидат исфрлени од Венецуела. И опозицијата го почитува меѓународното право“, вели Сударев. „Можеби некои договори ќе бидат замрзнати, но мислам дека Русија нема да замине од Венецуела, зашто ниту самата опозиција не е заинтересирана за тоа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче