„Наши“ со нови задачи?

Движењето „Наши“ е формирано во 2005 година и стана познато благодарение имено на масовните политички акции, на учествуваа и до 100 илјади луѓе. Извор: AFP/East News.

Движењето „Наши“ е формирано во 2005 година и стана познато благодарение имено на масовните политички акции, на учествуваа и до 100 илјади луѓе. Извор: AFP/East News.

Младинското движење „Наши“, кое стана познато благодарение на големите политички акции, меѓу кои и мирните протести пред британската амбасада во Москва, се расформираше. Врз основа на ова движење до крајот на годинава ќе биде создадена нова младинска организација под друго име и со други задачи, соопштуваат руските медиуми.

За планираната „реактивација“ на движењето соопштија за дневниот весник „Ведомости“двајца чиновници од Кремљ. Основна задача на новото движење ќе биде социјална адаптација на младите. Претходно весникот „Известија“ соопшти дека сега е исклучено учество на претставниците на оваа организација во политички акции, како што се митинзите. 

Движењето „Наши“ е формирано во 2005 година и стана познато благодарение имено на масовните политички акции, на учествуваа и до 100 илјади луѓе. 

Како што истакна Василиј Јакеменко, еден од основачите на движењето, „Наши“ ја гледаат Русија „како историски и географски центар на светот“, чија слобода е загрозена од „неприродниот сојуз на комунистите, фашистите и либералите, обединети со заедничка омраза кон нашиот претседател Владимир Путин“.

Сега е исклучено учество на претставниците на оваа организација во политички акции, како што се митинзите.

Една од најмасовните акции на ова движење беше митингот за поддршка на Владимир Путин, кој се одржа на Манежниот плоштад на 5 март 2012 година, еден ден по претседателските избори. 

Како што велат руските медиуми, движењето „Наши“, кое беше создадено со поддршка на кабинетот на претседателот, беше повикано исто така да се бори со заканата за „портокалова револуција“ во Русија. 

Многу нивни акции имаа скандалозен карактер. Во 2007 година тие застанаа со пароли пред амбасадата на Велика Британија во Москва, обвинувајќи го тогашниот амбасадор Ентони Брентон за финансирање на руската опозиција. 

На младинскиот форум, кој се одржа во 2010 година, активистите на движењето направија инсталација на која на колци беа наденати глави на некои руски опозиционери и западни политичари со капи со нацистичка симболика. 

Сепак, веќе во 2008 година движењето почна да се трансформира во некаков конгломерат на организации, кои помалку се занимаваат со глобалните проблеми, одошто со спротивставување на „портокаловата револуција“. 

Еден од таквите проекти беше „Гровтај против“. Облечени како свињи активистите на движењето периодично правеа „рации“ во супермаркетите, со цел да ги идентификуваат производите со истечен рок на траење. 

Друг проект, кој исто така беше многу популарен, беше „Стопхам“, во чии рамки активистите се бореа за запазување на правилата на движење од страна на возачите што возат лудо. 

Како што соопштува „Ведомости“, овие проекти ќе му бидат одземени на движењето, а врз нивна основа ќе се појават одделни некомерцијални организации.


Во 2012 година 20.000 „наши“ беа последните луѓе што беа подготвени за борба на плоштадите. Сè што сега се случува во политиката е само реприза.

Василиј Јакеменко

основач на движењето „Наши“

„Ви 2005 година „Наши“ изведоа 50.000 луѓе против портокаловата закана во Русија. На 6 декември 2011 година единствено тие излегоа на плоштадот Мајаковски за да ги заштитат резултатите од изборите. Во 2012 година 20.000 „наши“ беа последните луѓе што беа подготвени за борба на плоштадите. Сè што сега се случува во политиката е само реприза“, - ја цитира „Ведомости“ изјавата на основачот на движење Василиј Јакеменко. „За да се појави нешто ново на местото на „Наши“ треба да се смени политичкиот курс. Политичкиот курс кој победи. Не мислам дека тоа му е потребно некому“. 

„Движењето ‘Наши’ имаше две задачи – да ја заземе „улицата“ и да ги оттргне младите од опозицијата“ – вели политикологот Алексеј Макаркин во интервју за „Руска реч на македонски“. Ниту едното, ниту другото не успеа, смета политикологот. Властите како и претходно ќе се занимаваат со младинската политика, но сега сличните проекти ќе имаат полокален карактер, претпоставува Макаркин. 

Во текстот се користени публикации на „Известија“ и на „Ведомости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња